среда, 11 август 2010

Bienvinguts, Macedonis!

Додека се крчка официјалниот веб-сајт на (се' уште) неофицијалната Пења, домејнот кој го регистриравме како официјален за Фан Клубот на Барселона во Македонија го пренасoчуваме тука, на оваа адреса (сепак ќе е полесно да не добиете преку блауграна.мк, адреса на која подоцна ќе продолжиме со официјалниот веб сајт) бидејќи сезоната започнува, веќе за три дена во Севиља на натпреварот од Супер купот на Шпанија, па може да скршиме неколку реда муабет тука, да направиме едно сефте :)

Околу статусот Пења т.е. официјализирањето, фудбалски речено, поминавме на половината на „противникот“ и атакуваме кон создавање на гол шанса - односно, го чекаме првиот нареден состанок на Бордот кој треба формално да даде амин за легислативна легализација на Пењата во согласност со позитивните законски прописи во Македонија. Документите и за тоа се речиси подготвени, па спремни ќе го дочекаме моментот после кој ќе ни останат уште некои ситни формалности и стекнувањето со статус Официјален фан клуб на ФК Барселона во Македонија!

Не грижете се, има добра екипа која се грижи за се за што вие не морате :)

Засега нека биде толку, колку за почеток, за добредојде и здравоживо. Наредниот пост ќе е посветен на натпреварот со Севиља (веројатно, освен ако не „откачиме“ кон нешто друго, инспирирани моментално:) ). Се читаме!

Visca el Barca
Visca Catalunya
Visca Macedonia

4 коментари:

  1. Фино, фино . . . само напред, и MOLTA SORT !!! :-)

    ОдговориИзбриши
  2. Moltes gràcies, amic! Ајде, се мобилизираме, подготвуваме, има да направиме „пењиште“ бре! :)

    ОдговориИзбриши
  3. ova e vas super no koga kje bide pusten sajtot pozzz visca blaugrana visca macedonia :)

    ОдговориИзбриши