среда, 1 декември 2010

Неспортско однесување на Барселона

Автори, новинари, колумнисти од целиот свет, седнаа пред празен екран со неблагодарна задача – да напишат нешто квалитетно за играта на Барселона која цел свет ја остави без здив. Но, како да се направи тоа кога „најубавите стихови“ веќе ги напишаа Меси, Чави, Иниеста и друштвото (и, секако, Пабло Неруда) демолирајќи го Реал на ретко виден начин ? Петарди веќе сме виделе, но ваква презентација на раскошен талент на целиот тим во најголемиот клупски натпревар на светот  –  уште не...


Барселона уште еднаш го остави светот без здив, исто како што противничките играчи ги остава без здив трчањето по незапирливата топка на Барса 90 минути без прекин. Иако нас не навикна на високи победи, иако нас не навикна да на противникот му ја одземе топката додека трае повторената снимка од предходниот напад, иако нас не навикна на тотална доминација и посед на топка, иако нас не навикна на своите брилијантни акции и погодоци – повторно Барса нас успеа да не изненади.

Овој пат зачинот на Барселона беше Жозе Мурињо. Човек кој во Реал е доведен само со една задача – да се запре таа Барселона. Човек „со против-игра“, човек со рецепт. Но после таа ноќ, Special One стана Special Five, што е само една од бројните духовити замерки на сметка на изведбата на Реал на Камп Ноу.

ДАЈ ПЕТ, МАЈСТОРЕ
Сега кога го срушија и митот за Мурињо, Каталонците немаат дупка во оклопот. Денес веќе не може да постои личност која нема за оваа група играчи да признае дека е меѓу најдобрите фудбалски екипи на светот во историјата. Најдобра? Не сум доволно стар за да влегувам во такви проценки, но најдобра во модерниот фудбал, од 1990. до денес – ДА. По трофеи (сеуште) не, но по супериорност над противниците – да, затоа што никој, ни Барса на Кројф, ни Милан на Капело, ни Ајакс на Ван Гал, ни Манчестер на Фергусон, ни Франција на Зидан ни актуелната Шпанија – баш никој не отскокнувал толку од конкуренцијата како денешната Барселона.

Игра ли Барселона совршено ? Тоа е сепак субјективна категорија. Некој сака директен фудбал, некој сака динамични фудбал, некој едноставно сака интересни натпревари. Затоа што ако не уживате да гледате „Викторија“ пред голот на противникот – без разлика како се викал противникот или како играл – тогаш натпреварите на Барселона и не се за вас.
Но, што се однесува до техниката, што се однесува до поседот и контролата на топка, Барселона е беспрекорна. Перфектна. Подобра од било која екипа, било кога.

Реал не е просечен противник. Реал со Мурињо немаше изгубено натпревар, Реал запиша некои  многу уверливи победи, и изигра некои многу забележителни натпревари. Реал е, според до сега прикажаното оваа сезона, можеби и втора најдобра екипа во Европа, секако во Топ 5.

Земајќи го тоа во предвид, она што Барселона го правеше после 4:0 – кога веќе и немаше посебна воља да постигнува голови – се граничи со неверојатност. Имаше периоди од играта кога домаќините имаа повеќе додавања со пета или помеѓу нозе,  него што гостите имаа воопшто точни додавања. Имаше периоди од играта од неколку минути кога Мадридистите  не можеа да ја допрат топката. Го исмејуваше тогаш Барселона противникот до степен кој за Кралскиот клуб беше неприфатлив, па кога веќе немаше други методи за запирање на „јас тебе, ти мене“ игра на Барса – гостите се решија на (пре)остри стартови и валкани потези. А со тоа својот тежок пораз додатно го извалкаа.

„ИГРАЧ ЗА КОЈ СЕ ПЛАТЕНИ МНОГУ ПАРИ
И НЕ ПОСТИГНУВА ГОЛОВИ“.... ТУКУ ГОЛИШТА
Од тука и насловот кој, јасно, треба да се свати како иронија – затоа што, тоа што Барселона им го прави на противниците се граничи со „неспортско однесување“ – па не би смееле да бидат толку подобри од секој.

Само некој кој не го разбира фудбалот не останал импресиониран од играта на Барселона, затоа што тоа што Барселона го прави, никој друг неможе. Реал во првиот дел се обиде да го смали просторот за игра, но и во тие 30-тина метри Барселона си додаваше како да има два играчи вишок држејќи ја топката со минути. Тоа никој не го може.

ПОСТЕРОТ НА КАМПАЊАТА:
„СЕКОЈ ТРЕБА ДА ИМА ТРЕТО ДЕТЕ“
Барселона од континуирани напади, на поставената Мурињова одбрана, со повеќе од 20 додавања во низа, и' го постигна вториот гол. Тоа никој не го може, не на таков начин. Околу и наоколу, се додека не се создаде некој мини простор во кој Чави, Меси или Иниеста ќе додадат некоја фантастична топка за Виља, Педро или некој трет.

Најдобрите нешта изгледаат наједноставно. Тенисот на Федерер или кошарката на Џордан, се е како од прирачниците. Слично е и со фудбалот на Барселона, понекогаш се чини толку едноставен до степен за да се запрашате -  а зошто сите не играат вака ? Па сите се професионални фудбалери, сите знаат да додаваат од нога до нога, само секогаш мора некој да биде сам.

Но сепак, само една е Барселона. Таков фудбал е можен само ако секое додавање е совршено, ако секое примање на топката е совршено, ако прегледот на игра е совршен, ако движењето е совршено, ако реализацијата е совршена. Ништо не може да биде многу добро, се мора да биде СОВРШЕНО. Невозможно е, всушност, да се опише тоа што го прават во средината на теренот Чави и Иниеста, но и сите останати. И Пике и Пујол и Валдес.

WHO'S YOUR DADDY?
Tики-така, тики-така

Меси на овој натпревар потврди дека е најдобар играч на светот – Меси тоа го потврдува на секој натпревар. Ќе биде неправедно доколку не ја добие Златната Топка, затоа што во 2010. ниту еден играч не може да се најде во иста реченица со Меси, по впечатокот, учинокот, класата, но таа тема веќе ја имаме објавено. Аргентинецот е генијалец кој може да игра што сака – може да биде недостижен стрелец, може да биде незапирливо крило, може да биде врвен плејмејкер - затоа што може и знае се.

Но, на чест на Жосеп Гвардиола, помеѓу останатото, оди и тоа што на Меси му овозможи во Барселона да биде навистина СЕ. Сите негови таленти, квалитети доаѓаат до израз, ниту еден дел од генијалноста на Меси не страда, како што страдаше во дресот на Аргентина.

И без следното, иако тој би бил ист играч, неговиот учинок и неговиот впечаток не би биле исти без Чави и Иниеста, уште двајца генијалци кај кои  „бубамарата“ е посигурна отколку во швајцарска банка. Згора на тоа, кога некој од нив погрешно ќе ја додаде топката, на CNN веднаш има breaking news.

За да Реал на Мурињо би се растурил на составни делчиња и тоа на ваков начин, се мора да функционира совршено. И за тоа ми е жал што овој текст мора да заврши, исто како што ми беше жал што утакмицата мораше да заврши, затоа што во стројот на Барселона уште многу фактори заслужуваат пофалби. Што да се каже за стоперскиот пар кој совршено се вклопува во овој технички дотеран фудбал, а истовремено успева да стигне да ги затвори сите опасности пред својот гол, иако најчесто остануваат „1 на 1“ со противничките напаѓачи ? Што да се каже за пресингот на Барселона ? Што да се каже за Бускетс кој, иако тактички покрива двајца противници, не изгуби ниту една топка во првиот дел ? Што да се каже за 610 точни додавања, што да се каже за 114 од Чави ? Што да се каже за феноменалната атмосфера внатре во екипата ? Што да се каже за фактот дека многу од тие играчи пораснаа во школата на Барса ? Што да се каже за Шпанците во Барселона кои веќе три-четири години доминираат на клупско и репрезентативно ниво ?

TIKI-TAKA, WAKA WAKA!
Што потоа да се каже за тој сјаен Гвардиола ? Скромен дури и по вакви победи. Не, ни вашата баба не би можела да ја тренира оваа Барселона, никако. Гвардиола е најзаслужен што Барселона игра баш вака добро. Што игра така напаѓачки, што игра така храбро, што игра со таква страст после тоа што освоија се. Околу врската на Гвардиола и тимот доволно говори како цела екипа скокна во негова заштита кога пргавиот Кристиано Роналдо го турна. Да, Гвардиола дефинитивно заслужува своја колумна.

Мурињо, Роналдо и Реал ? Овој пат останаа во дебела сенка. Добри се и ќе се вратат, нема сомнеж, но Барселона повторно беше од некој друг свет за Реал. Без разлика на тоа; првенството е многу далеку од готово и Барселона со овој настап не освоила нова титула.

Но го освои светот.



Автор: Томислав Пачак Извор: hrsport.net
Подготви: Горјан Камчев

5 коментари:

  1. Браво за трудот Горјане :D

    ОдговориИзбриши
  2. Гвардиола во Барселона е од 2008, горе-долу наследи готов тим од Рајкард...Реал играше со 5 дебитанти, и плус 2 кои се втора година во Мадрид...значи ништо изненадувачко од Барселона. Поинтересно Класико ќе има за некои 2 до 3 години, ако го задржи Реал истиот тим, ако не, и натаму ќе гледаме слични натпревари и резултати :)

    ОдговориИзбриши
  3. Сториите за „готов тим“ се досадни. Ако тимот бил готов, пицнат, дотеран, спремен за газење... немало да дојде до промена на тренерот (Рајкард) и доаѓање на нов (Пеп). Аман :)

    ОдговориИзбриши
  4. Kako mozete da vikate deka nasledil gotov tim ? Koga od toj tim gi izbrka Eto go dovere Ibrahimovic pa go izbrka nego i go dovere Villa, go izbrka Ronaldinho go stavi Messi na negovoto mesto, go izbrka Henry za da go stavi Pedro na negovo mesto, go izbrka Ture za da go stavi Buskets na negovo mesto a i isto taka gi dovede Pike, Alves, Maxwell itn .. Znaci tie gotov tim se samo zborovi za toa deka Guardiola e najdobar momentalno , za toa sto go pravi so Barcelona , za toa deka ja napravi Barcelona ekipa na koja cel svet i zaviduva .. ;) VISCA EL BARCA !

    ОдговориИзбриши