недела, 31 октомври 2010

Со-Виља 5-0 Севиља [Блауграна машинеријата - маестрална!]

Недостигаше финиш? Момците се инспирираа. Тики така, старата Барса во најдобро светло. Се инспирираа против традиционално незгодниот противник. И ја смачкаа експедицијата од Севиља, среде Камп Ноу.

Против Севиља - со Виља: ова беше најчесто бираната опција во анкетата која стоеше на овој блог - и човекот не' послуша :) Постигна 2 гола, исто како и Меси. Свои 5 минути имаше и Алвеш, бирајќи да не ги прослави со трчкарање низ стадион или покажување кон ушите како некои фудбалски совршени ама карактерно недоделкани суштества во меренге комбинација.

Барса ја покажа моќта. Оние постарите ќе се сетат на едно хронично заболување кое не' фаќаше секој ноември на крајот на минатата и почетокот на оваа деценија. Синоќешната распаљотка беше добра увертира за еден плоден месец во кој би сакале за почеток да го обезбедиме пласманот во 1/8 финалето на ЛШ (уште во вторник против Копенхген), а за крај да ги поставиме работите во Примера на свое место ;)



Оваа банда со команда може се што ќе посака. И тоа ќе го покаже и докаже, на терен. Дотогаш, поклон пред најдобрата партија на Барса сезонава.

среда, 27 октомври 2010

Неко меџу нама није Алкоркон [Сеута 0-2 Барса]

Без еден куп првотимци кои останаа на Сиудад Еспортива да тренираат за саботниот покољ со Севиља, Барселона долета со хеликоптер во Сеута, шибна 2 гола и си замина за дома. Максвел, верувале или не го постигна првиот гол во дресот на Барса [официјален; има еден на пријателски меч] Педро го постигна првиот гол сезонава. Бојан за прв пат во својата кариера беше капитен - и пак - џабе, кога се во прашање головите... промаши и што не се промашуваше.

Реваншот е на 10. ноември на Камп Ноу.

п.с. Жефрен падна незгодно на рамото откако беше сопнат од маленкоста на Давид Кањас, тиквар кој доби жолт картон, поради што уште во 30. минута мораше да биде заменет со Нолито. 11-ката ќе одмара 4 недели...

Кога е гага, и Афелај е Цеск

Ибрахим Афелај од ПСВ Ајндховен е трансфер мета на Барса, пишува sport.es. После 8-годишна романса, клубот од Ајндховен и играчот со мароканско потекло ќе раскинат, па во моментов има многу сводници заинтересирани за договор со Афелај.

ХАХА, ПЕП, И ТИ ГО САКАШ ДРУГАР НИ?

Договорот на „Иби“ со ПСВ завршува на 30. јуни 2011,а играчот одби да не го продолжи: момент кој за добар дел од силните европски клубови значеше едно - можност за бесплатно доведување на млад, искусен играч, како на клубско, така и на интернационално ниво (30 меча за „Оранје“).


сабота, 23 октомври 2010

Messi no perdona [Зарагоса 0-2 Барса]

Во голгетерска реприза на мечот против Копенхаген, пар голови на Лео Меси беа сосема доволни за задржување на 100% ефект на гостувањата сезонава во Ла Лига и постигнување на најдобриот старт на гости (4/4) во историјата. Со победата остануваме најмалку во првата тројка и по оваа недела, бидејќи оној другиот тим си игра играчки со Расинг и ќе си остане на чело на табелата и по оваа недела.

Околу мечот: Виља беше повторно присутен, играјќи повеќе во шеснаесеттикот, помалку во офсајди, но пак здрви статива. Барем соработката со Лео му се подобрува - одлично му асистираше за првиот гол, на пример :)



вторник, 19 октомври 2010

Футболитис: Стрип на денот [19.10.2010]


Заврши примирјето меѓу Лапорта и Росељ, ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ВИСТИНСКИОТ СВЕТ

Лапорта: Подгответе се!!! Ова значи војна!!!


ИЗВОР: SPORT.ES

*Аl Loro! - Лапорта во еден свој говор, подоцна познат и како Laporta Al Loro зборува на генералното собрание на Барселона и упатува закани кон оние кои сакаа да му изгласат недоверба.

понеделник, 18 октомври 2010

Аll you need is Love

Без премногу зборови, сликата ќе ви каже се што треба. Океј, ајде, една реченица од нас: Андрес Иниеста очекува фамилијарна принова, Пујол е заљубен до уши во новата девојка. Кога е така, не може да нема голови. Рековме една, а биднаа две т.е. три сосема непотребни реченици... :)

LET LOVE RULE! 
ЗАМИСЛЕТЕ САМО КАКО ЌЕ ИГРА ЕЛ КАПИТАНО КОГА ЌЕ МУ ДОЈДЕ
РЕДОТ И НЕМУ ДА ПОКАЖУВА „КОН СТОМАКОТ“...
п.с. По истава логика, Виља и неговата сопруга последно време имаат несогласувања :) Дури сме кај него, eве што има да ви каже...

Футболитис: Стрип на денот [18.10.2010]



Росељ: „Ветив дека никогаш нема да кријам ништо од членовите... и иако ќе биде многу тешко кога ќе дојде зимата...

...го правам тоа. Краватата е само протоколарна“.

ИЗВОР: SPORT.ES

недела, 17 октомври 2010

Видеа на денот: Шампионот по детството се познава

Случајно налетавме на два видео клипа, на кои ќе видите едно младо момче - еднаш на 5, еднаш на 9 години - кое пред некоја недела ја прими наградата за Златна копачка на Европа и е актуелен светски фудбалер на годината.

Наравоучение: ако низ маало ви трчка некој ваков клинец, веднаш јавувајте. Ќе го пратиме на „снимање“ кај Чарли Решак :)

Футболитис: Стрип на денот [17.10.2010]


Оние кои изгубија 79 милиони, но освоија 3 поени 2-1 Оние кои ги изгубија нервите

Пујол: „Кој нема среќа со парите... има со љубовта“ *

Еден белгиски портал објави дека наводно капитенот по постигнувањето на голот го направи „срцето“ како знак дека голот и' го посветува на новата девојка, Малена Коста.
...ЈАС ПУЈОЛ, ТИ ЏЕЈН

ИЗВОР: SPORT.ES | FUTBOLITIS

Гимнастик 1-1 Барса Б

Во каталонското дерби, втората екипа на Барса ремизираше 1-1 на гости кај Гимнастик Тарагона. Голот за Барса го постигна се подобриот Нолито. Со ова реми Барселона Б со 16 поени се наоѓа на комфортна позиција во првата половина на табелата.

Камп Ноу, местото каде паднале многу „лидери“ [Барселона 2-1 Валенсија]

Потешко од очекувањата? Или, сепак игравме со лидерот? :)

Одлично поставена игра на Валенсија и изедначената игра во првото полувреме во која од двете стопроцентни шанси гостите реализираа една, и дијаметрално спротивно второ полувреме поминато во потполна доминација на Блауграна машинеријата која не почести со тики така, вака онака, како сака, и постигна еден молњевит изедначувачки гол [дон Андрес] за 15-тина минути подоцна Ел Капитано да му се поклони на не баш благодарен начин на голманот на Валенсија, Цезар, за неговите одлични одбрани - и двата гола по асистенција на оној што не е повреден кога целиот свет мисли дека е - доктор Чави.

2-1=3. Изедначени по бодови со Ел Че, полека ги будиме од романтичарскиот стартен залет во Примера. Но поважно од се, ја сефтосафме новата трева на Камп Ноу со победа и три бода. Наредната можност за истото е веќе во среда, против Копенхаген.

четврток, 14 октомври 2010

Барселона ги затвора портите!

Потпретседателот на Барса Жорди Кардонер ги објави плановите на клубот за промени во однос на можноста луѓето да се здобијат со полноправно членство во клубот (soci), наводно поради проблемите во однос на регулацијата на сезонските билети. Официјално: Барселона станува „фамилијарна институција“ затворена особено за фановите кои живеат надвор од Каталонија.

„Од 1. ноември само луѓето кои ќе ги задоволат следните услови ќе може да станат членови на клубот: да бидат роднини од прва или втора крвна линија на постоен член, да имаат помалку од 14 години или веќе да биле членови на Барса. Оваа мерка, која беше вклучена во изборната програма, е начин за да се заштити она што Барса го застапува“, изјави Кардонер, потпретседател на клубот кој е формиран од Швајцарец и во својата химна има текст како: tant se val d'on venim (без оглед на тоа од каде доаѓаме), а слоганот на изборната програма на гарнитурата на Росељ, од која е дел и тој, беше Tots som el Barca (Сите сме Барса).

КАМП НОУ ГИ ЗАТВОРА ВРАТИТЕ...

Против Валенсија без Чави, но со Виља

Полека се екипираме и се подготвуваме за саботното дерби против лидерот на табелата Валенсија. Па во очи на натпреварот, неколку блиц информации:

-Чави дефинитивно е надвор од составот. Докторите му забранија да игра и на овој натпревар со цел што подобро да заздрави и најавуваат негово враќање во тимот на виталниот натпревар од ЛШ против лидерот во групата Копенхаген, во среда на Камп Ноу од 20:45.

КОНЕЧНО, ПРВ!

Футболитис: Стрип на денот [14.10.2010]


Меси стана заштитно лице на Dolce & Gabanna

Лажниот Роналдо: „Неееееееееееееее!!!

ИЗВОР: SPORT.ES

ЕМД Стрип на денот [14.10.2010]


Најдобриот соујзник на Валенсија против Барса

„Фифа Вирусот“ *

*Термин со кој се означува заморот на фудбалерите меѓу две првенствени кола во кои патуваат во различни земји за кратко време поради репрезентативни обврски.

ИЗВОР: ELMUNDODEPORTIVO.ES

понеделник, 11 октомври 2010

Барса Б 3-1 Тенерифе

Б тимот на Барса, довчерашната Барселона Атлетик, на Мини Естади го совлада Тенерифе со 3-1 забележувајќи ја петтата победа во седмиот натпревар од овогодинешната сезона во втората шпанска лига. Одличниот старт на четата на Луис Енрике ги донесе на четвртата позиција на табелата, 3 бода зад лидерот Селта Виго.

Обрнете внимание на вториот гол на „младинците“ постигнат од Нолито, 9-ката на Барса Б и човекот кој доби шанса и со најдобрите фудбалери на клубот на натпреварот против Мајорка.



Целата табела можете да ја погледнете тука.

Љубов во офсајд: Фабрегас во Барса, еп. 258

Веројатно не е лошо еднаш месечно барем да продолжиме со следење на трансфер-сапуницата чија ескалација после краткото примирје се очекува од март до 31. август 2011. Ако не заврши тогаш, од март до август 2012. А, ако не бидне работата и до тогаш [и ако го преживееме армагедонот на Маите - многу важен предуслов], сосема сигурно дека ќе се занимаваме со Фабре и во 2013. И така натака, трендот веќе го знаете...

КАПРИ МИ Е, ДВОР МИ Е

Топ 10 голови - изборот на Давид Виља

Нашата 7-ка за која Кристијан Мата изјави дека е сигурен дека ќе биде „Пичичи“ на крајот на сезоната (најдобар стрелец во Примера) ги одбра своиет 10 најомилени голови за минатата декада. Има се, и голови на РМ, и голови на други екипи против Барса, но и неколку на нашиот тим, постигнат од Ривалдо (знаете за кој гол станува збор, нели?), Роналдињо и Меси (и овој го знаете однапред:) ).

Еве што одбра Виља:



Видеото е објавено на порталот на дечките од TotalBarca.com. Good work, fellas!

Фановите на Барса го построија светот на мотоциклистите [Лоренцо и Елијас, шампиони!]

Хорхе Лоренцо ја освои својата прва титула во Мото ГП шампионатот откако финишираше на подиумот во Малезија. Младиот возач е страствен фан на Барса, нешто што го покажал и докажал дури и со носењето на боите и симболите на Барселона на својата опрема.

CAMPION DEL MON! E, НЕ, ЌЕ СЕ ЗАЕБАВАМЕ!
Лоренцо заврши на третото место во Малезија, и тоа беше доволно за да ја обезбеди својата прва титула во Мото ГП категоријата, наследникот на најсилната категорија од минатото - 500 кубици - на три трки до крајот на сезоната.

недела, 10 октомври 2010

Со Пикенбауер на кафе муабет

Во интервју на англиски јазик за една шкотска телевизија, Пике зборува за многу работи кои сигурно ќе ви бидат интересни. Хајлајт: „Не се сеќавам на секоја секунда од прославата во Мадрид по освојувањето на СП“... Па нормално дека нема да се сеќава на се , леш направен беше:) Уживајте...


Футболитис: Стрип на денот [09.10.2010]



Гасол: Ова беше само пријателски натпревар, ние се' уште сме светски шампиони.

Наваро: Се обложуваш во „прстенот“ ако изиграме уште една?

*Европскиот шампион Регал Барса направи подвиг и го совлада шампионот на НБА лигата ЛА Лејкерс во ревијален натпервар во Палау Сант Жорди со 92-88.

ИЗВОР: СПОРТ.ЕС

Остваруваме: Баравте, газете!

Бидна. Променет е „тепихот“ на Камп Ноу на кој во последно време се жалеа сите. Капката ја прели повредата на Педро. Еве како камерите на Барса ТВ ја проследија промената во [како што велат] едно деноноќие :)


понеделник, 4 октомври 2010

Кога ќе почнеш, доврши... [Барселона 1-1 Мајорка]

Вечер на фрустрации на Камп Ноу. 3 натпревар на домашен терен, 2 постигнат гол, 4. освоен бод. Мораше повеќе, бидејќи повеќе од евидентно е дека можеше. Еве ги головите, малку поопсежна анализа ќе следи во нов пост.