понеделник, 20 декември 2010

Ибрахим Афелај се збогуваше со ПСВ

Најновата аквизиција на Барса, Ибрахим Афелај го одигра последниот натпревар за ПСВ Ајндховен, тимот во кој ја помина целата своја досегашна кариера, тимот за кој одигра 157 официјални натпревари, постигна 36 гола и асистираше неброено многу пати. 


Афелај, капитен на холандскиот прволигаш, од фановите на тимот доби поздрав...

недела, 19 декември 2010

Најубавиот божиќ во историјата на Барселона

Барселона на големо започна да се подготвува за Божиќните и Новогодишните празници. Доказ за тоа е се почестата употреба на „петардите“ како ефикасно пиротехничко средство, забележливо особено кон екипите кои го имаат ројалистичкиот благослов видлив во предзнакот „реал“ во нивните имиња: Мадрид, Сосиедад, Еспањол.
Новата година во Барселона ќе се слави насекаде: по улици, плоштади, кафичи, ресторани. Целиот град ќе го чека доаѓањето на Трите Кралеви - во Каталонија Дедо Мраз го има во излозите и на рекламите на кока кола, но тој не е главната ѕвезда на новогодишните прослави. Огнометите започнаа на 29. ноември, ноќта во која гордо кренатата отворена дланка на сите во чие срце е Барса го најави празничното расположение, времето на давање.

И ако некој помисли...

Хо, хо, хо... хо, хо! [Еспањол 1-5 Барселона]

После синоќешниот натпревар етикетиран како „најтешкото гостување во сезоната“ [eat that, Merengues], јасни се уште неколку работи:

1. Нема подобра трансфер политика од Ла Мазија--->Прв тим насоката. Продуктите на оваа философија постојано не' уверуваат во нејзината исправност. Поклонување пред Педро!!

среда, 15 декември 2010

Бланко чек за Гвардиола

Главната цел за Сандро Росељ е да го обнови договорот со Пеп Гвардиола, кој истекува во јуни 2011. Преговорите меѓу клубот и тренерот се константни во минатите неколку месеци, јавува Ona FM.

Претседателот на клубот сериозно е ангажиран да обезбеди подолг престој на Гвардиола во тимот, нешто за што зборуваше уште во изборната кампања: „Го сакам во Барса за време на целиот мој мандат“.

Пујол: „Не очекува најтешкиот натпревар сезонава“

Капитенот на Барса Карлес Пујол се согласи со Пеп Гвардиола дека саботното дерби на Корнеља Ел Прат ќе биде најтешкиот натпревар во сезоната за тимот.

„Двете екипи се во одлична форма, секоја со своите квалитети. Ќе биде тежок натпревар за двата тима и мислам дека шансите за победа се 50-50%“.

После победата над Реал Сосиедад во неделата, Гвардиола изјави дека натпреварот против тимот на Покетино “е најтешкиот натпревар на гостувањата кој ќе го имаме сезонава. Но се надеваме на добра игра и освојување на трите поени“.

понеделник, 13 декември 2010

„Реал“ значи 5 [Барса 5-0 Реал Сосиедад]

938 додавања, 5 гола. Кралси третман и за овие противници. Уште малку статистика: последните 606 минути тимот ги доби со резултат 28:0. Доволно е со статистика, време е за поезија. А за тоа го имаме Реј Хадсон, ко-коментаторот на синоќешните 5 гола на Камп Ноу.

п.с. Тимот изгледа подобар од сезоната на 6 купа, подобар од 99. поени од минатата година... и тоа е едноставно незамисливо. Само да не дојде до пад на формата... и ова може да биде уште една сезона за историја.

петок, 10 декември 2010

За прв пат во историјата: Барселона добива спонзор на дресовите - Qatar Foundation

На прагот сме на еден голем преседан: во текот на денот раководството на Барса ќе објави дека склучило договор со Qatar фондацијата, непрофитна организација која се бави со инвестирање во едукацијата и научните истражувања, за спонзорство на дресот на фудбалската екипа во вредност од 30 милиони долари по сезона. UNICEF останува на дресовите, исто така...
„ДАЈ ДА ГО ПОДРЖАМ И ЈАС“

четврток, 9 декември 2010

Бетис 2-2 Барса Б

Она што остана од втората екипа на Барселона [бидејќи добар дел од првотимците на Барса Б го победија Рубин Казан во Лигата на Шампиони] се појави во Бетил на мегдан со водечката екипа во Втората шпанска лига. После „очекуваното“ водство на домаќинот од 2-0, со головите на Нолито и Ромеу втората екипа на Барселона успеа да израмни на 2-2 и да остане на четвртата позиција на табелата. Момците на Луис Енрике имаа и шанса за конечна победа и потполн пресврт, но победата против лидерот во Секунда ја пропушти стрелецот на првиот гол за Барса Б, Нолито. Одличен резултат на младите момци!

среда, 8 декември 2010

Земја со ваква младина... [Ла Мазија 2-0 Рубин Казан]

Генерално задоволство oд играта на клинците кои иако почнаа „ослабени“ со присуството на Жефрен и Бојан во тимот, набргу работите се средија: Жефрен, играчот направен од шеќер, успеа сам да се повреди, а за Бојан се погрижија други. На нивно место во тимот влетаа Марк Бартра и Виктор Васкез. Убаво беше да се видат толку младинци, оркестрирани од одличниот Тиаго кој покажува дека е повеќе Иниеста отколку Чави (me gusta!), како се справуваат солидно со тимот кој на хартија барем во првото полувреме требаше да брка резултат.

Но, веројатно на полувреме Казанци дознаа дека Копенхаген е вториот патник во осмина-финалето, и продолжија да играат во ист стил (!) :) Падна митот за Рубин Казан во натпревар кој немаше резултатско значење за нас па игравме со втор тим, а додуша немаше ниту за нив бидеќи очигледно се беа предале уште пред првиот судиски свиреж и единствено мислеа како да не примат гол.

Ама, Фонтас беше расположен. И кога Фонтас е расположен, газиме! :)



п.с. Ждрепката за 1/8 финалето во ЛШ е наредниот петок.

вторник, 7 декември 2010

Барса - Рубин: Дали знаевте дека...?

Барселона се среќава со Рубин Казан на Камп Ноу во последниот натпревар од Д групата вечерва од 20:45. Да, тоа го знаевте, но дали знаевте и дека...?

-Барселона влегува во мечот со обезбедено место во осмина финалето како победник на групата, но Рубин мора вечерва да биде подобар од Копенхаген за да помине во наредната рунда, бидејќи Данците ги водат за еден поен.

-Рубин Казан и Челзи се единствените тимови кои се сретнале со Барса на Гвардиола и останале непоразени.

понеделник, 6 декември 2010

И да врне, и да вее, и бура да коси... [Осасуна 0:3 Барселона]

Убиственото темпо, убиствената игра, неверојатната прецизност, целиот талент на оваа генерација фудбалери на Барселона продолжува да се демонстрира ширум терените во Шпанија. Нема запирање за оваа „казнена експедиција“! Не можеа ни возови, ни автобуси, ни патувачки перипетии, ни снегови, ни гостински терен, едноставно НИШТО во овој момент не може да ја запре оваа Барселона. И одново победа на гости за сто отстотен учинок [7 од 7], одново победа без примен гол [кога не можеше Реал...], одново Меси, но и одново Педро [продолжува дечкото „Кој беше ти?“ да стрела во 7 последователни натпревари].

среда, 1 декември 2010

Преглед на „Copa Catalunya“

Два дена после големата победа Барселона мораше да ја испочитува должноста спрема „Copa Catalunya“. Учесници беа Барселона, Еспањол и Хоспиталет. Овие три екипи одиграа три натпревари – секој со секого по 45 минути. Купот го освои Еспањол со две победи.

Неспортско однесување на Барселона

Автори, новинари, колумнисти од целиот свет, седнаа пред празен екран со неблагодарна задача – да напишат нешто квалитетно за играта на Барселона која цел свет ја остави без здив. Но, како да се направи тоа кога „најубавите стихови“ веќе ги напишаа Меси, Чави, Иниеста и друштвото (и, секако, Пабло Неруда) демолирајќи го Реал на ретко виден начин ? Петарди веќе сме виделе, но ваква презентација на раскошен талент на целиот тим во најголемиот клупски натпревар на светот  –  уште не...


Барселона уште еднаш го остави светот без здив, исто како што противничките играчи ги остава без здив трчањето по незапирливата топка на Барса 90 минути без прекин. Иако нас не навикна на високи победи, иако нас не навикна да на противникот му ја одземе топката додека трае повторената снимка од предходниот напад, иако нас не навикна на тотална доминација и посед на топка, иако нас не навикна на своите брилијантни акции и погодоци – повторно Барса нас успеа да не изненади.

Футболитис: Стрип на денот [01.12.2010]


Новата официјална фотографија на „11-мината на среќата“ после натпреварот на Камп Ноу

Црвената стрелка: Ова е Му

ИЗВОР: SPORT.ES

Учиме шпански: Sal del Banquillo

Во денешната лекција ќе го научиме терминот „Sal del Banquillo“ или во превод: „Излези од клупата [за резерви]" кој се користи во ситуации кога:

1. Сакате да подучите некого | да го видите радосен | да трчкара по терен како што трчкарал неколку месеци порано, да ги пушти нозете, да ги крене рацете и да го има триумфалниот став

2. Се грижите за некој, дали е добар, бидејќи се однесува како глувци во рудник пред да насетат земјотрес, со тоа што земјотресот веќе е случен, а глувците затекнати

Еве еден пример од некој стадион во Европа, каде јасно може да се чуе овој пријателски поздрав, повик, показ на грижа:

Грандиозната победа од друг агол [Барселона 5:0 Реал Мадрид]

29 Ноември, 2010 година. Прекрасна роденденска забава на „Камп Ноу“. Петарда! Голема победа! Вечниот ривал комплетно уништен, понижен, растурен. Милионите навивачи на Барселона низ целиот свет се израдуваа на победата. Тиражните печатени медиуми ги пласираа своите бомбастични наслови. Насекаде фалење за гламурозната претстава на „Лос Кулес“. Нема човек на планетата што остана рамнодушен на претставата на момците на Пеп...

Петарда! Најфраер во радувањето!