четврток, 30 септември 2010

Дел Боске го изостави Чави од списокот

Чави Хернандез не е повикан во тимот кој Висенте дел Боске ќе го предводи на наредните два квалификациски натпревари за ЕУРО 2012 против Литванија во Саламанка на 8. октомври и четири дена подоцна, во Глазгов против Шкотска.


Останатите 7 играчи на Барса кои го освоија Светското првенство летово се повикани во тимот: Валдез, Пике, Пујол, Бускетс, Иниеста, Педро и Виља ќе се борат за стартно место во првата единаесетка на Ла Фуриа Роха.

Футболитис: Стрип на денот [30.09.2010]



Оние кои започнаа фудбалски штрајк* 1-1 Не' „казанираа“ уште еднаш

Иниеста: Беше максимално-пеналџиски натпревар**... и ова не го викам поради досудените пенали, туку поради играњето против толку многу „анти-фудбалски“ настроени играчи

Збогум легендо: Едуард Манчон [1930-2010]

Едуард Манчон, ѕвезда на „тимот со петте титули“, почина на 80-годишна возраст после подолго боледување.

Легендарниот напаѓач во сезоната 1951/52 заедно со познатите имиња како Ладислао Кубала, Емилио Алдесоа, Хуан Веласко, Жоан Сегара и Антони Рамаљетс ја предводеше блауграна во освојувањето на титулата во Ла Лига, Купот на Генралисимусот [Купот на Франко животното; денешен Копа дел Реј], Латина Купот [предвесник на денешната Лига на Шампиони], Купот Мартини Роси и Купот Ева Дуарте [на некој начин, тогашен Супер Куп].

Доаѓаме со хеликоптер, за да заминеме на коњ

Клубот ги испитува сите можни варијанти за транспорт на екипата до Сеута, за првиот натпревар од двомечот во Кралскиот куп кој ќе се одигра на 27. октомври во Сеута.

ГВАРДИОЛА СО ОФАНЗИВНА ФОРМАЦИЈА ОД СТАРТОТ

И бидејќи од ова градче Господ на времето изведувал корнер, има мааал проблем како да стигнете до него, а да не ви помине половина недела во патување или да не закачите морска болест. Океј, како и обично претеруваме... Планот е ваков:

Наредниот пат ќе видите убаво... [Рубин Казан 1-1 Барселона]

Рубин Казан продолжува да биде „незавршената работа“ на Пеп Гвардиола и неговата Барселона. Синоќа во Татарстан натпреварот заврши со „мирољубиви“ 1-1, два досудени и реализирани пенали, 832710 додавања на Барселона и многу нереализирани шанси. Сепак, од мечот може да се извлечат неколку поенти кои ќе водат кон едно генерално задоволително ниво на справување со очекуваната и одлично реализирана тактика на „тврди“ противници како Рубин Казан.

КОЈ ТИ Е ВИНОВЕН ШТО ГИ СЕЧЕШЕ НОКТИТЕ, ГОЛМАН... 
Барселона создаде доволно шанси за гол, и со реализација на 30% од нив победата ќе беше глатко извојувана. Рубин од друга страна ја имаше топката во свои нозе 35 секунди, и сепак успеа да избори пенал, да го реализира и да упати еден удар по брза контра кој Мартинс го закова во стативата на голот на ВВ.

среда, 29 септември 2010

Рубин-Барса: Дали паметниот учи од грешките?

Додека каталонските медиуми повикуваат на реванш и одмазда за минатогодишните дуели, а Русите се влажнат на можноста за запишување на уште еден историски резултат. Барселона со и без Меси покажа карактер сезонава, победувајќи на тешки гостувања, додека Рубин Казан после 20-тина одиграни натпревари во рускиот шампионат има совршено темирана форма за да ја одигра неговата игра против Барса, за која настапот на Меси е се' уште енигма.

ЛОШ, ЛОШ РУСИН

вторник, 28 септември 2010

„Деветката“ на Пеп

Пеп Гвардиола има причина за задоволство. Во досегашнтие 8 официјални натпревари тимот постигна 21 гол, и тоа голови распоредени зад имињата на дури деветмина играчи. Меси со 7 гола е водечки стрелец.

На официјалниот сајт на клубот стои задоволството од податокот дека Барса може да смета на играчите од сите свои линии како на потенцијални голеадори. И оние од средината, и оние од одбраната досега се запишуваа во листата на стрелци.

Виланова не би брзал со Меси

Тито Виланова го познава лео Меси многу добро, и знае дека напаѓачот би играл доколку би можел. Но асистентот на Гвардиола предупредува дека треба да се биде внимателен, бидејќи ако работите се избрзаат, постои ризик од поопасна повреда.

Меси е дел од 19-мината кои допатуваа во Казан вчера [понеделник] иако во Русија пристигна без зелено светло од докторите. Виланова ја искоментира ситуацијата од градот во Татарстан, велејќи: „Лео секогаш сака да игра и неговото заздравување е поочигледно секој ден“.

Футболитис: Стрип на денот [28.09.2010]



Споредба помеѓу Мурињо и Пелегрини после првите 5 кола

Моу: 6 постигнати гола
Пелегрини: 16 постигнати гола
Моу: 1 примен гол
Пелегрини: 2 примени гола
Моу: 11 поени
Пелегрини: 15 поени

Пелегрини: Како што некој рече: Нема потреба да се каже ништо повеќе*.


*Бернд Шустер еднаш после еден пораз на Реал барајќи изговор за поразот праша еден репортер од каде е судијата на мечот. Кога слушна дека судијата бил Каталонец, Шустер изјави: „Епа...нема потреба да се каже ништо повеќе“.

ИЗВОР: SPORT.ES

понеделник, 27 септември 2010

Кројф: Колективната награда на Меси

Во својата неделна колумна за Ел Периодико која излегува во печат и он-лајн секој понеделник, Јохан Кројф пишува за изборот на Златна топка и Златна копачка на Европа и [избрзаното] враќањето на Меси во составот на Барселона на мечот против Рубин Казан.

Според Кројф, кога е во прашање Златната топка, наградата за најдобриот играч на годината, има простор за дискусија за тоа кој ќе ја освои оваа година, поради начинот на бирање: гласаат новинари, селектори на репрезентации и капитените на истите и тие се водат според освоените титули [не секогаш] и според други карактеристики и постигнувања на играчите во конкуренција, па затоа често Златната топка не е избрана со „едногласна одлука“.

Футболитис: Стрип на денот [27.09.2010]

Ви ја презентираме философијата која ја „голтаат“ денешните мадридисти:

МОУ 0,0


Нула голови, нула манири


*Се алудира на познатато шпанско пиво Mahou [се чита „Мау“], кое е дел од групацијата на Сан Мигел пивата. Иако нема Мау пиво без алкохол, има токму такво Сан Мигел кое и во логото ги има двете нули. Сепак, Мау е одбрано поради сличноста во изговарањето со презимето на Специјалниот.

ИЗВОР: SPORT.ES

Лео доби „руска виза“

Добри, одлични вести за Лео Меси и Барселона: Аргентинецот утрово тренираше со првиот тим и по се изгледа во среда ќе биде во комбинација за настап против Рубин Казан во натпреварот од второто коло во Лигата на Шампиони.

После стравичниот изглед на неговиот десен скочен зглоб предизвикан од стартот на Улафлуши, сите стравуваа за најлошото: долга пауза за Меси. Меѓутоа, докторите после прегледот на 20. септември му предвидоа пауза од 10-15 дена. Лео во манир на вистински супермен влезе во тренажен процес после само 8 дена и е подготвен да му се стави на располагање на Пеп за мечот во среда.

Барса Б 1-0 Нумансија: Како првите, така и вторите

Барселона Б додаде нови 3 поени на својот биланс во Лига Аделанте. Во петтиот меч на Барса Б четвртата жртва беше Нумансија која на Мини Естади падна со 1-0, гол во продукција на Нолито.

Скорот на вториот тим е идентичен како и на поквалитетните колеги кои се натпреваруваат во Примера: 5 одиграни, 4 победи и 1 пораз.

недела, 26 септември 2010

Логика за лудаци: „Нема скршеница - не е за црвен“

Мегафоните на клубот кој не ја знае суштината на рекламата за Мастеркард на тема „Што е бесценето, а што може да се купи со пари?“ веќе започнаа да трубат дека исклучувањето на Аморебиета на мечот меѓу Атлетик и Барса било престрого, дека текот на мечот би бил потполно поинаков доколку се играше 11 на 11, дека ако судијата не покажеше црвен можеби по теоријата на хаосот на 21.12 2012. нема да дојде до крај на светот... Упс, можеби не смеевме да го откриеме ова последното.

Нејсе, следејќи го примерот на зен мастерот Пеп Гвардиола, не би се оптоварувале премногу со истите новинари кои некогаш препорачуваа „запирање на Лео Меси на СЕКОЈ дозволен и недозволен начин“. Сепак, неколку работи мора да се споменат...

Футболитис: Стрип на денот [26.09.2010]


Атлетик 1-3 Пеејќи голови на дождот*

Пеп: Иако се истури од врнење, изигравме одлична партија ... и ова е тимот кој прави да „врне колонска“**

Супер Купот за супер Барса

Регал Барса уште еднаш покажа зошто е најдобрата екипа во Европа, освојувајќи го Шпанскиот Супер Куп. Хуан Карлос Наваро е избран за МВП на натпреварувањето.

Ова е само трет ваков трофеј за Регал ФК Барселона што само покажува дека тимот е во еден од најуспешните и најзначајните периоди во својата историја. Финалето се одигра во Виториа против Пауар Електроникс Валенсија, екипа која пружа достоен отпор, сепак недоволен за позначаен резултат против Каталонците кои ја покорија Европа.

Барса ги построи лавовите [Aтл. Билбао 1-3 Барса]

Неочекувано лесно и доминантно Барселона триумфално го напушти храмот Сан Мамес. Битката за одбрана на титулата продолжува наредната недела на Камп Ноу против Мајорка без Виља, но веројатно со Меси. Win some, lose some.

Блауграна експедицијата засега добро се снаоѓа со помалку незгодниот распоред на Ла Лига кој предвиде во само 7 дена Барса да гостува на 2 од четирите „најтешки“  стадиони за неа [Калдерон и Сан Мамес + Бернабеу и Санчез Пизхуан]. И во второто гостување против традиционално незгодните и крајно мотивирани екипи Барса реализираше победа, но исто како и во Мадрид, натпреварот го заврши со знаење дека на наредниот меч нема да може да смета на еден од „пиштолџиите“ - во случајов Давид Виља и за среќа [во несреќа] не поради повреда туку поради црвен картон.

Атл. Билбао 1-3 Барселона [видео]

Падна и Сан Мамес! Целиот стартен среден ред постигна по еден гол за заслужена победа над Атлетик Билбао. Анализата на натпреварот следи, еве ги головите:

сабота, 25 септември 2010

Via Total Barca: Кауза која бара одбрана

Со задоволство ве информираме дека започнавме и официјално една за сега симболична соработка со нашите пријателчиња од TotalBarca.com, еден одличен блог на англиски јазик посветен на ФК Барселона. Договорот е во прво време едноставно да ве линкуваме до одредени статии по наш избор кои сметаме дека се интересни за читање. Подоцна ќе започнеме и со авторизиран превод на статиите на македонски јазик.

Па за денес конкретно се одлучивме за првиот дел од серијалот A New Barca, посветен на „новиот лик“ на тимот, а во овој серијал линија по линија, дел по дел од тимот ќе биде предмет на анализа. Во конкретниов случај, станува збор за одбраната на Барса, во еден добар текст напишан од Spencer.

Еве еден мал дел од текстот:

петок, 24 септември 2010

Примера загревање: 5-то коло

Само пред една недела, многу неутрални љубители на фудбалот ентузијастички беа расположени поради текот на оваа сезона во Примера.

Реал Мадрид започна со реми во Мајорка, Барселона загуби дома од Херкулес, а Валенсија ги реши позитивно сите први три испити сезонава. Ова е нешто што веројатно сите неутрални љубители на фудбалот сакаа да видат: едно отворено натпреварување во кое повеќе од само два тима ќе имаат што да кажат.

Седум дена и две последователни победи на Реал и Барса подоцна, работите изгледа дека пополека се враќаат на свое место. Сепак, оставете простор за уште некое изненадување кое ќе и даде дополнителен импулс на оваа сезона, изненадување кое ќе се случи можеби во ова коло.

четврток, 23 септември 2010

Футболитис: Стрип на денот [23.09.2010]



Оние кои не се „зависни од Клос-Гомез“ 1-0 Спортинг

Гвардиола: „Денес победивме на досаден начин, како што победува Мадрид, но не ни треба Клос-Гомез** да ни помогне да победиме.

А сега, ќе ме извинете но...

Росељ: Никогаш нема да го водиме клубот како Волт Дизни

Претседателот на ФК Барселона, Сандро Росељ, учествуваше на конференцијата за фудбал, брендови и бизнис која во вторникот ја организираше компанијата Havas Sports & Entertainment во Каса Америка во Мадрид.

Во неговиот говор, проследен со огромен интерес на присутните, тој зборуваше прво за проектот преку кој треба интернационалните права за Шпанската лига да се продаваат во пакет: „Ние мора да го зголемиме финансискиот колач така што и другите тимови ќе може да остваруваат профит од ТВ правата. Никој не сака Примера да заврши како Шкотската лига“.

Барселона 1-0 Спортинг Хихон

Камп Ноу ги задржа трите бода во својот сеф, откако клучот го заврти единствениот човек кој немаше особен мотив да ги торпедира противниците, а беше единствениот кој даде гол :) Давид Виља за 1-0 и минимална победа над Хихон во една ексериментална формација и игра без Меси, која ќе биде подетално анализирана и тука, на овој блог, во наредните денови.


среда, 22 септември 2010

Сеута, првиот противник во Копа дел Реј

Во 16-финалето на шпанскиот куп Барселона ќе се сретне со АД Сеута, клуб кој игра во втората шпанска Б лига[трет ранг на натпреварување]. Првиот натпревар се игра на гостински терен на 27. октомври, додека реваншот на Камп Ноу е на 10. ноември, беше објавено на официјалниот веб сајт на клубот.

Ова нема да биде прва средба на двата клуба. Пред 10 години Барса налета на Сеута во третата рунда, кога се играше по еден натпревар, обично на гостински терен на послабата екипа. Со головите на Патрик Клајверт и Алфонсо Перез Каталонците триумфираа 0-3.

Футболитис: Стрип на денот [22.09.2010]


Иниеста ќе стане татко!

Флорентино: Се прашувам која ќе биде цената на откупната клаузула од договорот на фетусот на синот на Дон Андрес...


*ОРИГИНАЛНО ОБЈАВЕНО НА SPORT.ES

Барса-Спортинг Хихон: Победа за Лео!

Во четвртиот натпревар од Примера сезонава на Камп Ноу пристигнува Спортинг од Хихон, екипа против која Гвардиола се очекува повторно да постави еден од своите експерименти, земаjќи ги во предвид околностите [натпревар среде недела, дерби на Сан Мамес во сабота, гостување во Русија за 7 дена].

Сепак, сите се надеваат дека тимот вечерва ќе биде поизбалансиран и поефективен во споредба со првиот „експериментален меч“ на Камп Ноу сезонава кога Херкулес не' изненади непријатно и замина од Барселона со полн плен.

вторник, 21 септември 2010

Примера загревање: 4-то коло

Третото коло во Ла Лига заврши со ремито од 2-2 меѓу Депортиво и Хетафе во понеделничкиот натпревар. „Вонредниот“ четврт круг започнува вечерва со три натпревари од кои можеби најинтересен е оној на Бернабеу во кој ќе се сретнат домашниот Реал и Еспањол.

Тимот на Покетино патува во Мадрид после добриот старт на сезоната, но без напаѓачите Освалдо и Иван Алонсо, како и играчите од средината Xави Маркез, Датоло и Иван де ла Пења [сите во аут поради повреда] па тренерот мораше да повика двајца играчи од младинскиот погон за натпреварот.

Соработката меѓу Барселона и УНИЦЕФ продолжува!

Една година пред истекувањето на 5-годишниот договот меѓу ФК Барселона и УНИЦЕФ, потпишан на 7. септември 2006, новото раководство предводено од Сандро Росељ веќе се сретна со челниците на интернационалната агенција на ООН за деца со цел да се воспостави продолжување на соработката на уште подолго време, да се зацврстат темелите на истата и да се продлабочат заедничките проекти на клубот и УНИЦЕФ.

Како што Росељ најави во предизборната кампања, во која се фокусираше на „прекрасното лого на УНИЦЕФ кое се наоѓа на дресот на Барса и му дава универзална димензија на клубот“, една од целите на неговиот мандат е да се консолидира договорот и да се овозможи подобра застапеност и ефективност на релацијата.

Барселона без Меси: Двете солуции на Гвардиола

Барселона ќе игра без Меси два натпревари [Спортинг Хихон и Атлетик Билбао], но Пеп Гвардиола ќе има тешка задача да ја закрпи „дупката“ која ја отвори ступидноста на Улафлуши, без тимот да изгуби на креација и ефективност. Кој ќе го завземе местото на Лео?

Гвардиола има опции, но изборот не е лесен бидејќи во ваква ситуација Барса не била одамна: Меси играше на последните 36 натпревари, стартуваше на 33 од нив и постигна 37 голови. Да, да се замени најдобриот во светот е голем проблем.

Па, со какви опции располага Пеп?

понеделник, 20 септември 2010

Сакате ли Пујол да се пензионира на 40 години?

Една од најпопуларните групи на Фејсбук последните 24 часа е онаа која носи наслов „Карлес Пујол: Ако се соберат 250.000 фанови, ќе се пензионирам на 40 години“ [Carles Puyol: "Si esto consigue 250.000 fans me retiro a los 40"]. Групата расте вртоглаво и според нашите проценки веќе за неколку дена ќе ја постигне посакуваната бројка.

За што станува збор?. Во описот на групата стои дека наводно Пујол на еден свој пријател му рекол дека доколку се соберат 250.000 фанови во една група, тој ќе ги обеси копачките на клин на 40-годишна возраст. Вистина или само уште една интернет шега, сеедно, навивачите [да, и ние] ова си го сфативме сериозно :)

Атлетико Мадрид 1-2 Барселона

Место на злосторот: Висенте Калдерон. Датум: 19.09.2010. Прекината е „клетвата“ на вториот по големина стадион во Мадрид. Барса замина со 3 бода и со страв од повредата на Лео Меси, кој за среќа после денешните тестови во Барселона официјално ќе биде надвор од строј „само“ во наредните 10-15 дена.



Андрес Иниеста ќе стане татко!

Андрес Иниеста ќе стане татко наредната година. Играчот на Барселона и неговата партнерка, Ана, го зачнаа нивното прво дете ова лето и очекуваат фамилијарна на пролет, идната 2011. година.


Според пишувањето на Diari de Girona, дедото [по мајка] на Андрес, Ендрју Лухан [Andrew Lujan] денеска од домот во Фуентеалбија потврди дека целата фамилија „е пресреќна поради прекрасните вести“. Поради раната фаза на бременоста, не се знае дали детето е машко или женско.

Кројф: „Ако паднеше трет гол, Меси немаше да заврши на носилка“

Јохан Кројф во својата неделна колумна во El Periodico напиша дека доколку се извршел поголем притисок врз Атлетико Мадрид, односно доколку вчера беше постигнат трет гол, Меси немаше да го напушти теренот на носилка.

„Ако Меси, Виља и Педро беа успешни во обидите, или Де Геа не им ги одбранеше ударите, веројатно Аргентинецот немаше да го напушти Висенте Калдерон на носилки“, напиша тој.

Додаде дека верува дека „ова најтешко му падна на Меси кој го напушти Калдерон повеќе мислејќи на пропуштената прилика да го совлада Де Геа отколку на болката во својот десен зглоб“.