вторник, 30 ноември 2010

Големите постигнувања на играчите на Реал против Барса на Камп Ноу

Лос Бланкос беа апсолутно брилијантни против Барселона. Се е прашање на перспектива, вели Мајкл Јокин од goal.com.

EX, ДА МИ Е САРА ТУКА...
И вие мислите дека Реал Мадрид беше збришан од големата Барселона синоќа? Подобро да го преиспитате овој ваш став. Сите стартери на Жозе Мурињо оставија свој печат на натпреварот, и нивниот придонес не смее да се потценува. Само прочитајте што направија... Беа едноставно сензационални! 

Најдобрата екипа во светот 5-0 Реал Мадрид

No comment.

понеделник, 29 ноември 2010

Фан против фан: Барса - Реал Мадрид

Фанот на Барселона, Боби Илиевски против фанот на Реал Мадрид, Зоран Анѓеловски како загревање за Ел Класико.

Пред нас е новата епизода од Ел Класико, дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, натпреварот кој според многумина е најголемото фудбалско дерби, спектакл кој буди планератен интерес.
Сите параметри покажуваат дека ова ќе биде еден од најголемите дуели помеѓу Барселона и Реал Мадрид, еден од најголемите во историјата на Ел Класико натпреварите.

CAPTION NOT NEEDED
Веројатно нема да погрешиме ако кажеме дека Барселона и Реал Мадрид во моментов се двата најсилни тима во светот, екипи кои во своите редови ги имаат најголемите играчи предводени од маестралните Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

сабота, 27 ноември 2010

El Clásico историја: ОДТ - Барселона 1-2 | 2004

Ова „Ел Класико“ не е од оние играни на „Камп Ноу“, но Ве потсетуваме на него од неколку причини: Прва и најглавна – со него на некој начин почнуваат златните години на Барселона од првата деценија на овој век; Второ на овој натпревар Чави го постигна својот најдрагоцен погодок во кариерата [како што и самиот ќе изјави во едно свое интервју].

Барселона се наоѓаше во катастрофални години. Неколку сезони без трофеј. Таа сезона се случи големата пресвртница во Шпанскиот фудбал. Големиот потег на Жоан Лапорта и донесувањето на Дињо на „Камп Ноу“. Започна градењето на нов тим со младиот холандски стратег Франк Рајкард на чело. Таа сезона Реал славеше на првото дерби со 1-2, но Барселона возврати со истиот резултат на Бернабе, со брилијантна игра и заслужена победа.

Иако на крајот на сезоната Барса не славеше титула сепак тоа беше навестување на големата експанзија на тимот. Следуваа години исполнети со титули во сите конкуренции. Слободно ова Ел Класико можам да го прогласам за доста важно за поновата историја на Барселона.

Головите за Барса ги постигнаа Патрик Клајверт за израмнување на 1-1 и голот за победа дело на Чави – по прекрасно лоб проигрување на Роналдињо преку целата одбрана на противникот.

петок, 26 ноември 2010

El Clásico историја: Барса 2-0 Тимот на предавникот | 2000

ПИ*ДО: „БЕШЕ КРАЛ,
А СЕ ВРАЌАШ КАКО РОБ“
Помладите нема да се сеќаваат на ова дерби, но останатите сигурно дека го паметат многу живо. Ова беше еден од Ел Класико натпреварите кои Барса и навивачите сакаа да го освојат повеќе од било кога. Дербито дојде неколку месеци после шокантното заминување на миленикот, идолот на и обожаваниот од публиката, Португалецот Лу*с Ф**о од Барселона во Реал Мадрид.

Приказната е долга и широка за да се раскажува сега, но во кратки црти може да кажеме дека стануваше збор за пари, време на претседателски избори и кај нас и кај нив, транзиција меѓу Нуњез и Гаспарт на чело на Блауграна, и појава на создателот на „Лос Галактикос“ Флорентино Перез, победувајќи на изборите најмногу поради гарантот за трансфер на Ф**о од вечниот ривал Барселона. Лоренцо Санз, претседателот на Реал пред Флорентино распиша избори после победата во ЛШ, сигурен во својата победа... Но, се случи што се случи.

Гаспарт: „Ф**о е предавник, Мурињо не“

Според поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспарт, неспоредливи се Ф**о и Жозе Мурињо. Екс-президенте изјави дека се надева на нормален пречек на Мурињо на Камп Ноу.

СВИЊО ЕДНА

„Лу*с Ф**о ја предаде Барса, но Мурињо и Кристијано Роналдо - не“, изјави Гаспарт за радио Каталуња.

„Ноу Камп треба да го прими Мурињо како и било кој друг“, додаде поранешниот лидер, спомнувајќи си за лошиот пречек кој го доби токму сонародникот на Мурињо [кој не само во овој туку и во сите минати и идни текстови ќе е цензуриран со помош на програмчето ImeDaNeMuSeSpomne] при неговите „враќања“ на Камп Ноу како играч на Оној другиот тим.

четврток, 25 ноември 2010

Честито осминафинале, лидери [Панатинаикос 0-3 Барселона]

Рутински, искусно, мирно. Победа кај јужниот сосед за прв пат во ЛШ, доволна за обезбедување на првото место во групата кое, барем на хартија, „гарантира“ полесен противник во нокаут фазата на најквалитетното фудбалско натпреварување во Европа. Меч кој помина во тотална доминација на Барселона, меч во кој после 10-минутното излагање на домаќините гостите одлучија да го започнат својот рецитал, ефективен, и со враќањето на бис на Педро и еден гол постигнат од (замислете!) Меси се најави подготвеноста за она што следи во понеделник.

Околу тактиката би можеле да беседиме многу, меѓутоа веројатно е доволно да се каже дека Пеп намерно „експериментираше“ со позиционирањето на својата чета, чисто колку да го збуни неговиот колега од ОДТ. И плус, Максерано беше маестрален... ЛШ групна фаза - штиклирано. Знаеме што следи...

среда, 24 ноември 2010

Revista de la Liga | Sky Sports [12. коло + се' за Ел Класико ]

Овонеделната Revista de la Liga [на нашиот блог] доаѓа веднаш по првата објавена од овој серијал и е посветена најмногу на она што целиот свет го очекува со нетрпение во понеделник [доколку имаат сателитски на Марс, Нептун или во ближните галаксии, и таму се грицкаат нокти, сосема сигурно].


Во неа, шпанскиот спортски новинар Гуијем Балахуе инсинуира дека слабиот старт на сезоната за Барселона е планиран и дека е дел од еден поголем план - врвот да се достигне во ноември, кога тимот го очекуваа/т клучни натпревари, вклучувајќи го и понеделничкото Ел Класико.

Футболитис: Стрип на денот [23.11.2010]


Пеп: „Ниту натпреварот од ова коло во Лигата на шампиони не може да го засени Ел Класико“
ИЗВОР: SPORT.ES

Vox Populi пред Ел Класико: Пујол и Маскерано

И покрај одлуката „да се држат устите затворени“ пред дербито во понеделник, се очекува Маскерано и Пујол да се појават на редовните прес конференции во сабота и недела, соодветно.

Гвардиола исто така се очекува да се појави на редовната прес конференција пред натпреварот со ОДТ. Сепак, никој не очекува многу зборување за нив. Одлуката на клубот е да не се влегува во војна со зборови за да не се деконцентрираат играчите пред натпреварот, односно да не се одговара на провокациите кои доаѓаат од главниот град на Шпанија.

Ова значи дека изјавите на Кики од минатата недела нема да одекнат меѓу играчите на Барса. Тие се одлучни за се што ги интересира МуМу, Кики и дружината да им одговорат на теренот на Камп Ноу.

El Clásico историја: Барса 3-0 О.Д.Т. | 1997

Време е да ја пополека да ја подигаме атмосферата пред Ел Класико. Од денес, па се до понеделник секој ден ќе објавуваме по минимум едно клипче од дербијата одиграни на Камп Ноу последните 15-тина години [а мооожеби ќе најдеме место и за некое гостување на Бернабеу :D].

За почеток, ве враќаме во 1997. година кога наједноставно опишано уште носевме Kappa дресови, Френк Синатра беше жив, Хонг Конг беше уште под власт на Елизабета II, а вашиот уредник го гледаше едно од своите први дербија, на кое живо се сеќава. За фризурата на Пеџа Мијатович нема да коментираме, бидејќи и ден денес е - истата.

Победа без резерви

Eден од приоритетите на Пеп Гвардиола е да се пласира во втората фаза од Лигата на шампиони. Патот до таму води преку Атина, каде вечерва од 20:45 домашниот Панатинаикос ќе биде противникот кој треба да се победи за да се обезбеди првото место на табелата.

НИЕ НЕ СМЕ ГРЦИ, ШПАНЦИ И ГУБИТНИЦИ
Доколку Копенхаген загуби од Рубин Казан [мечот се игра во 18:30] на четата математички би и било јасно дека и со реми останува на првото место во групата, но Гвардиола најави дека такви калкулации нема да има. Ќе игра со најдобрите 11 и ќе оди на победа.

Revista de la Liga | Sky Sports [11. коло]

Од денес започнуваме со објавување на прегледот на шпанското првенство на Sky Sports, емисија која ќе биде вистинска посластица за пасионираните љубители на Ла Лига за кои фудбалот е повеќе од кладилничарскиот пристап а ла „конечен резултат“.



Сите почести за објавувањето на овој видео материјал на нет одат кај Андрес, и моето пријателче Рамзи, на чиј одличен блог ја дознавме оваа информација. Па, ако сакате in-depth анализи за секое коло на примера од страна на солидните коментатори на Sky Sports, јавувања од лице место, спротиставени ставови, муабети за се и сешто околу натпреварите... Блауграна.мк е тука за вас.

недела, 21 ноември 2010

8, за ум [Алмерија 0-8 Барселона]

Што и да се обиде човек да каже после еден ваков резултат ќе е помалку од она што фудбалерите го кажаа на теренот. Еве ви неколку бројки наместо пофалби и епитети кои ќе се излишни: 0-8 против Алмерија е израмнување на рекордот за највисока победа реализирана на гостински терен, и тоа пред 51 година кога на 25. октомври 1959, тимот раководен од легендарниот Хеленио Херера на гости го совлада Лас Палмас со идентичен резултат. Во Ла Лига Барса нема постигнато ваква осумка од 97. кога настрада Логроњес, а ова е изедначување на рекордот за најдобар старт на гостувањата во Примера (заедно со Оној другиот тим кој го постигна истото во 1991/92).

Ова е најголемата победа во ерата на Пеп, а на натпреварот против Алмерија Меси стигна до бројката од 101 гол во Ла Лига со 23 години и 149 дена.

Нареден противник... Другиот тим. Време е за поставување на работите „на свое место“ сезонава. Ама, ќе биде добра битка...

сабота, 20 ноември 2010

Последен тест пред „Ел Класико“

Почнува викенд фудбалската програма во „Ла Лига“. Најчесто поставуваното прашање во него е: „Ќе останат ли водечките на исто растојание?“ Барселона има гостување во Андалузија кај незгодната Алмерија, а Реал игра против фудбалскиот бастионот од Баскија – Атлетик Билбао.

После исцрпувачката недела во која поголемиот дел од фудбалерите беа на репрезентативна должност за Барса следува натпревар против екипа од долниот дел на табелата.

Ситуацијата со составот е задоволителна, иако неколку играчи се вратија со ситни повреди од своите должности. Поради тоа Ерик Абидал нема да патува со тимот, а Пике е под знак прашалник [што поради повреда, што поради претпазливост]. Останатите се здрави, но дел од нив играа по 90 минути пред само 48 часа и имаа само по два цели тренинга со соиграчите. Стручното раководство одлучи да се патува на денот на натпреварот – што значи дека и заморот би можел да биде проблем за дел од играчите. „Вирус ФИФА!“

Околу моменталната форма – тимот го игра можеби најдоброто во смисла на напад и реализација. Секако за тоа најголема благодарност треба да му се оддаде на Меси, неговите голови и асистенции. Давид Виља почна да личи на „ѕверот“ од Валенсија, проработи и Педро. За одбраната мора да заклучиме дека не е на ланското ниво, иако тоа нема некое големо влијание на резултатите. Формата на гостински терен во бројки 5 од 5.

Противник на Барса е Алмерија – тим кој контрастно на нас нема ниедна победа на домашен терен. Само една победа во 11 натпревари. Големиот пријател на Пеп – Хуан Мануел Лиљо даде интересна изјава за натпреварот: „Против Барселона го играте тоа што ќе ви го дозволат да го играте. Најважно од се е дека ние сме способни да ги искористиме шансите што тие ќе ни ги допуштат.“ Иако е во зоната за испаѓање овој тим на Алмерија секогаш игра со посебни мотиви против Барселона. Ќе се потсетиме на ланскиот натпревар – исклучувањето на Ибра и двата прекрасни гола на Меси кои не беа доволни за победа. Алмерија на тој натпревар одигра доста храбро и ни создаде огромни проблеми.

Очекувам тежок и исцрпувачки натпревар за Барселона. Сигурен сум дека Алмерија нема да тргне со „камикази стил“ во напад, но би требало да играат силен пресинг на средината на теренот и на нашата одбранбена четворка. Што порано го отвориме натпреварот, толку подобро. Најважно од се е да се сочува празна мрежата на Валдес. Средината вообичаено треба да си ја заврши својата задача. За креацијата во нападот би требало да се погрижат Меси и Виља. Минимална победа и одржување на притисокот врз Реал кој својот натпревар го започнува веднаш после нас.

недела, 14 ноември 2010

Курск потона во Каталонија [Барса 3-1 Виљареал]

Tрет натпревар по ред Виља + Меси ефективно ја предводат Барселона до нови 3 бода на контото во обидот за одбрана на титулата во Примера. Овој пат „жртва“ беше високорангираниот Виљареал, „жолтата подморница“ која може буквално да се нарече - нуклеарна: станува збор за една од екипите кои публиката на Камп Ноу баш и не обожава да ги гледа, бидејќи се традиционално „изгор“ тешки за средување на нашето домашно буниште.

Меѓутоа, синоќа одигравме сосема солидно во поголемиот дел од натпреварот во кој сосема непотребно се истакна главниот судија т.е. неговиот асистент најпрво досудувајќи апсолутно непостоечки офсајд кој на Барса и го скрати вториот гол со кој ќе го убиеше мечот, моменти пред Нилмар во една одлична соло акција да го матира ВВ, а подоцна уште во 2 прилики, една кога Максвел не заработи црвен картон за старт од позади [компензација е права ствар].

Третиот гол на Меси послужи само уште како еден куршум во арсеналот на јадачите на слатки кои и после овој меч ќе спорат за некакви осфајди, шмофсајди. Ако, треба да има и такви :) Ние, иако оштетени, се буниме многу малку.

Еве ги головите, особено вториот :) :


петок, 12 ноември 2010

Дон Андрес - шампион каков што многумина никогаш нема да бидат

Dani Jarque siempre con nosotros - oваа порака, поздрав до загубениот пријател ја напиша Андрес Иниеста на маичката која ја носеше под дресот во финалето на Светското првенство. Како да знаеше дека ќе успее да постигне гол и ќе има прилика да му оддаде почест на својот пријател Дани Жарке, капитенот на жестокиот ривал на Барселона, Еспањол, кој почина минатата година од срцев удар.

ДОН АНДРЕС - LARGER THAN LIFE
Гест на човек, гест на шампион кој заслужено доживува standing ovation на сите стадиони во Шпанија, херој на земјата на Светските шампиони поради неговиот грандиозен талент, но и поради гестот како овој - во моментот по кој ќе го паметат генерации на фудбалски фанови од целиот свет децении откако него ќе го нема, секој ќе знае дека Андрес со голот не само што ја зацементира сопствената бесмртност, туку прати многу важни пораки, потсети на важни работи, на кои ние „обичните луѓе“ некогаш подзабораваме...

четврток, 11 ноември 2010

И, најдобар играч на светот е...

Овогодинешната трка за Златната топка (Ballon d'Or), по се изгледа дека ќе биде крајно неизвесна. Интересно е тоа што фаворитите се едни, а најдобриот играч за минатата година е друг играч. Па, поради тоа треба да се одговори на прашањето – Што е поентата на Златната Топка? Да се награди најдобриот играч на светот, или најдобриот играч во некоја екипа која освоила некој трофеј?


ФИФА и France Football се здружија кога стануваат збор изборите, па оваа година ќе имаме еден играч кој ќе ја носи титулата најдобар играч во светот. До пред здружувањето, ФИФА одбираше свој лауреат, а магазинот свој.

Рутинска петарда [Барселона 5-1 Сеута]

Рутинска убедлива победа против Сеута од 5-1 на Камп Ноу, од која многу поважно, излегуваме со поголема самодоверба затоа што Бојан после два века пауза постигна гол (и тоа откако промаши пенал, душичка), затоа што Нолито дигна два прста кога Пеп постави прашање: кој мисли дека може да чукне на вратата на првиот тим, затоа што Тиаго Алкантара одигра одлично, Габи Милито постигна гол (и се повреди, па ќе е во аут 4-6 недели), Meси се задржа во просекот од гол на секој натпревар, а Педрито пополека влегува во голгетерска форма.

вторник, 9 ноември 2010

Блауграна + Македонија: Давид Бабунски растура!

Нашата гордост во Futbol Club Barcelona, Давид Бабунски игра се подобро и подобро. На натпреварот против Тераса (инаку, градчето каде е роден Чави) Бабунски постигна 2 гола. Можеби е пристрасно да се каже ова, ама со контролата при првиот и финтата при вториот гол... мнооогу потсетува на едно друго момче кое во истиот дрес на младинците пред 7-8 години правеше чуда, кои не запреле до ден денес.

Давид, само напред! Visca el Barca i Visca David!

Kaко да си создадете паралелен универзум

СВЕ МИ БОЈЕ ЛЕПО СТОЈЕ

28. август
МУМУ
„Барселона игра со 11 и многу често против 10 играчи.“

29. август
ПЕП
Смирени сме и работиме напорно, бидејќи „рандом“ муабетите не не интересираат.

понеделник, 8 ноември 2010

Надградено и проширено: Уште еден навивач на Барса стана светски шампион во мотоциклизам!

После Хорхе Лоренцо и Тони Елијас, и во „најслабата“ категорија на светскиот шампионат во мотоциклизам триумфираше Каталонче - момче, навивач на Барселона. Марк Маркез ја освои својата прва титула во најголемото мотоциклистичко натпреварување во светот, во класата за мотори до 125 кубни сантиметри.
ТРИ ШАМПИОНИ ИМА БАРСА ВО МОТОЦИКЛИЗАМ, ТРИ!
Пред него сетапот за ваков „блауграна триумвират“ во Мото ГП го поставија Хорхе Лоренцо и Тони Елијас, исто така декларирани навивачи на Барса - за нив нешто повеќе пишувавме тука.

Честитки за Марк Маркез :)

Футболитис: Стрип на денот [08.11.2010]


ХЕТАФЕ 1 - 3 ОНИЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО МЕСИ
Папата: И, овој што го постигна голот е најдобриот играч на Барселона?
Х: Не Свет татко, ова е Бог!


Месилување [Хетафе 1-3 Барселона]

Како и по обичај, овие „анализи“ ги правиме кратки и слатки [забелешка до себе: престани со обидите за хуморима - хумористична рима; и за кованици создадени од два збора! Океј...] и кога е во прашање синоќешниот меч версус Хетафе, може да се кажат неколку работи. Прво, одлична игра особено во првото полувреме, и покрај обидот на Хетафе да ни направат „копенхаген сценарио“ играјќи блиску до нас со обид за притисок.

Финтата е што за разлика од мечот во Данска, ние изигравме дааалеку подобри 90 минути, во кои трите бода во ниту еден момент не беа доведени под знак прашалник. Виља некако [сериозно, не ми е јасно како] успеа да промаши шанса која не беше колосална, бидејќи за неа колосалната е мало дете. Сепак, ја отворивме нивната одбрана уште на самиот почеток што требаше да нагласи дека Барса со своите розе дресови (прв пат сезонава чинам дека биднаа носени) е дојдена во престолнината со цел на публиката мечот да им го направи се само розев не. И голот дојде... Вистински убавец, резултат на многу додавања меѓу Чави, Меси, Алвеш, Виља и повторно - Меси.

понеделник, 1 ноември 2010

МуМу, биди човек... [Стрип на денот, 01.11.2010]


СЕГА, КОГА ВИЉА ПРОФУНКЦИОНИРА...

Пеп: „Мурињо, ајде сега речи дека Бојан е скап и дека не дава голови...“ *

Ода за Нашата седумка [или, „Зошто Давид Виља е повеќе од играч“]

Нашата седумка Давид Виља немаше постигнато гол од 29. септември и мечот против Рубин Казан на гостински терен во ЛШ, кога изедначи на 1-1 со гол постигнат од пенал.
Нашата седумка пред тоа, во Ла Лига, мрежата на противниците ја имаше затресено на два пати, во првото коло на гости во Сантандер и во четвртото, дома против Хихон.


Нашата седумка беше мета на критичарите кои ја признаваа неговата ангажираност, вклопувањето во системот на Барса, добрата соработка со соиграчите, но истите му забележуваа за неуспехот да го направи она што најмногу се бара од него - да дава голови.

No further comments, your honor... [Алкоркон 1-3 Барса Б]