четврток, 11 ноември 2010

И, најдобар играч на светот е...

Овогодинешната трка за Златната топка (Ballon d'Or), по се изгледа дека ќе биде крајно неизвесна. Интересно е тоа што фаворитите се едни, а најдобриот играч за минатата година е друг играч. Па, поради тоа треба да се одговори на прашањето – Што е поентата на Златната Топка? Да се награди најдобриот играч на светот, или најдобриот играч во некоја екипа која освоила некој трофеј?


ФИФА и France Football се здружија кога стануваат збор изборите, па оваа година ќе имаме еден играч кој ќе ја носи титулата најдобар играч во светот. До пред здружувањето, ФИФА одбираше свој лауреат, а магазинот свој.



Но тоа не е ништо чудно. Во ФИФА бираат капитените и селекторите на репрезентациите, додека за France Football  бираат спортските новинари прво во Европа, а подоцна низ светот.

Она што е актуелно и нас не' интересира е одговорот на прашањето: Кој ја заслушува Златната топка во 2010 година?

За почеток, постои ли овде точен или неточен одговор? Во изборот никој не залутал и независно дали ги подржувате Чави, Иниеста, Снајдер, Меси, Роналдо, Форлан, Виља или Робен никој не може да ви рече дека немате аргументи или дека немате појма од фудбал. И секако, подржувањето на еден од овие играчи, никако не смее да значи дека останатите се лоши. Овие играчи се кремот на европскиот и светскиот фудбал. Ова се играчи кои со својата игра го пленат вниманието на фудбалската јавност.

Но, тоа што сите се добри не значи било кој да победи. Па, како да се одлучи помеѓу овие сјајни поединци?

France Football на гласачите им дава едноставни критериуми за гласање, четири на број:

1. индивидуалниот и клубскиот учинок на играчот низ целата сезона
2. класата на играчот ( талент и фер-плеј)
3. кариера
4. посебности и харизма

Забележувате ли дека постигнувањата во текот на сезоната се само еден од критериумите?

Годините кога имаше Светско првенство во минатото, обично се нешто полесни за избор од оние другите. Па така во 2006, 2002 и 1998 добитници на Златната топка и наградата од ФИФА беа најдобрите играчи од победничките екипи, Канаваро, Роналдо и Зидан, а останатите високи места главно ги заземаа оние кои блескаа на светските првенства, како Шукер во 1998, или пак случајот со Кан во 2002.

Од таа перспектива, ова би требало да биде година на Чави или Иниеста како водечки поединци на Шпанија. Но, без разлика што станува збор за едни брилијантни фудбалери кои измантите години ги предводат и клубот и репрезентацијата, тие не беа најдобри играчи на Шпанија во Јужна Африка, а камоли на првенството – без головите на Давид Виља, тешко дека Иниеста би дошол до прилика да стигне во финале, а камоли да постигне гол во него и да стане легенда на Шпанија. Еден од играчите кои импресионираше на ова СП беше Диего Форлан – актуелниот добитник на Златната топка од СП.

Како всушност да се одлучиш помеѓу нив двајца? Чави секако е најдобриот плејмејкер во светот, играч без кој Барселона и Шпанија не би имале такво пренесување на топката, односно би изостанала доминација на теренот. Но скромноста на Чави го прави своето, тој е еден од оние кои што не сакаат да се истакнуваат и во оваа ситуација тој вели дека тој е само оној кој дели топки. Реално, најдобар од сите во светот! Иниеста пак, е малку подинамичен, совршен техничар, комбинација од дриблинг и дар за комбинаторика, но во „рубриката“ за голови и асистенции постојат повеќе играчи од него кои направиле повеќе од него.

Кладилниците како фаворити го назначуваат Весли Снајдер. Крилниот играч на Интер имаше перфектна сезона, а исто така стигна со Холандија до финале на СП. Во овие походи на Интер и Холандија Снајдер имаше важна улога, имаше добри голови и многу важни асистенции. Но, ако се гледат сите негови особини – динамика, играта, точниот пас, прецизниот удар, тогаш се поставува прашањето – дали Весли Снајдер е најдобриот играч на светот? Не беше најдобар ни на СП (Форлан), не беше ни во Лигата на Шампионите (Милито), а не е ни играч кој остава без здив. За Златната топка да ја освои некој кој не освоил финале, мора да биде некој кој што генерацијата го памти, како што е Кројф (1974). Снајдер не го памтиме како таков, барем оваа сезона.

Виља, Форлан, Робен – сите имаа брилијатни моменти и големи успеси, но сите имаат и по некои слабости. Форлан и Виља имаат слаби клупски успеси, а Робен неуверливо СП и две порази во финалињата - ЛШ и СП.

Кристијано Роналдо имаше доста солидна прва сезона во Реал, но Реал и Португалија на крајот разочараа, а заедно со нив и Роналдо.

Како тогаш наградата најдобар играч на светот, да му биде навистина дадена на најдобриот играч на светот?

Златната топка е награда за индивидуалци, а не за тимови. Не се избира MVP, не бираме најдобар играч на некој турнир, ниту пак бараме некој кој освоил најмногу. За голем придонес во победите на своите тимови сите споменати до сега ги добиле најголемите можни награди. Златната топка не може да се мери со Лига на Шампионите или Светското Првенство. И тие играчи, и тие тимови веќе се наградени, па не ми е јасно зошто толку ги форсираат тимските успеси. Тие се - само тимски.


На пример, за Шпанија како репрезентација, исто како и Италија во 2006 година поголем комплимент би било дека го немаат најдобриот играч во светот, отколку на сила таа награда да им се подели на Канаваро, Чави или Иниеста само затоа што екипите на Липи или Дел Боске биле најдобрите во светот. Кога е јасно дека тој најдобар тим го има и најдобриот играч, кој на тоа СП бил најдобар како што беа Роналдо 2002 или Зидан 1998, тогаш ситуацијата е чиста. Но, зошто да се форсира награда, кога тој тим веќе ја доби својата најголема награда? Снајдер беше дел од најдобриот тим во Лигата на Шампионите и доби медал, исто и Чавинеста го покорија светот – добија медали.

ЛИОНЕЛ МЕСИ е најдобар играч на светот за 2010 година, и тој е оној кој ја заслужува оваа награда

Сакате бројки? Како ви звучат 47 голови и 14 асистенции во изминатата сезона? Со осум голови е најдобар стрелец во Лигата на Шампионите, со 34 гола и 13 асистенции најдобар стрелец и најдобар играч во Примера. Лига која неговата Барселона ја освои со доминантен учинок. Како ви звучат 16 голови во 14 настапи оваа сезона. Меси има постигнато повеќе голови отколку што има настапи.

Сакате да зборуваме за оставен впечаток? Сетете се онаа ноќ кога буквално го сруши Арсенал со четири брилијантни погодоци. А сега сетете се да пред таа утакмица дека беше водена битка за измислување на што посоодветен, посилен епитет за неговите претходни игри и моменталната титула „најдобар во светот“. Се поставуваа прашања дали е подобар од Марадона или Пеле и дали воопшто е најдобар на сите времиња? Многумина одговорија - да. Тренери, поранешни великани во фудбалот, новинари, љубителите на фудбалот...



Сакате класа? Нема играч како Меси. Кристијано Роналдо исто така има силина, дриблинг, пробивања, али Меси сето ова го прави на подруг и посебен начин. Неверојатна е леснотијата со која ги поминува одранбените играчи, неверојатна смиреност пред голот, брзина, техника, значење за тимот. Да разгледаме и вака, Меси во 2010 беше многу подобар отколку во 2009, кога уверливо ја доби Златната топка и наградата од ФИФА. Барселона овој пат не ја освои Лигата на Шампионите, но една година не се содржи од една или две утакмици, мора да го гледаме целокупниот учинок на еден фудбалер.

Сакате мислења на тренери, играчи и фудбалски стручњаци?

„Тој е незапирлив. Изгубивме од тимот кој го има најдобриот играч на светот“.
„Тој не е од оваа планета. Тој е пред сите играчи на светот. Не постојат зборови со кој би го опишал“.
„Луѓето го споредуваат со најголемите во историјата и имаат право. Тој е без двоумење најдобриот играч на светот во моментот“.
„Добро е што луѓето ме спомнуваат и мене, но Меси е најдобар на светот. Тоа што тој го може со топката е неверојатно, дава многу голови и е најдобар играч во светот“.
„ Играч како него се раѓа на секои 50 години. Тој е без двоумење најдобар во светот, подобар е дури и од Марадона“.
„Меси е најдобар играч на светот. Не можеш да го запреш во текот на целата утакмица, можеш да го задржиш со повеќе играчи, но тогаш им се отвора простор на другите“.
„Тој е најдобар на светот. Неговите способности се чудесни со оглед на годините. Мислам дека е фер кога веќе сега го споредуваат со Марадона“.

Ова се изјави од 2010 година за најдобриот играч на светот од усните на Самир Кедира, Кристијан Грос, Греам Сунес, Иан Раш, Вејн Руни, Чави и Арсен Венгер. Би било многу доколку ги додадев и изјавите на Гвардиола, Марадона и неговите други соиграчи од Барселона и Аргентина. Наведена е изјавата само на Чави, кој е кандидат за Златната Топка. Тој без влакна на јазикот изјави дека нема сомнеж кој е најдобар.

И за крај, еве ја и изјавата на Весли Снајдер од оваа година: „Мислим дека во овој момент Меси е најдобриот играч на светот“.

Сакате логика? Интер утре да му го понуди Снајдер на Меси, на Барселона ќе и требаат 2 секунди да одговори со „хахахахаха“. Интер да им ги понуди Милито, Снајдер и Маикон заедно за Меси, во Барселона пак би рекле - не. Па кој е тогаш најдобар фудбалер? Утре да играме фудбал против марсовци за спасување на човештвото, кој е првиот играч кој би го избрале? Снајдер? Форлан? Милито?!?!?!

Да, се би било полесно и поедноставно доколку Меси во Јужна Африка не осана со нула на контото на погодоци, и Аргентина да не беше прегазена од „елфот“, но Германија беше подобар колектив за што вината не може да му се припише на Меси, кога во Барса е очигледно дека тој може одлично да функционира во еден колектив. Многумина, како големиот Еузебио, и за време на тоа Светско првенство во кое на Меси на патот до голот му се испречија две стативи, греди и голманите од светов, констатираа дека „очигледно малиот Аргентинец е најдобриот играч во светот“. Него, историски, ќе го мачи настапот на СП бидејќи му треба светска титула за двобој со Пеле, Марадона и останатите, но не може да му биде толкав минус во однос на 2010. година.

И не треба да се размислува во насока „уште е млад и ќе освои неколку Златни топки идните години, на Чави и Снајдер ова им е единствена прилика“. Не, калкулациите не се оние кои одлучуваат во овие прилики, бидејќи никој не знае што ќе се случува во иднина? Што ако „Мартин Тејлор“ утре го „среди“’ Меси? Што ако неговата кариера одеднаш почне да опаѓа како онаа на Роналдињо? Што ако тимот на Барселона се распадне од некоја причина? Некој за 20-тина година ќе гледа информации на интернет и нема да знае дека најдобар играч во светот за 2010 година е Меси.


Кога некој според бројките, впечатоците, класата и по мислењето на целиот фудбалски свет јасно се издвојува како најдобар во светот, кога некој зборува за него дека е најдобар на сите времиња, тогаш овој избор би требало да биде многу полесен отколку што некои сакаат да го направат.

Интер со Снајдер беше најдобар тим во Европа за 2010, Шпанија со Чави, Иниеста и Виља беше најдобрата репрезентација во светот во 2010 година.

А Меси? Меси е најдобриот играч на светот за 2010. Без конкуренција.

Подготви: Богдан Митрев
Извор: hrsport.net

3 коментари:

  1. Пишува: Tomislav Pacak (5.11.2010) :-D . . . Најдобрата колумна шо ја имам прочитано, и СЕ е на место, браво за авторот.

    ОдговориИзбриши
  2. На кој автор мислите??
    http://www.hrsport.net/kolumne/406958/packe/najbolji-igrac-na-svijetu-je

    ОдговориИзбриши
  3. Шерлок, на крајот на текстот пишува „подготви“ а не „напиша“, „создаде“, „креираше“, „го измисли“ и слично.

    Богдан не е номиниран за пулицерова награда со текстот, не е напишан како автор на текстот, туку направи нешто што генерално, интернет мудреците не се дрзнуваат да го направат - преведе нешто за својот омилен клуб и го доближи до пошироката публика која не чита хрватски портали затоа што нема навика или не знае.

    И замисли, имаше доблест да се потпише на крај на текстот, што е човечка карактеристика.

    Пропуст е да се спомне оригиналниот извор, меѓутоа е ненамерен, имајќи во предвид дека не станува збор за комерцијален сајт, па така од текстот „не би видел фајде“ никој во комерцијална смисла, што е генерално причината поради која постои заштитата на авторските права.

    Целта на текстот е да сподели еден point of view. Па, секој може да каже нешто по него, или да го тужи Богдан или нас кај hrsport.net. Без оглед што пропустот да се спомне оригиналниот извор е веќе корегиран, на суд јас ќе сведочам дека како уредувач на текстот пропуштив да го наведам изворот. Доволно фер, нели? ;)

    Поздрав.

    ОдговориИзбриши