сабота, 28 август 2010

Panta rei, освен ние и клубот!

Два трофеи порано, кога последен пат искомунициравме тука (божем муабетиме подолго од некои 2 недели) се случија неколку работи: Ибрахимовиќ го постигна последниот гол за Барселона, Виља првиот, Лео најави дека оваа сезона ќе атакува на бројката од 283 гола, Рони и Лапорта „како луѓе“ се простија од клубот кој не е познат по тоа, Купот на шампиони во мало повторно е актуелен, а Бускетс на поклон за добрите игри и за инат на критичарите доби на поклон 22 милиони евра вредна играчка од Аргентина. Но, одиме со ред...



ОЛЕ ОЛЕ ОЛЕ ОЛЕ, О ЛЕО МЕСИ !

„Веќе видена приказна“ е не до крај соодветен вовед за кратката рекапитулација на мечот со Севиља на Камп Ноу. Добар старт, далеку поважен од освоениот трофеј кој би им дошол најдобро на статистичарите на гладно срце какви кај нас ги нема, на суеверните како добро сефте, на сите како мало потсетување дека тимот е тука способен за да освојува титули многу повредни и пореномирани од оној до кој дојдовме борејќи се со секогаш незгодната, но сепак класи зад нас, Севиља. 4-0 на Камп Ноу, начнати од талисманот Педро на ист начин како минатата година против Ваљадољид  во последниот меч од примера кога Камп Ноу славеше уште еден трофеј. Останатите три тимски бравури ги реализираше Меси со грациозна леснотија налик онаа на Сталоне кога ги решава сите во Рамбо 3.

Шегата оди само на сметка на Слај, Лео има за снимање далеку повеќе од 5 (5 беа бе?) продолженија бидејќи акционото сценарио на нашата „десетка“ е предмет на континуирана експанзија. Конкретно, новото поглавје започнува веќе утре.

Два трофеи подоцна...ова е нагласено не дека е релевантно, туку чисто како визуелна форца кон статистичарите кои ги бележат куповите од типот на Гампер, Берлускони, Бекенбауер. Нашиот, барем, не го носи името на „жива легенда“ чунким меѓу нашите редови такви и нема. Ханс Жоан Гампер сепак е основач на клубот та тој заслужува ваква почест. Со фудбалерите, тоа не е случај. И никој не може, не смее да се „лути“, бидејќи девизата на сите Socis на Барса е: „играчите доаѓаат и заминуваат, ние и клубот остануваме!“.

Ви се допаѓа девизата? Или ќе ви се срони бисерот ако ви напишам дека ни Меси не е поголем од клубот, како што не беа ни Ромарио, Роналдо, Ривалдо, Рикелме (на буква на буква Р, па да го спомнам) и Роналдињо? Ах, пардон, го заборавив – ибРахимовиќ. 

ИБРА, ЈУВЕНТИН НА МИЛАН - ДИЊО, ПЕТРАРКА НА БАРСЕЛОНА

Секоја песна го има својот крај. Тоа не е причина да не уживаме во музиката додека трае. Со тоа што, на Камп Ноу ретко кој имал прилика да има триумфален холивудски хепиенд со догледување на сите имиња од одјавната шпица – од тука сите излегувале на мала врата. Тука одјавната шпица секогаш е следна: Soci # 1, , Soci # 12 556, Soci # 78 569, Soci # 152 378, Soci # 181 551… Soci e каталонски збор за member, или член (партнер) на ФК Барселона. Докажано, покажано. Клубот е повеќе од клуб, бидејќи и навивачите се повеќе од навивачи.

Секоја песна има свој крај. Тоа не е оправдување да не ја прекинеме, кога веќе тонот ќе почне да се намалува. Секогаш постои тој момент кога може малку поелегантно да се решат одредени прашања, или пак, поисплатливо да се „продаде“ кога веќе дошол денот. Момент кој секогаш е препознаен, но во зависност од социолошките и финансиските услови, не секогаш е експлоатиран со цел да се постигне поента или плус на балансот во банка. 


Добар дел од вас би требало да се сеќаваат на 1996. година и пристигнувањето во Каталонија на 19-годишното момче Луис Назарио де Лима Роналдо. Оние со подобра меморија ќе се потсетат и дека тогашниот тренер на Барса, неодамна починатиот Сер Боби Робсон за своја „деветка“ го имаше таксано килерот на Блекбурн, Алан Ширер, за кој сер Боби имаше визија дека ќе биде новиот Линекер на Барса. Сепак, Блекбурн ја одби понудата на Барселона бидејќи „не сакаше да продава“ што преведено значи „плати повеќе“. Е, повеќе плати Њукасл (тогаш, светски рекордна сума) и кај себе го прибра Ширер, а ние го добивме Роналдо. 42 гола на 47 натпревари, перипетии околу продолжувањето на договорот (малиот сметаше дека со своите бројки заслужува баснословна сума во новиот договор) и реакција на Интер кој со плаќање на откупната клаузула во Милано го прибра човекот кој за тој тим во наредните пет години ќе одигра смешни официјални 68 мечеви, постигнувајќи завидни 49 гола по пат.

Витор Борба Фереира Ривалдо во Барселона пристигнува во 1997. година, како своевиден супститут на самба днк-та во Барса која после Ромарио многу добро ја одржуваше активна Роналдо. Наместо 9-ката на Роналдо ја добива 11-ката (после заминувањето на Џовани и култната 10-ка) но без оглед на бројот на грбот, постигнува голови, доволни за освојување титули. Малку по малку се стекнува со имиџ на миленик и репутација на лидер во клубот. Нормално, доаѓаа понудите, а меѓу најупорните беа Манчестер Јунајтед и Лацио. Лацио дури и понуди сериозни суми кои во тоа време граничеа или барем силно се приближуваа до рекордните трансфери во историјата. Сепак, на Барса и беше, во тој момент, далеку попотребен Ривалдо отколку кешот, па го задржа во своите редови. И по некоја година, формата почна да му опаѓа. Падна и тимот. Падна и тренерот. Старо новиот, Луј ван Гал, му се заблагодари на една од поновите „икони“ на Барса и му даде зелена карта да си бара ангажман каде сака. За нула пари обешстетување. Ривалдо, интересно, тргна во правец на Милано, со туристичката агенција „Никогаш нема да сум толку добар колку што бев во Барса“, која го остави на исто место како и Роналдо, но на друга адреса – Сан Сиро му ги отвори портите на бразилскиот маѓепсник.

Клубот имаше потреба од нов лидер. Купувањето на Роман Рикелме од Бока во тој момент делуваше како супер варијанта, особено за навивачите на клубот кои во него видеа наследник на Диего. Слични на толку многу нивоа, а сепак така различни. Рикелме потраи една година, неуспешна за тимот. Следеа избори и нов проект.


Со доаѓањето на Лапорта во Каталонија долета и човекот за кој Манчестер Јунајтед не сакаше да ја плати разликата од 3-4 милиони евра меѓу нивните понудени и оние кои ги бараше ПСЖ. Шпанската серија всушност имаше ваков тек: Лапорта пред изборите најави доведување на Дејвид Бекам во Каталонија. Оваа најава дојде како кец на десетка на неговиот „драг пријател“ Флорентино Перез кој во екот на својата Лос Галактикос преродба размислуваше која ѕвезда, после Фиго, Зидан и Роналдо да ја донесе во Мадрид. Лапорта на Реал „му го одбра“ Бекам, па Барса за да не остане со празни раце во Каталонија го доведе the next big thing, Роналдо де Асис Мореира. Кој последен се смее, мистер Флорентино? :) Или, подобро речено, кој на туѓото аплаудира. Ерата на Роналдињо траеше до 2008. година кога после проблеми со повредите и опаѓањето на формата Лапорта изјави дека на играчот на кој нешто пред тоа му беа нудени и 9 годишни договори и сите на тоа гледаа како на нешто нормално, освен самиот тој, му треба нов предизвик за да ја оживее кариерата. Замина без поздрав, како и сите кои му беа барем блиску до нивото на квалитет, посветеност и љубов, позитивна атмосфера и ведрина кои ги донесе во Барселона.

Роналдињо, всушност, беше оној преродбеник, клучниот пион во авалата на новиот дух на Камп Ноу. И таа улога ја заврши совршено. 5 години подоцна се збогувавме, но... не за секогаш.

Роналдињо и Жоан Лапорта беа меѓу главните протагонисти на овогодинешниот Гампер Куп во кој Барса ги вкрсти мечевите со Милан во еден натпервар со многу јубилеи: 8-светски шампиони истрчаа на теренот, Лапорта беше присутен за време на предавањето на пехарот од Примера од минатата сезона со што и тој имаше прилика, неочекувано и на покана на Росељ (со што обајцата послужија како пример како би требало да функционира коегзистенцијата на стариот и новиот претседател), да ја испее својата лебедова песна трчајки го почесниот круг пред полниот Камп Ноу како што и доликува на човекот кој во 7 години „владеење“ помогна да се донесат еден тон трофеи во клубските витрини, во сите спортови. Роналдињо од друга страна беше пречекан со кратко видео од најдобрите негови моменти во Барселона, како одговор на неговото отворено писмо неколку дена во очи до натпреварот, упатено до сите фанови: „Моите најдобри години од животот беа петте поминати тука, во Барселона“.

Затоа, за тие пет години во кои ги издржа сите притисоци, критики, па и пофалби – и преку трњето стигна до ѕвездите, Роналдињо го заслужи стоечкиот аплауз на Камп Ноу. Се реваншираше на ист начин: излегувајќи од терен со маица на која пишува: „Барса, те љубам!“

Ја гледате ли разликата меѓу него и уште еден човек кој не беше доведен за лидер на тимот, меѓутоа пристигна со фанфари како убоита десница која ќе остане запаметена, а го напушти Камп Ноу со аплауз во исто време (или дури и нешто порано) со Роналдињо?

КАЖИ ЗОШТО МЕ ОСТАВИ?

Ако некому не му беше јасно, или не сакаше да верува дека Ибра ќе замине, после вчерашната изјава на неговиот менаџер Мино Раиола во манир на дете кое со прсти навјасало некоја тегла со еуро-крем од продавница на патот кон дома, не би требало да ги има тие дилеми. Раиола, патем менаџериштето кое „му фрли“ дрес од Милан на Марио Балотели, момент пред да го извлече од Интер во правец на Манчестерските граѓани,  метафорички спореди дека патот на Ибра до Милано е отворен како матката на мајка во осми месец бременост (парафразирано), односно дека „бебето е во осми месец“.

ММЕ, кој прв почна? Ибра амнестирачки се пожали дека Пеп Гвардиола веќе шест месеци има во кои го викнал да му гледа на кафе само 2 (два) пати. Пеп пак, политички не/коректно побара логичка констатација од сите дека „за такво нешто да е вистина, треба да има многу добра причина, нели?“

Еден познат музичар од нашите комшиски простори не толку одамна испеа: „Кога љубовта се губи, гаси, еден секогаш знае...“. Знаеше и Барселона со Роналдо, знаеше и Ривалдо со Барселона, знаеа и Барса и Дињо дека е време да се продолжи понатаму. Во случајов, прв знае Гвардиола, кој иако кажа дека генерално нема проблем со задржување на Ибра во тимот (политиката на Барса е позната: нема проблем, не ми сметаш, напротив, повели остани, само не гарантираме минутажа), реално за најскапата аквизиција во историјата на Барселона (!) ова значи само едно: шут карта!

Дека работите стојат така стана јасно уште на реваншот против Севиља во Суперкупот на Шпанија. Прва опција за Пеп беше Бојан, и тоа само затоа што Виља беше „рековалесцент“ од долгото топло лето по плажите, сончајќи го својот златен медал од светското првенство. Ибра е на далечната трета позиција, а за играч „од таков калибар“ – на клупата е претесно. Уште една причина плус да се продаде Ибра е фактот што идното лето многу веројатно Барса повторно ќе тргне по Цеск, а барем декларативно треба финансиско оправдување за трошење на буџетските пари во формата на свежи тазе печатени евра кои ќе легнат на сметката на Барса директно од тајните фондови на дон Силвио Берлускони со кои штеди за недај боже и одмор во Дојран. Со една „четириесетка без кромид“ ќе се даде добра инфузија во пресрет на идногодишните инвестиции во градот на Темза, откако другите позиции во тимот практично се одлично покриени. Факт плус: Ибрахимовиќ може да остане годинава. Точно е, може и да игра заедно со Виља. И јас се обложувам дека доколку јас, или ти, или тој бевме менаџери на Барселона, која на пример наместо да дава пари на УНИЦЕФ би добивала, ние ќе го чувавме Ибра макар половина година ја поминал строго на клупа „со леб и вода“. Бидејќи сепак не сме на тие функции, и бидејќи реално Ибра на клупа само ќе губи во цена од ден на ден и догодина ќе вреди можеби и половина од ова денес, сега е моментот да се продаде, да повторам откако Пеп јасно стави до знаење дека не смета на него за некој посериозен ангажман сезонава, колку и чудно ова да звучи некому (кој на пример не знае кој е Давид Виља...).

Во очекување на официјалната потврда, Ибра, среќен пат на Сан Сиро, и ајде, биди првиот кој направил трансфер на оваа дестинација и изиграл подобро отколку на Камп Ноу.

КУПОТ НА ШАМПИОНИ, ВО МАЛО

Барселона ги доби своите противници во Лигата на Шампионите и второ, трето и четвртопласираните екипи од првенствата. Во нејзината група, за среќа, ради реномето на натпреварувањето има три прваци, покрај Барса: Рубин Казан, шампионот на Русија, Панатинаикос, шампионот на Грција и Копенхаген, шампионот на Данска. 

Овој хет-трик од извлечени шампиони го постигна Гари Линекер, екс-барселонистот, човекот кој ги извлече противниците на Барселона на патот кон „финалната дестинација“ во мисијата: Вембли, 19 години подоцна откако го освои последниот официјален Куп на Шампиони, пред ова натпреварување да го добие новиот формат.

БУСКЕТС СИ ДОБИ ИГРАЧКА

Секако дека се шегуваме. Аквизицијата на Хавиер Маскерано за пивот позицијата во тимот, првенствено како алтернатива за Бускетс откако младинците од Б тимот покажаа, но не доволно во подготвителните натпревари, потврдувајќи дека од нив можеби ќе биднат играчи, како и од многу пред нив, но само со играње и печење на занаетот покрај нозете на Чави, Иниеста и Бускетс. 

Сезоната е долга, се игра на многу фронта, „Маске“ ќе придонесе за зголемување на длабочината на тимот и не-дај-Боже изнудено решение во време на епидемија од повреди, која фала Богу минативе 2-3 години не одмина.

Visca el Barca, Visca Catalunya i Visca Macedonia!

7 коментари:

  1. Лани со Ристе од 24 фудбал башразговаравме коа дојде Ибра и он се кладеше дека Ибра ќе блеска и рече дека ќе даде преку 20 гола. Тогаш му реков дека Ибра нема конституција нит па најбитно перцепција да се вклопи во играта на Барса од причина што не размислува доволно врзо и ретко знае да го промени додека тече акцијата она што го наумил. Не знае да се уфрла во празно не знае да извлече понадвор пред шеснаестник па повторно да се уфрли длабоко предф голман нешто што го правеше Ето совршено итн итн,,,Кога Ибра почна блескаво на почетокот и ме прашаа за тезите околу Ибра реков, Барса игра за него , победува но не е брилијантна и препознатлива само прашање на време е кога Пеп нема повеќе да ја форсира играта за да му одговара на Ибра...и тоа и се случи сега сето тоа се гледа....

    Преплативте сега и повеќе од што Реал плати за Роналдо, Роналдо успеа и допрва следува од него волшебство, а Ибра плука по Барса

    Во ред е тезата дека никој не е поголем од клубот, но сметаш дека баш на толкацко мало вратиче треба ситеда ги испраѓаат...
    Приказната е башваква: викаш дома курва се дразниш се лигавиш ти иде и брак да и понудиш ја ебеш ја утепуваш и викаш дека е божица ја прскаш и на крај ја бркаш и ја пцуеш...ете така се однесува Барселона кон своите фудбалери...
    Тезата е во ред но може да се примени поинаков начин од тоа да ги третираш фудбалерите кои ти донеле слава како ороспии

    ОдговориИзбриши
  2. Не е точно дека Барселона плати повеќе отколку Реал за Роналдо. Точно е дека минатото раководство плати многу за Ибрахимович, премногу можеби, меѓутоа сепак сумата е уште далеку од богатството платено за играчот чија магија допрва желно се очекува.

    И толкацко мало вратиче, а сепак поголемо од портите на Гелзенкирхен :) Дарко, не верувам дека си го гледал Гампер, ама таму можеше да видиш каков прием имаше Роналдињо. Во моментот замина како што замина, но оној кој заслужил ќе си го добие своето. Тоа е во секој случај почесно од ронење солзи и правење паради, момент пред да го пратиш капитенот на гурбет во Германија :)

    И морам да ти укажам: не викаме дома курви. Не им правиме деца, и не им одземаме старателство од страв да не не тужат и да ни расипат врска со новата свршеница. Чесно, кога ќе дојде крајот на љубовта, си пушташ рака - не мора ништо друго да остане освен почит. Кога почитта недостига, има нешто сомнително, а што времето ќе покаже. Или минатото ни покажало, само не гледаме добро. Нејсе. Забелешката ти е коректна, само ми се чини како многу поприкладна да ја пратиш на друга адреса :)


    Mes!

    ОдговориИзбриши
  3. Учинокот на Роналдо од лани го оправда секое евро платено за него, а тоа што никој ни за миг не постави прашање дали Роналдо вреди за парите или не го докажува тоа. Магијата е веќе покажана а продолжението крунисано со трофеи допрва следи.

    Раул не беше пратен на гурбет, самиот посака да оди со желба да игра а работите му беа јасно поставени до знаење дека нема со сигурност да му биде доделено место во стартните 11. Мурињо побара од него да биде во функција како Матераци во Интер, кога ќе биде потребно да влезе со елан и да помогне на клубот и повеќе да биде присутен за создавање на морал и инспирација.

    Гампер јас го гледав, и ниеден Гампер не може да ги заемни пцостите на Ел Прат околу нова година по само 360 дена откако беше прогласуван за бог од токму тие кои го плукаа. И тоа е непобитно. На ривалдо Гампре му напраивте???? Играше за ситни пари со срце го шутнавте и смени со клуба по Карпатине и Авганистанскине пустелии да спечали за старост.

    А третманот е бате курвински, челниците години наназад не пуштаат рака, него клоца и тоа е непобитно исто.

    И НАЈБИТНО ЗАБЕЛЕШКИТЕ НЕ СЕ ПОРАДИ ТОА ШТО СЕ РАБОТИ ЗА БАРСЕЛОНА НЕГО СЕ ОБЈЕКТИВНО ДЕФИНИРАНИ

    ОдговориИзбриши
  4. А Златко вика вака:
    Ме уби филозофијата на Гвардиола !
    Веднаш по договарањето на трансферот во Милан, Златан Ибрахимовиќ отворено проговори за својот лош однос со тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола.
    - Тој е еден филозоф кој ги уби сите мои соништа во Барселона. Имам чувство дека од првиот ден не ме засака и затоа сета своја љубов ќе му ја посветам на новиот клуб - Милан. Не можам да опишам колку сум среќен, пак можам нормално да играм и да тренирам, изјави Ибра.

    ОдговориИзбриши
  5. Коментаров го отстрани администратор на блог.

    ОдговориИзбриши
  6. picka vi mater na site vie navivaci na barceKurot, pozdav od inter :).. ronaldo igral smesni 5 godini vo inter neli, a kaj vas super bil koga igral ?? ok igra; impresivno.. no dalie e vina na inter so ronaldo igral smesni 65 natprevari sa 5 sezoni?? 3 sezoni ne dopre topka so noga od povredite, a vie pisuvate kako sto ke vi prilegat na vam. neli e sramota da Lazes i da kazuvas besmislici koga i samiot znaes deka ne e vistina a pak istoto go kazuvas kako mu odgovara na barca.. koga ednas ke prestanete da se falite sebe i samo sebe, poslednite 5 sezoni samo vikate barca barca barca, kaj vi bese barca porano??? igravte kup na ueffa sekoja godina, ne znaefte sto e toa liga na sampioni picka vi mater sa site

    ОдговориИзбриши
  7. Прво, да нагласам дека денот кога ќе се расправаме со навивач на Интер кој ќе забележи за „минатите 5 години“ како период во кој ние сме гласни, а пред тоа не сме знаеле што е ЛШ, ќе е последниот ден на постоење на овој блог :)

    Второ, чест на културата која ја покажуваш, ама за жал на исто ниво никому никогаш нема да му биде возвратено тука, бидејќи ги вреднуваме позитивните страни на домашното воспитание, а против отсуство на истото може да се справиме на два начини: со бришење, или со оставање можност за дискусија (алтруизмот е убиствен, но и неменлив...).

    Па анонимен кочијашу, ако си за муабет во кој можеби и ќе најдеш коректна замерка во текстот (на пример, дел каде некој го нападна Интер кажувајќи некоја бесмислица или лага) напиши, дури ако инсистираш повторно нека е под велот на анонимноста. Ако не, слободно прескокнувај ја оваа веб адреса. Ќе преживееш, и ти и ние :)

    Секое добро.

    ОдговориИзбриши