понеделник, 20 септември 2010

Кројф: „Ако паднеше трет гол, Меси немаше да заврши на носилка“

Јохан Кројф во својата неделна колумна во El Periodico напиша дека доколку се извршел поголем притисок врз Атлетико Мадрид, односно доколку вчера беше постигнат трет гол, Меси немаше да го напушти теренот на носилка.

„Ако Меси, Виља и Педро беа успешни во обидите, или Де Геа не им ги одбранеше ударите, веројатно Аргентинецот немаше да го напушти Висенте Калдерон на носилки“, напиша тој.

Додаде дека верува дека „ова најтешко му падна на Меси кој го напушти Калдерон повеќе мислејќи на пропуштената прилика да го совлада Де Геа отколку на болката во својот десен зглоб“.


За Кројф, победата во Мадрид, покрај трите бода на контото, може да послужи и за извлекување на вредни поуки во иднина.

„Ако тимот не ги претвора поефективно шансите во голови, ќе страда на многу натпревари бидејќи дoколку играта се сведе на меѓусебна размена на константни фаули, Барса секогаш ќе биде губитник. Оваа сезона нема да е воопшто лесна“, додаде Кројф.

За Холанѓанецот она што е јасно во моментов е дека Барса треба да ги игра своите натпревари со 9 или 10 стандардни првотимци бидејќи спротивниот пример покажа дека нејзината игра не е толку добра и течна во исчекувањето и надежта дека ротациите во тимот нема да влијаат на играта на екипата.

Кројф воедно го пофали и младиот голман на Атлетико Мадрид, Давид Де Геа, изјавувајќи дека „кога тој ќе застане на голот во тимот на Дел Боске [Шпанија], никој нема да може да го „мрдне“ од таму“.

Нема коментари:

Објави коментар