четврток, 14 октомври 2010

Против Валенсија без Чави, но со Виља

Полека се екипираме и се подготвуваме за саботното дерби против лидерот на табелата Валенсија. Па во очи на натпреварот, неколку блиц информации:

-Чави дефинитивно е надвор од составот. Докторите му забранија да игра и на овој натпревар со цел што подобро да заздрави и најавуваат негово враќање во тимот на виталниот натпревар од ЛШ против лидерот во групата Копенхаген, во среда на Камп Ноу од 20:45.

КОНЕЧНО, ПРВ!

-Најсреќниот меѓу фудбалерите за спасувањето на рударите во Чиле и најдобриот стрелец во историјата на Шпанската репрезентација Давид Виља (има ист број на голови како и Раул Гонзалес во дресот на Ла Роха, 44 на број, но постигнати во 33 натпревари помалку од легендата на Реал - односно има уште многу натпревари во кои ќе може не само да го сруши рекордот на Раул, туку и да постави недостижни бројки во догледно време за било кој друг напаѓач), ќе биде во тимот кој ќе се соочи со неговиот довчерашен клуб и покрај малата повреда која ја заработи на мечот на Шпанија во Шкотска. Токму против Ел Че, Виља ќе има шанса да се врати во голгетерска форма, а Астуријанецот најави дека доколку тоа се случи, нема да го прославува голот. Ма, само нека им шибне 3 парчиња и ич нека не ги слави. Никој нема да му се налути.

-Самуел Ето беше гостин на тренинг на Барса, за прв пат после заминувањето во Интер. Ето во Каталонија пристигна првенствено на средба со Зубизарета и договарање на идната соработка на неговата фондација со клубот.

-Има новитети околу членството во клубот, но за тоа во посебен пост...

Нема коментари:

Објави коментар