понеделник, 11 октомври 2010

Фановите на Барса го построија светот на мотоциклистите [Лоренцо и Елијас, шампиони!]

Хорхе Лоренцо ја освои својата прва титула во Мото ГП шампионатот откако финишираше на подиумот во Малезија. Младиот возач е страствен фан на Барса, нешто што го покажал и докажал дури и со носењето на боите и симболите на Барселона на својата опрема.

CAMPION DEL MON! E, НЕ, ЌЕ СЕ ЗАЕБАВАМЕ!
Лоренцо заврши на третото место во Малезија, и тоа беше доволно за да ја обезбеди својата прва титула во Мото ГП категоријата, наследникот на најсилната категорија од минатото - 500 кубици - на три трки до крајот на сезоната.


Лоренцо е роден на 4. мај 1987. во Палма де Мајорка, и е пасиониран навивач на ФК Барселона. Својата посветеност кон тимот не ја криел никогаш, напротив, во неколку наврати се погрижил да биде сосема јасно истакната. За прв пат после освојувањето на својата прва титула во категоријата до 250 кубици во 2006. беше примен од претседателот на клубот Жоан Лапорта и му беше подарен дрес на Барса.

Најзначајниот израз на навивачкиот дух Лоренцо, Барса и Јамаха го договорија минатата година на трката во Каталонија на која Лоренцо се појави со амблемот на Барса на неговата кацига, мотор, а по трката и со веење на знамето на тимот. „Скафандерот“ на Лоренцо заедно со кацигата по трката возачот ги поклони на музејот на клубот.

Прв титулата на Лоренцо му ја честита неговиот главен конкурент годинава Дани Педроса, уште еден Каталонец во врвот на најсилната Мото ГП категорија.

И за да биде триумфот комплетен, својата прва титула во кариерата вчера на Сепанг ја обезбеди уште еден Каталонец! Тони Елиас, момчето од Манреса, ја освои својата прва титула во кариерата во втората по јачина категорија меѓу најдобрите мотоциклисти. Честитки и за него! Феноменален успех на двајцата навивачи на Барса кој вреди да се прослави меѓу сите фанови на тимот кој го сакаме!

'NUFF SAID!

Нема коментари:

Објави коментар