сабота, 23 октомври 2010

Messi no perdona [Зарагоса 0-2 Барса]

Во голгетерска реприза на мечот против Копенхаген, пар голови на Лео Меси беа сосема доволни за задржување на 100% ефект на гостувањата сезонава во Ла Лига и постигнување на најдобриот старт на гости (4/4) во историјата. Со победата остануваме најмалку во првата тројка и по оваа недела, бидејќи оној другиот тим си игра играчки со Расинг и ќе си остане на чело на табелата и по оваа недела.

Околу мечот: Виља беше повторно присутен, играјќи повеќе во шеснаесеттикот, помалку во офсајди, но пак здрви статива. Барем соработката со Лео му се подобрува - одлично му асистираше за првиот гол, на пример :)




Втората егзекуција по голот на Зарагоса дојде по неуспешните обиди на Кеита и Иниеста во една акција која ја заврши повторно Лео и „го уби“ натпреварот, барем резултатски, иако тимот беше активен до самиот крај во обидите за постигнување на трет, седми и 25-ти гол.



Доминиравме на секое поле и лесно ќе ги здробевме и да не останеа со 10 играчи после глупавиот фаул т.е. удар без топка на Понзио над Даниел Алвеш. Ла Ромареда - штиклирано.

Вторник во 22:00 ќе играме против Сеута, ако некако успееме да стигнеме до таму, а наредната сабота на Камп Ноу, повторно спектакл: ни доаѓа „секогаш незгодната“ Севиља која последниот пат од наше село си замина со четворка.

Доаѓа и ноември... месецот во кој оној другиот тим кој се наоѓа на првото место, конечно ќе се соочи со неколку вистински тестови за неговото лидерство, како на пример, натпреварите со нас, Атлетик Билбао и градскиот ривал Атлетико.

It's showtime!

3 коментари:

  1. si, si, si, Messi no perdona !!! . . . drugive neka pocnat da gi sledat Messi i Iniesta . . pa neka pravat deca i Villa i Xavi i Bojan (ako mu dozvolat od doma), i site ostanati . . ako toa e motivacijata (-: (-:

    ОдговориИзбриши
  2. Па Валдез откако му се роди син далеку посталожено игра... Иниеста го видовме... А замисли Пујол подмладок кога ќе добие што ќе се случува :)))

    ОдговориИзбриши
  3. епа тоа е тактиката, не треба посебни тренинзи, мотивации, песни, Гладијатори итн. . . поентата е Пеп да им дава повеќе слободно време (карантини никако), и да ги мотивира да прават деца, па нека се вклучи тука и Росељ, нека им дава покачувања за секое дете (не мора за секое трето) . . и одма помотивирани, и + нов Пужол, нов Чави, нов Меси, Биља . . . :-D :-D

    ОдговориИзбриши