недела, 31 октомври 2010

Со-Виља 5-0 Севиља [Блауграна машинеријата - маестрална!]

Недостигаше финиш? Момците се инспирираа. Тики така, старата Барса во најдобро светло. Се инспирираа против традиционално незгодниот противник. И ја смачкаа експедицијата од Севиља, среде Камп Ноу.

Против Севиља - со Виља: ова беше најчесто бираната опција во анкетата која стоеше на овој блог - и човекот не' послуша :) Постигна 2 гола, исто како и Меси. Свои 5 минути имаше и Алвеш, бирајќи да не ги прослави со трчкарање низ стадион или покажување кон ушите како некои фудбалски совршени ама карактерно недоделкани суштества во меренге комбинација.

Барса ја покажа моќта. Оние постарите ќе се сетат на едно хронично заболување кое не' фаќаше секој ноември на крајот на минатата и почетокот на оваа деценија. Синоќешната распаљотка беше добра увертира за еден плоден месец во кој би сакале за почеток да го обезбедиме пласманот во 1/8 финалето на ЛШ (уште во вторник против Копенхген), а за крај да ги поставиме работите во Примера на свое место ;)



Оваа банда со команда може се што ќе посака. И тоа ќе го покаже и докаже, на терен. Дотогаш, поклон пред најдобрата партија на Барса сезонава.

Нема коментари:

Објави коментар