среда, 27 октомври 2010

Кога е гага, и Афелај е Цеск

Ибрахим Афелај од ПСВ Ајндховен е трансфер мета на Барса, пишува sport.es. После 8-годишна романса, клубот од Ајндховен и играчот со мароканско потекло ќе раскинат, па во моментов има многу сводници заинтересирани за договор со Афелај.

ХАХА, ПЕП, И ТИ ГО САКАШ ДРУГАР НИ?

Договорот на „Иби“ со ПСВ завршува на 30. јуни 2011,а играчот одби да не го продолжи: момент кој за добар дел од силните европски клубови значеше едно - можност за бесплатно доведување на млад, искусен играч, како на клубско, така и на интернационално ниво (30 меча за „Оранје“).


Покрај Барса, за него се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Валенсија, Мен Јунајтед, Ливерпул, Баерн Минхен, Хамбург и Интер, а последниве според шпекулациите на Tutto Mercato се подготвени уште во јануари да искешираат што треба, да не чекаат до јуни и да го спојат Афелај со Весли Снајдер.

Во една ваква комбинација може да се вклучи и Барса, земајќи во предвид дека цената во јануари би била нешто над 2 милиони евра (бидејќи во јуни ќе биде нула, нели...).

Според извори на Sport.es клубот веќе започнал контакти со ПСВ и реално е да се очекува дека ќе се бори докрај да ги обезбеди услугите на овој 24-годишен фудбалер за многу мала сума на пари, што е во склад со новата трансфер политика на тимот (демек, сиромаштија било...лажговци :) ), а токму реномето кое Барса го има во Холандија последниве 30-тина години би можело да биде пресудно доколку во јануари на пример, „Иби“ треба да бира меѓу Барселона и Интер.

Како оваа вест (трансфер) ќе влијае на плановите (желбите) на клубот да го пазари Цеск во јуни, ќе видиме. Фабре е Фабре, ама ако се покаже Афелај, соодносот 2:50 ќе добие на огромна тежина кај сите поддржувачи на купувањето на капитенот на Pride of London.

3 коментари:

  1. Мароканчето би било нашето Турче (во Реал) (-: . . . ипак има потреба, Иби е профил на играч ала Иниеста, и со проблемиве на Чави, ни треба некој играч шо ја барата топката (Кеита и Бускец неможат да го играат тоа, а Мазињо-џуниор треба уште заушки да лапа) (-: . . . Фабре е Фабре, а и соодносот 2:50, не верувам дека некој ќе го откаже од Цеск (колку и тоа да чини) . . али кога е гага зимај (уште во Јануари), па ако се покаже арно, ако не на лето сигурно ќе вреди минимум 15 милиончиња, па или продај го, или вклучи го у трансферот на Фабре (и така Арсен љуби такви играчи), бизнис ипол е трансферчево, + во време на сиромаштија, а и потреба од таков играч . . . Земај го брате (не ти, на Росељ му велам) :-D

    ОдговориИзбриши
  2. Like! Мазињо џуниор ако не влезе во екипа годинава, догодина кај бато во Галатасарај ќе оди... :) А „Иби“ не делува воопшто лошо. И како што рече... Арсенал обожава вакви играчи :) Ако не ни го соберат пред нос во јануари... ќе биде дооообро :) 24 години, еј! Искуство - да пука :)

    ОдговориИзбриши
  3. туку се воа убаво со Афелај (нека се потрудат да дојде) . . . неко шо праиме со Бојанче наш, детево незнам ни подмладок дали го спасува, као шо прочитав сезонава нема гол дадено (на официјален меч), 20-ка начука веќе, ама ништо не видовме од она "најнадежен шпанец", уште е млад, АМА . . не му одиТ, и Виља не е ништо поарен (дали тој вештерот Пепе му фрлил некоја магија :-D), ама пак овој има нешто зад себе, има кредит, а со Бојанче мора нешто да се превземе (позајмица/збогум/или да се искористи у сапуницава Фабре), мислам дека мора да ослободуе место, па нека му се даде шанса и на она Бразилчено Кеирсон (14 мил. се платија)

    ОдговориИзбриши