недела, 17 октомври 2010

Камп Ноу, местото каде паднале многу „лидери“ [Барселона 2-1 Валенсија]

Потешко од очекувањата? Или, сепак игравме со лидерот? :)

Одлично поставена игра на Валенсија и изедначената игра во првото полувреме во која од двете стопроцентни шанси гостите реализираа една, и дијаметрално спротивно второ полувреме поминато во потполна доминација на Блауграна машинеријата која не почести со тики така, вака онака, како сака, и постигна еден молњевит изедначувачки гол [дон Андрес] за 15-тина минути подоцна Ел Капитано да му се поклони на не баш благодарен начин на голманот на Валенсија, Цезар, за неговите одлични одбрани - и двата гола по асистенција на оној што не е повреден кога целиот свет мисли дека е - доктор Чави.

2-1=3. Изедначени по бодови со Ел Че, полека ги будиме од романтичарскиот стартен залет во Примера. Но поважно од се, ја сефтосафме новата трева на Камп Ноу со победа и три бода. Наредната можност за истото е веќе во среда, против Копенхаген.

Нема коментари:

Објави коментар