недела, 30 јануари 2011

Расчистување стари сметки [Херкулес 0-3 Барселона]

Сабота 29 јануари, 2011, Аликанте, стадион „Рико Перез“. Барселона дојде да наплати некои нерасчистени долгови. До почетокот на средбата тимот на Херкулес важеше за единствена екипа која има победа над Барса во првенството [и тоа на Камп Ноу].

Иако многумина можеби и ќе негираат сепак се чувствуваше дека тимот на Барселона е дојден за реванш. А причините се познати. Казнената експедиција се наоѓа во неверојатна форма и низа од 14 последователни победи во Примера, игра бесконечно добар фудбал, дели петки ширум Шпанија. Дамката од поразот во септември мораше да се отстрани. Сепак позитивната традиција и домашниот терен му даваа на Херкулес право и надеж за добра претстава. И рака на срце не се претставија ни малку лошо. Уште еднаш демонстрираа дека се една од ретките екипи која горе-долу знае како да ја неутрализира напаѓачката машина на Барселона.



Краткото резиме од натпреварот е следено: Доминација во посед на топката на Барселона [68%], добро, но не уверливо прво полувреме во кое домаќинот имаше одлична прилика за водство, гол на Педро кој според мене се покажа како клучен за натпреварот после неколку последователни грешки на одбраната на Херкулес, одлично второ полувреме во кое Барселона контролираше буквално се, за на крај најдобриот играч на светот да постигне два прекрасни погодоци. Претходно кажаното заокружено со бројки и статистика:

Херкулес 0 – 3 Барселона

Педро 43, Меси 88 и 89 минута. Нови три бода, 15та победа во низа и израмнување на рекордот на Реал Мадрид на Ди Стефано од пред точно 50 години, Педро стрелаше на 6ти меч во низа со што го помина Меси во таа категорија, Меси го запиша 21от гол сезонава.

Видеото од натпреварот во продолжение ...


Нема коментари:

Објави коментар