среда, 19 јануари 2011

Доживотен договор за Жозе Мурињо

Доаѓањето на Жозе Мурињо на чело на Реал Мадрид значеше дека Лос Бланкос добија засилување не само во техничко-тактички смисол туку дека сериозно се засилија и во редовите на оние задолжени за „специјалната војна“ која секојдневно ќе се води по медиумите и ќе има за цел некаде да го подигне, некаде да го олабави притисокот, зависно од потребата, со цел да се дестабилизира противникот, а да се задржи мирот во сопствената соблекувална.


„Специјалниот“ не чекаше долго пред да почне да ги фрла отровните стрелички, вешто, перфидно, на адреса на противничките тренери, играчи, на адреса на судиите и федерацијата, истовремено обидувајќи се да врши притисок од позиција на тренер на најтрофејниот клуб во Шпанија и да подготви терен за алиби во случај на неуспешна сезона.

Кога станува збор за Мурињо, не може да се спори за тоа дали го храни својот егоманијачки порив тенденциозно и храбро превземајќи го притисокот врз себе, или едноставно тоа му доаѓа така „само по себе“ - Му обожава да биде во центарот на вниманието. Не може да се спори и за нешто друго. Лајтмотивот на функционирањето на Жозе, каде и да е, е дека тој - „НЕ МОЖЕ ДА ПОГРЕШИ!“. Ароганција пар екселанс, прифатена со обете раце од страна на неговите поддржувачи, оправдана со неговото неоспорно познавање на фудбалската игра кое резултирало со повеќе освоени титули на национално и европско ниво.

МИСИЈА: Барселона

Во една прилика пишувавме за обидите да се „закачи“ со Пеп, на неколку наврати. Дека ова ќе се случи, знаеа и малите дечиња во Барселона, па Пеп и екипата беа подготвени за се што Жозе, мајсторот на скандалот, ќе им' смисли. Впрочем, неговото доаѓање во редовите на тимот од Мадрид е со една единствена цел: да се победи Барселона.


Му, користејќи ги стандардните тактики, секогаш избегнуваше директно обраќање до тренерот и клубот, поради што и не му беше одговорено на начин на кој посакуваше. Другите тренери неретко знаеа нервозно да изреагираат на провокациите на Му, нешто што Пеп не смее/ше да го направи и потполно фокусиран на својата екипа си ја гледа својата работа, а не работата на другите, за што заслужува почит. И не само Пеп... Ретко, само во 2 или 3 прилики играчите на Барса прашани за некои ставови на Мурињо коментираа кратко: „Не не' интересира“, „Не' ни пречи, напротив, не' мотивира“ и слично. Единствено Дани Алвеш се најде во малку поширок муабет со тренерот на второпласираната екипа во Шпанија последните неколку години, шегувајќи се на сметка на изјавите на Жозе.

Дека Мурињо непотребно ги мотивираше момците од Блауграна машинеријата се покажа и на 29. ноември минатата година, кога Специјалниот мораше да ја држи својата голема паметна уста затворена и скриена во глувчјата дупка на клупата за резерви, веројатно смислувајќи начин како да ископа тунел од под Камп Ноу директно до Мадрид, за момент откако ќе сфати дека тоа е реално неможно, да започне да ги координира мислите во еден Гебелсов манир, со цел да не признае отворено дека сака земјата да го голтне во тој момент.

ЗБОРОВИ ОПАСНИ ПО ЖИВОТ

Арсеналот на „отровни стрелички“ на Мурињо е голем: почнувајќи од обвинувањата за постоење на двојни стандарди и во Шпанската примера, и кај УЕФА, и насекаде каде и да оди (калимеро синдром „Целиот свет е против мене дека сум многу добар“), преку дрското однесување кон противничките тренери, до вадењето на списоци со изброени судиски грешки, кои го оштетиле неговиот тим, нешто незамисливо за клуб од рангот на Реал Мадрид, еден од двата најуспешни тимови во Шпанија кои често се наоѓаат на поубавата страна од медалот кога се во прашање одлуките на „луѓето во црно“ - нешто што некој би рекол дека е „нормално“ бидејќи станува збор за големи екипи - иако пак, додуша многу поретко, токму судиите навистина знаеле да „свират“ разулавено контра посилниот, дали во корист на послабиот противник во моментот или не [„Виљарато“ и „Види колку пенали му досудија на Реал“ експертските размисли ќе ги оставиме на страна во моментов], пресудете сами.


Да се потсетиме, станува збор за истиот човек кој со таквото однесување „го пензионираше“ шведскиот судија Андерс Фриск после обвинувањата дека на полувремето од натпреварот меѓу Челзи и Барселона, на кој на Дидие Дрогба му беа покажани два жолти картони, го поканил тогашниот тренер на Барселона Франк Рајкард во својата соблекувална на полувремето, сакајќи да наведе на размислување дека токму Фриск и Рајкард на полувреме седнале во соблекувална, веројатно пресекле парче посебна и осоговски овчи кашкавал, наздравиле со ракија и одлучиле да му го плакаат мамето на Мурињо, бидејќи најубаво се облекува, потсетува на Џорџ Клуни, а неговото фудбалско знаење и успеси може да го сонуваат Фергусон, Трапатони и Маринус Михелс - заедно.

За оние кои заборавиле, Андерс Фриск е судијата на финалето на ЕУРО 2000. меѓу Франција и Италија, судија на полуфинални натпревари во Лигата на шампиони и ЕУРО 2004. и според Пјерлуиџи Колина, единствениот судија кој тој би го одбрал да го суди финалето на СП 2002. наместо него. Но, врската меѓу Жозе и добар дел од фановите на екипите кои ги води [оние со пократок фитил секако го сакаат], е силна, па веднаш по таа изјава Андерс Фриск започна да добива смртни закани и недолго потоа изјави дека моментално се повлекува од судењето, токму поради стравот од смртен епилог на зборовите на Жозе по него или по неговата фамилија.

КАЛИМЕРО, НЕМА ПРАВДА!  

На прес конференцијата после натпреварот меѓу Реал и Севиља на Бернабеу, Жозе извади листа со 13 судиски грешки, на меморандум од клубот, што значи дека некој за време на мечот го бележел она што го смета за грешка на судијата Клос Гомез и му го дал во форма на официјален документ во рака на Специјалниот, за овој да има на писмено повод плус да ги „подбуцне“ судиите кои „не го сакаат него и неговиот клуб“. Настан кој е преседан во историјата на фудбалот, а особено кога станува збор за тим како Реал од Мадрид. Настан кој никако не е во склад со поимањето на фудбалската игра како спорт кој не е имун на човечките грешки, за кои да, разбирливо е да има повремени реакции од тренерите на екипите кои сметаат дека се оштетени, но истите се помалку смешни кога доаѓаат во форма на акутен синдром од човек на кој не можете да извадите со клешти половина збор критика дури и кога ќе му воочите дека нему милите пулени, како Кики Роналдо и Ди Марија, паѓаат по неколку пати на секој натпревар како погодени со Црна Стрела, притоа изнудувајќи пенали, картони или фаули во близина на голот. Тоа е човекот кој обвинува за двојни стандарди во фудбалот, за двојни правила: едни важеле за сите останати, другите само за него.


Послениот испад на Жозе и управата на Мадриѓаните е всушност и поводот, но не и причината за овој текст. После стандардното коментирање на судиските одлуки во последните неколку натпревари на Реал во купот и Ла Лига, на официјалното соопштение посветено на реванш натпреварите од Копа дел Реј, објавено на официјалниот сајт на шпанската фудбалска федерација, во делот во кој се најавува реваншот меѓу мадридските ривали, на крајот на текстот стоеше:

„...Судијата Туриендо Алварез ќе го суди реваншот [помеѓу Атлетико и Реал], под будното око на Мурињо, кој е незадоволен од судењето [на мечевите на Реал] во последните неколку кола во Примера...“

Оваа реченица, подоцна отстранета од официјалниот билтен на РФЕФ, беше повод клубот на својот веб сајт да објави соопштение во кое стои:

„Во врска со повеќето новински извештаи за официјалниот билтен на РФЕФ кој алудира директно на нашиот тренер Жозе Мурињо, ФК Реал Мадрид сака да:


1. го изрази своето незадоволство од таквите референци на официјалниот сајт на федерацијата


2. ја потенцира штетноста на ваквите референци објавени на официјалниот веб сајт на федерацијата во врска со нашиот тренер, кои се далеку од објективни, неутрални и фер предрасуди какви би требало да содржи еден официјален билтен на ова тело


3. категорично да одбие понатамошно карактеризирање на нашиот тренер на начинот на кој што тоа го прави официјалниот веб-сајт на федерацијата, бидејќи според нас ова може намерно да предизвика свртување на организација како Судиската против тренерот на Реал Мадрид и самиот клуб


4. побара одговорност од надлежните поради искажаната непочит кон нашиот тренер, клубот и фановите


5. искаже жалење за публикацијата на вакви официјални билтени на официјалниот сајт на федерацијата, иако Реал Мадрид ќе продолжи со напорите за одржување на најдобрата можна релација меѓу клубот и федерацијата во рамките на она што сметаме дека е во полза на шпанскиот фудбал“

[преводот е слободен, неофицијален, а оригиналот може да го прочитате тука]

Иако искажаното во билтенот на РФЕФ можеби е непотребно, сепак покрај известувањето за тоа кои дуели се на програмата во Копа дел Реј, билтенот содржи и фрази како оваа: „...Момците на Лотина ќе се сретнат со тимот кој е мотивиран после ремито против Реал Мадрид во лигата. Последниот тим во Примера започнува со преднсота стекната во првиот меч од 1-0...“. Станува збор за описот на натпреварот меѓу Депор и Алмерија, а слични описи има и за другите дуели. Значи, не станува збор за некакво сувопарно информирање, туку авторот на билтенот нуди малку ја порширува рамката на досадноста и ги кажува најактуелните информации во врска со натпреварите.

Нејсе, некој реагирал, федерацијата сметала дека е неприкладно во извештајот да стои делот за Мурињо, го отстранила, па Реал Мадрид изреагирал. Иако, напишаното е едноставно чиста вистина која ја знаат и врапчињата во Шпанија, ја пренесуваат сите можни весници, телевизии и радио станици.

ЖОЗЕ ЗНАЕ НАЈДОБРО

Како потсетување за причините поради кои Реал реагира вака бурно, Судиската организација во Шпанија покрена [уште една] истрага против Жозе Мурињо за изјавите по мечот против Алмерија на кој „кралевите“ ремизираа со последно пласираната екипа во Примера, 1-1. На прес конференцијата по мечот, Жозе за судијата Перез Ласа изјави: „Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни суди нам, ниту на Барса“.

Колку благородно од негова страна. Сепак, обидот уште еднаш да се стави во улога на човекот кој сите треба да го слушаат и веројатно најдобро би ги делегирал судиите во Шпанија, не помина незабележан од Судиската организација, па Жозе има недела дена да се одбрани од обвиненијата т.е. да објасни што сакал да каже со тоа, после што ќе биде или нема да биде изречена некаква мандаторна казна против него, каква што на пример си заработи и Пеп Гвардиола поради инцидентот по мечот на Барса со Алмерија минатата година - на тој меч Пеп доби црвен картон затоа што наводно на судиите им рекол „свирите без врска цел натпревар“, нешто што Гвардиола жестоко го негираше и го нарече Клос Гомез [истиот судија од инфамозната „листа со 13 грешки“] „лажго“. И си помина еден натпревар на трибините наместо покрај аут линијата.

Сепак, Пеп не излезе на прес конференција да се жали за некакви двојни стандарди или неправди нанесени врз него, туку мирно ја прифати казната од РФЕФ, одбивајќи да го коментира тој случај понатаму, бидејќи го има истиот став кој го искажал во прв момент - „Не ги кажав зборовите поради кои ме исклучија“.

За очекување е после казната која ќе му ја изрече Судиската Жозе повторно да ја започне својата жалопојка, која ќе предизвика чувство на индигнација кај повеќето мадридисти, револт кај тренерите на помалите екипи, и „not a single fuck“ меѓу играчите и стручниот штаб на Барса.

ПРАВДА ЗА МУ, ВЕДНАШ!

И бидејќи некој повторно ќе искоментира дека „зад добриот коњ прашина се дига“, а некој дека „коњ си е коњ, без оглед колкав бербат прави“, за да ги смириме тензиите, ќе го презентираме нашето соопштение во врска со соопштението на Реал Мадрид.

„Во врска со соопштението на официјалниот веб сајт на ФК Реал Мадрид [во понатамошниот текст „Реал“] кој алудира директно на грозоморните обвинувања упатени на адреса на Жозе Мурињо [во понатамошниот дел од текстот „Му“], Пења Блауграна Македонија сака да:

1. го изрази своето незадоволство од преблагата реакција на Реал преку својот официјален сајт, а во врска со тиранскиот однос кој РФЕФ перфидно го демонстрираше и има за цел да ги сврти против Реал оние 2-3 милијарди преостанати луѓе во светот кои не го зафаќаат овој став во моментот

2. ја потенцира штетноста на попуштањето на Реал пред РФЕФ и нивните монструозни конструкции кои имаат за цел да ги сатанизираат Реал и Му и се далеку од објективни, неутрални и фер. Воедно сакаме да ги охрабриме тренерот, клубот и навивачите да влезат во отворена битка со неправедната рака на федерацискиот октопод кој напати досега демонстрирал анимозитет кон Реал и флагрантно ги прекршил правилата на фер однесување, со цел да му наштети на имиџот и резултатите на клубот.

3. категорично да инсистира шпанската федерација да се откаже од било какво гонење и казнување на Му, да ја распушти судиската организација и да формира трилатерална комисија која во иднина ќе ги делегира судиите и ќе ја оценува нивната изведба, со право на стрелање на секој судија кој ќе заработи оценка помала од 9, на скалата од 1 до 10; комисијата треба да ја сочинуваат Му, Кристијано Роналдо и Ангел Ди Марија, а во случај на спреченост на вториот и третиот член, поради нивните обврски во служба на уметноста [редовните проби во театар], нивното место да го завземат уредниците на Марка и Ас, два реномирани, максимално објективни весници

4. побара одговорност од сите судии кои некогаш му суделе на Му поради искажаната непочит кон неговото фудбалско познавање и единствената апсолутна вистина во светот „Му е секогаш во право“, со што директно влијаеле за воспоставувањето двојни стандарди во фудбалската игра - едни правила да важат за него, други за сите останати - што е ужаснувачки факт поради кој истите судии треба во најмала рака да одат во затвор, а не во пензија; Секој судија треба да е свесен за еден факт: Му никогаш не губи на фер начин, секогаш некој му „сместува“ - а ако се е фер и коректно, Му секогаш ќе излезе како победник; во рамките на ова, предлагаме ФИФА и УЕФА веднаш да им ги одземат сите титули на тимовите кој се натпреварувале во иста национална лига или европско натпреварување со некој тим на Му и го освоиле натпреварувањето, и истите да бидат доделени на тимовите на Му, бидејќи во фер и коректна атмосфера, тој секако би ги освоил; конечно, ФИФА и УЕФА треба на репрезентацијата на Португалија да и овозможат директен пласман на Европското првенство во 2012, бидејќи Му секако ќе ги однесеше таму, ако не му забранеа злите духови навлезени во телата на челниците на Реал и Португалската фудбалска федерација

5. искаже жалење за мачната судбина и темните времиња, односно емпатија кон тимот кој секогаш демонстрирал само фер игра и се залагал за дејствување само во полза на подобрување на шпанскиот фудбал, особено откако истиот тим е предводен од страна на човекот кој е модел за коректен професионалец, а претседател на тимот е човекот кој на чудесен начин во утробата на неговата мајка е зачнат од божицата на етиката, Фунта

6. инсистира поради претрпен психички стрес и клевета на Му веднаш да му биде понуден доживотен договор за тренер на Реал, да му бидат обезбедени термини за радио и тв емисии во кои ќе дели совети за судии, тренери, играчи, како и да му биде загарантирана максимална слобода на одлучување во Реал и шпанската лига, односно своевидно право на вето за секоја одлука која тој, како „специјален“ ќе процени дека не е во склад со позитивните прописи од неговата глава, т.е. со она што тој смета дека е штетно за фудбалската игра [како на пример доделените картони - освен кога тој нема да одлучи дека треба да се доделат, примени голови, нерешени резултати и не-дај-Боже порази на неговиот клуб]

Предлагаме измените да стапат на сила веднаш“

Освен ако не се случи заговор од интерпланетарни размери во кои ќе е вмешана и некоја виша сила, па Жозе навистина да го напушти Мадрид во јуни... :(

Штета. Со него, животот е навистина поинтересен. Во името на Специјалниот, Тренерот и Светиот Му....
...Чави!

13 коментари:

  1. Б.И. БРАВО . . . излишни се зборови (-:

    ОдговориИзбриши
  2. bravo, konecno dobar komentar i demistifikacija na Murinjo

    ОдговориИзбриши
  3. Море матер ќе ви ебе Жозе исто како што ви еба матер со Интер. Па уште прскалки пуштаа за да не ги гледаат нероаѕурите како слават на Камп Ноу. More than a club - i dont think so ..

    ОдговориИзбриши
  4. Не те разбирам што сакаш да кажеш.

    ОдговориИзбриши
  5. hahahahahaahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahahah, pa znaci sum placel od smeenje hahahahahahah svaka cast! VISCA PENYA BLAUGRANA MACEDONIA!!!!

    ОдговориИзбриши
  6. По она лани со пуштањето на прскалките против интер на крајот од мечот во полуфиналето во ЛШ, докажавте дека не можете да прифатите пораз.А оној кој што не може да прифати пораз, никогаш нема да може да биде голем победник. Уште еднаш ќе кажам: More than a club - I dont think so.. fucking crapcelona scum.

    ОдговориИзбриши
  7. Абе бегај мани се таму плачко еден, оди на реалски блог прајте си кефој и величете си го Куринјо... цел свет знај шо плачко е куринјо со кристина и мариа! ајт... патувај!

    ОдговориИзбриши
  8. Жозе, еве ти 2 одговори, да си одбереш еден:

    1. „Дете глупо, те пуштам да коментираш со надеж дека ќе приметиш како кога никој не те навредува не е лошо да го смириш и темпераментот и речникот. Сепак, кога сакаш да се правиш морон, нека ти е. Ете ти официјална потврда ако ја бараше. Клошар. Серко. Мочко. Фрустрирано говедо.

    Сега, може ли да зборуваме за фудбал, односно за она за што е посветен постот? :)

    2. Дете глупо (cannot help it), кој пуштил прскалки, кој фрлал песок на трева, не е предмет на дискусија во овој текст. Повели, отвори блогче, муабети за што ти е ќеиф. Овде ако имаш нешто по темата, пишувај. Ако сакаш единствено да ја пцуеш Барселона, повели повторно.

    ОдговориИзбриши
  9. @Жозе, нели се чувствуваш осамено во коментариве ?

    Олади младичу .. излези надвор нека те пафне ветре, прочитај книга, потсети се на раните школски денови (-:

    ... поентата ми е - Едуцирај се !!!

    PS. Long Live MuMu, Long Live 'Жозе' !!!

    ОдговориИзбриши