среда, 19 јануари 2011

Ова е тимот кој нема граници [Барса 4-1 Малага]

Задоцнето но не и заборавено :-) Еве ги головите од мечот со Малага, чисто колку да стојат во архива. Според скромното мислење на вашиот уредник, станува збор за еден од подобрите натпревари кои тимот ги изигра во последно време. Со овој меч се заокружи првата половина од годинешната Примера, во која Барселона одигра фантастично и сруши грст рекорди: најмногу освоени поени во една полусезона - 52 од можни 57, гол разлика од +50! (61-11)... и сите други факти кои веќе се влезени во историјата, а ги повлекуваат спомнатите резултати. Фантастично! Само вака нека продолжи...





И за сите сладокусци, eве ги најзначајните моменти од 10-те минути кои Ибрахим Афелај ги помина на теренот, коментирани од легендарниот Реј Хадсон.

Нема коментари:

Објави коментар