понеделник, 3 јануари 2011

Први и во Новата година [Барса 2-1 Леванте]

Рекорден 549. настап за Чави. Пар голови на Педро, брилијантна игра на Абидал. Неефективност пред бункерот на Леванте. Победа од [само] 2-1. Обично секогаш се мачиме на првиот меч во новата година, по традиција, па иако е против Леванте, екипа која има постигнато половина од головите на Меси сезонава, сепак станува збор за тим кој му скина 2 бода на Мадрид на почетокот на Ла Лига. Па она што е најважно е дека 2-1=3 :)

За 2 дена гостуваме на Катедралата Сан Мамес во Билбао, баскиската тврдина која ја освоивме еднаш сезонава. Ферски не' намачија на Камп Ноу пред Нова година, па време е за конечната пресметка за пласман во четврт-финалето на купот... Играта мора да се корегира. За почеток, Бојан не мора да бега од голот махинално секогаш кога ќе добие топка, Дани Алвеш подобро воопшто нека не нафрла топки... Лео нека покаже дека се одморил како човек. Абидал и Пике ќе се справат со Љоренте. И ќе победиме 0-5. Или 0-1, сеедно.

Нема коментари:

Објави коментар