четврток, 27 јануари 2011

Пет е бројот на сезоната [Барса 5-0 Силната Алмерија]

Среда, 26.ти јануари... Камп Ноу прими околу 50.000 гледачи за кои полуфиналето на Копа дел Реј [Пехарот на Кралот] беше малку поважно од што и да правеа другите потенцијални 49 илјади гледачи за кои не беше доволен ни поводот, ни смешно ниската цена на карти [најефтините чинеа шест евра], ни сериозноста на противникот кој е само третата екипа во Примера која досега успеала да извлече нерешено против Реал сезонава.

Од друга страна, останува првата и единствена Ла Лига екипа која примила осумка и тоа на домашен терен, токму од нашата казнена експедиција, која денес се покажа како далеку подобар домаќин, отколку гостин. Впрочем, прашајте ги Мајорка и Херкулес за истово, ќе ви го потврдат [Ах тој Херкулес...].

Можеби токму затоа овие „исчезнати“ 50-тина илјади гледачи, од кои верувам повеќето пензионери за кои овие 3-4 степени по целзиус во Барселона се како -55 за нивните врсници од Сибир, одлучија дома на раат да гледаат натпревар, иако повеќето имаат годишна карта. Се наоѓаат на местото за кое јас и ти „би убиле“, имаат можност да го гледаат во живо тимот за кој навиваат и не ја користат. Нема правда на овој свет :)

А на теренот, што да видат... Силната Алмерија беше решена во првите 16 минути, а она потоа беше не попуштање или внимание за противникот, туку еден посилен компетитивен тренинг на кој поважно беше да се испитаат некои варијанти во играта и да се тестираат тактичките замисли на Пеп. До крајот, уште 2 гола во мрежата на Естебан, голманот за кого верувам дека сите може да кажете „Ми падна жал за човекот после првите 15 минути на Барса“.

Еве како изгледаа и првите 15 и преубавиот гол на Педро и мајсторијата на Кеитеееее т.е. Меси. Нареден меч... Е наредниот меч ќе е натпревар кој со посебна мотивација ќе го играат сите. Наредно играме против една од трите екипи кои не победиле сезонава, а две од нив веќе добија „петка“ [Севиља и Бетис]. Херкулес, доаѓаме по тебе.

И да не заборавам, апропо разврската во Копа дел Реј за која повеќе ќе пишувам наредната недела... Жозе, доаѓаме и по тебе. Повторно. :)



Шега, нормално, наменета за сите кои едвај чекаат да го видат името на почитуваниот тренер на Реал на блогов, за да започнат симфонија на лачење секрет од солзните жлезди :) Не доаѓаме по никого... Кому му стиска - нека дојде.

И за најкрај, иако е Алмерија [да де, тие што кркаа осмица] и иако ги тепавме 5-0 дома, внимателно треба да се пристапи во реваншот за да не се случи повторно службите од кардиологија да имаат многу работа наредната недела. Нека не' победат, ама со разумни 1-0, 2-1, и голови постигнати не во прва и прва-и-пол минута, туку во разумно време, да ги очекуваме. Така ем во Алмерија ќе се направат многу деца наредна недела, ем навивачите на Реал ќе може да кажат дека сме го кркале од Америја, а тие успеале да им извадат реми. Фер енд сквер, нели?

2 коментари:

  1. Oдлично :) Ајде, нема потреба да менувам во кстот горе,тука нек си стои подобриот линк, па ко воли нек изволи :)

    ОдговориИзбриши