петок, 7 јануари 2011

Непирово реми во дербито на „независните“ [Атл. Билбао 1-1 Барса]

Ако некој некогаш каже дека гостувањето на катедралата Сан Мамес е лесен помин, без оглед на моменталната форма на Баскијците, тогаш тој е будала. Конечните 1-1 го отсликуваат токму тоа: не одигравме најдобро, но моравме да се потрудиме со сите сили за пласман во четврт-финалето. Пеп извади формација која требаше да парира на физикалците од Билбао и успеа во тоа. Одигравме добро, иако имаше моменти на одбранбена несигурност, неефикасност кога мора да се даде гол - индивидуални грешки.

Тимот е на патот за уште едно Ел Класико... со трофеј како цена. Stay tuned...

Нема коментари:

Објави коментар