четврток, 13 јануари 2011

Нова „петарда“ [Барса 5-0 Бетис]

После не цели 5 месеци од тековната сезона „петардите“ станаа навика кога во прашање е Барселона. Денес Бетис на своја кожа ја осети немилосрдноста на каталонската машинерија. Нова „петка“, овојпат за водечкиот тим од „Сегунда“ кој на моменти покажа дека неправедно игра во понизок ранг. Имаа и гостите свои минути на половината на Барса, но она што не го искористија нивните напаѓачи подоцна беше наплатено со камата.

На натпреварот му претходеше презентација на „Златната топка“ од страна на Меси. Малиот „волшебник“ публиката ја почести со нов „хет-трик“ само колку да ги потсети „злогласните усти“ зошто втора година по ред е најдобар на планетата.

Видеото од натпреварот во продолжение...

Нема коментари:

Објави коментар