понеделник, 20 декември 2010

Ибрахим Афелај се збогуваше со ПСВ

Најновата аквизиција на Барса, Ибрахим Афелај го одигра последниот натпревар за ПСВ Ајндховен, тимот во кој ја помина целата своја досегашна кариера, тимот за кој одигра 157 официјални натпревари, постигна 36 гола и асистираше неброено многу пати. 


Афелај, капитен на холандскиот прволигаш, од фановите на тимот доби поздрав...
...каков што заслужува, поздрав полн со емоции, транспаренти на кои стојат најдобрите желби на навивачите за успех на неговата понатамошна кариера во Барселона [на еден огромен транспарент го имаше и нашето лого, ќе го видите во првото видео], а по крајот на мечот публиката на Филипс стадионот непрекинато го скандираше името на својот веќе екс-капитен, на најдобар можен начин заблагодарувајќи му се за се што направи за клубот и покажувајќи дека ја разбира неговата желба за напредок во кариерата и освојување на титули од највисок ранг.

Холанѓаните пееа: Иби, довидување, ти посакуваме многу среќа во Барса!

Ние викаме: Иби, добредојде, и... покажи им на сите што знаеш!

Афелај не е првиот играч на ПСВ кој преминал во Барселона. Нема да биде ни последниот. Но има потенцијал да биде - најдобриот. Повеќе за него ќе пишуваме веднаш по неговото доаѓање и официјална презентација, закажана за четврток. Дотогаш, еве 3 видео клипови од поздравот, од разделбата на Ибрахим Афелај со неговиот фудбалски дом досега.

п.с. На третото видео, околу третата минута ќе забележите еден млад навивач кој бара автограм од Иби, облечен во една препознатлива комбинација... :)





Нема коментари:

Објави коментар