среда, 8 декември 2010

Земја со ваква младина... [Ла Мазија 2-0 Рубин Казан]

Генерално задоволство oд играта на клинците кои иако почнаа „ослабени“ со присуството на Жефрен и Бојан во тимот, набргу работите се средија: Жефрен, играчот направен од шеќер, успеа сам да се повреди, а за Бојан се погрижија други. На нивно место во тимот влетаа Марк Бартра и Виктор Васкез. Убаво беше да се видат толку младинци, оркестрирани од одличниот Тиаго кој покажува дека е повеќе Иниеста отколку Чави (me gusta!), како се справуваат солидно со тимот кој на хартија барем во првото полувреме требаше да брка резултат.

Но, веројатно на полувреме Казанци дознаа дека Копенхаген е вториот патник во осмина-финалето, и продолжија да играат во ист стил (!) :) Падна митот за Рубин Казан во натпревар кој немаше резултатско значење за нас па игравме со втор тим, а додуша немаше ниту за нив бидеќи очигледно се беа предале уште пред првиот судиски свиреж и единствено мислеа како да не примат гол.

Ама, Фонтас беше расположен. И кога Фонтас е расположен, газиме! :)



п.с. Ждрепката за 1/8 финалето во ЛШ е наредниот петок.

Нема коментари:

Објави коментар