среда, 15 декември 2010

Бланко чек за Гвардиола

Главната цел за Сандро Росељ е да го обнови договорот со Пеп Гвардиола, кој истекува во јуни 2011. Преговорите меѓу клубот и тренерот се константни во минатите неколку месеци, јавува Ona FM.

Претседателот на клубот сериозно е ангажиран да обезбеди подолг престој на Гвардиола во тимот, нешто за што зборуваше уште во изборната кампања: „Го сакам во Барса за време на целиот мој мандат“.

Бордот на Барселона е свесен дека тренерот и неговата екипа се клучни за успесите на клубот. Затоа на масата Пеп од бордот доби бланко чек за обновување на договорот, во кој основните работи се веќе дефинирани, а самиот Пеп има слобода да побара колкава плата сака, како и да го одреди времетраењето на договорот.

Договорот може да биде објавен на почетокот на наредната година, пишува Marca.

Нема коментари:

Објави коментар