среда, 15 декември 2010

Пујол: „Не очекува најтешкиот натпревар сезонава“

Капитенот на Барса Карлес Пујол се согласи со Пеп Гвардиола дека саботното дерби на Корнеља Ел Прат ќе биде најтешкиот натпревар во сезоната за тимот.

„Двете екипи се во одлична форма, секоја со своите квалитети. Ќе биде тежок натпревар за двата тима и мислам дека шансите за победа се 50-50%“.

После победата над Реал Сосиедад во неделата, Гвардиола изјави дека натпреварот против тимот на Покетино “е најтешкиот натпревар на гостувањата кој ќе го имаме сезонава. Но се надеваме на добра игра и освојување на трите поени“.

За дербито зборуваше и екс-барселонистот Иван де ла Пења, играчот на Еспањол кој ќе го пропушти дербито поради повреда:

„Еспањол е во добра форма и натпреварот во сабота ќе биде многу интересен од тактички аспект. Веројатно не можеме да бидеме предизвикувачи на Барселона за титулата во Ла Лига, но можеме да ги победиме на Корнеља Ел-Прат бидејќи дома играме самоуверено и добро и имаме одлични навивачи. Барса може да биде победена во еден натпревар“, изјави тој.

ИЗВОР: FCBARCELONA.CAT

Нема коментари:

Објави коментар