вторник, 7 декември 2010

Барса - Рубин: Дали знаевте дека...?

Барселона се среќава со Рубин Казан на Камп Ноу во последниот натпревар од Д групата вечерва од 20:45. Да, тоа го знаевте, но дали знаевте и дека...?

-Барселона влегува во мечот со обезбедено место во осмина финалето како победник на групата, но Рубин мора вечерва да биде подобар од Копенхаген за да помине во наредната рунда, бидејќи Данците ги водат за еден поен.

-Рубин Казан и Челзи се единствените тимови кои се сретнале со Барса на Гвардиола и останале непоразени.



-Рубин направи едно од најголемите изненадувања минатата година со победата против Барселона од 1-2 на Камп Ноу, пораз кој не ја спречи Барса во освојувањето на првото место во групата.

-Таа победа се' уште е единствената која Рубин ја има на гостински терен во Лигата на Шампиони.

-Ова може да биде прв пат тимот да ја заврши групната фаза без пораз под раководство на Гвардиола.

-Со шест голови, Меси е вториот најдобар стрелец во ЛШ заедно со Марио Гомез (Баерн Минхен). Еден гол повеќе од нив има Самуел Ето.

-Меси е најдобриот стрелец на Барса во ЛШ, со вкупно 31 гол во 49 натпревари.

-Пике е единствениот играч во екипата кому му прети суспензија во првиот осминафинален меч доколку заработи жолт картон вечерва, додека Пинто е повторно на располагање на Пеп после казната од два меча неиграње.

-Барса е тимот со највисок процент на посед на топката - 70%, а на второто место се баварците од Минхен со 63%.

-Руското првенство заврши на 28. ноември, а гостите од Казан финишираа на третата позиција.


ИЗВОР: FCBARCELONA.CAT

2 коментари:

  1. Rubin's defeat tonight means Dundee Utd remain the only side to have faced Barcelona 4 times in Europe and never bean defeated. :)

    ОдговориИзбриши
  2. Види ги ти Данди... Данди Ворхолс? :)

    ОдговориИзбриши