недела, 19 декември 2010

Хо, хо, хо... хо, хо! [Еспањол 1-5 Барселона]

После синоќешниот натпревар етикетиран како „најтешкото гостување во сезоната“ [eat that, Merengues], јасни се уште неколку работи:

1. Нема подобра трансфер политика од Ла Мазија--->Прв тим насоката. Продуктите на оваа философија постојано не' уверуваат во нејзината исправност. Поклонување пред Педро!!

2. Лео Меси станува се поневеројатен плејмејкер [читај: најлоша ноќна мора за било која одбрана]. Ако не издрибла половина тим и со топката влезе во голот, ќе стрела од 20 метри. Ако не стрела од 20 метри, ќе додаде за гол. Ако го држите на 40 метри од голот, ќе направи уште подобар пас, ќе ви го растури одбранбениот бедем како кула од карти и некој ќе егзекутира. Неговото разбирање со се повеќе и повеќе адаптираниот Давид Виља е феноменално.

3. Имаме 43 бода од можни 48. 51 постигнат гол. Играчите на терен гинат еден за друг, а се разбираат како да престојувале во заедничка утроба и заеднички го вдишале првиот здив после раѓањето. И небото се чини преблиску, ако зборуваме за границите на овој тим.

4. Чави ќе биде најдобриот фудбалер според ФИФА и Франс Фудбал за 2010. година.

5. 5. 5. 5. 5..........



п.с. Слика која вреди 100000 зборови:

Нема коментари:

Објави коментар