среда, 1 декември 2010

Преглед на „Copa Catalunya“

Два дена после големата победа Барселона мораше да ја испочитува должноста спрема „Copa Catalunya“. Учесници беа Барселона, Еспањол и Хоспиталет. Овие три екипи одиграа три натпревари – секој со секого по 45 минути. Купот го освои Еспањол со две победи.

Посебно интересен беше дуелот со градскиот ривал кој често знаел да и откине значајни бодови на Барселона. Мотивираниот тим на Еспањол предводен од Јоан Верду [ги постигна двата гола] победи со 2:1. Краткото резиме за натпреварот би било: Барселона одигра со комплетен втор состав [не настапи ниту еден од стартерите против Реал], Бојан беше капитен [одигра доста слабо], Тиаго ја носеше 4-ката [која чека на некого, или пак не ?], натпреварот немаше некоја голема динамика, а Еспањол го доби во речиси два напади кон голот на Барса.

Интересно голот за Барселона го постигна талентираниот дефанзивец од Б тимот Марк Бартра. Бартра беше и најдобар поединец воопшто во редовите на Барса. Одигра одличен натпревар, добро ја изнесуваше топката до средината, покажа солидна техника и може да се каже дека и по конституција и стил на игра многу потсетува на Жерард Пике.

За Барселона настапија: Пинто, Адриано Кореиа, Бартра, Фонтас, Максвел, Маскерано, Тиаго Алкантара, Кеита, Виктор Васкез, Жефрен и Бојан Кркиќ.

Образот го обелија играчите на Барса Б – против Хоспиталет кои победија со 2:0. Убав гол на Џонатан Дош Сантош. Еспањол во првиот дуел го победи Хоспиталет со 1:0.

Нема коментари:

Објави коментар