четврток, 25 ноември 2010

Честито осминафинале, лидери [Панатинаикос 0-3 Барселона]

Рутински, искусно, мирно. Победа кај јужниот сосед за прв пат во ЛШ, доволна за обезбедување на првото место во групата кое, барем на хартија, „гарантира“ полесен противник во нокаут фазата на најквалитетното фудбалско натпреварување во Европа. Меч кој помина во тотална доминација на Барселона, меч во кој после 10-минутното излагање на домаќините гостите одлучија да го започнат својот рецитал, ефективен, и со враќањето на бис на Педро и еден гол постигнат од (замислете!) Меси се најави подготвеноста за она што следи во понеделник.

Околу тактиката би можеле да беседиме многу, меѓутоа веројатно е доволно да се каже дека Пеп намерно „експериментираше“ со позиционирањето на својата чета, чисто колку да го збуни неговиот колега од ОДТ. И плус, Максерано беше маестрален... ЛШ групна фаза - штиклирано. Знаеме што следи...

Нема коментари:

Објави коментар