петок, 26 ноември 2010

El Clásico историја: Барса 2-0 Тимот на предавникот | 2000

ПИ*ДО: „БЕШЕ КРАЛ,
А СЕ ВРАЌАШ КАКО РОБ“
Помладите нема да се сеќаваат на ова дерби, но останатите сигурно дека го паметат многу живо. Ова беше еден од Ел Класико натпреварите кои Барса и навивачите сакаа да го освојат повеќе од било кога. Дербито дојде неколку месеци после шокантното заминување на миленикот, идолот на и обожаваниот од публиката, Португалецот Лу*с Ф**о од Барселона во Реал Мадрид.

Приказната е долга и широка за да се раскажува сега, но во кратки црти може да кажеме дека стануваше збор за пари, време на претседателски избори и кај нас и кај нив, транзиција меѓу Нуњез и Гаспарт на чело на Блауграна, и појава на создателот на „Лос Галактикос“ Флорентино Перез, победувајќи на изборите најмногу поради гарантот за трансфер на Ф**о од вечниот ривал Барселона. Лоренцо Санз, претседателот на Реал пред Флорентино распиша избори после победата во ЛШ, сигурен во својата победа... Но, се случи што се случи.


ЏИМИ ЏАМП, ЛЕГЕНДА ОД ЧОВЕК
„Да го видите Ф**о со знаме од Барселона
на денот кога го губи финалето на ЕП.... бесценето“

Јас лично не паметам Камп Ноу да бил погласен. Не го гледав мечот во живот, туку дома, но со слушалки на уво, скупчен на старата кафеава гарнитура во дневната соба, наместен пред сателитот на ТРТ 1 - да живее турската телевизија - и урлав од радост.

10 години подоцна, барем кај мене, болката која ни ја нанесе португалската свиња која до летото 2000. беше икона, капитен на Барселона - не е заборавена. Ниту некогаш ќе биде. Затоа, беше убаво да се види Ф**о поразен, деконцентриран, збунет, како страда.

Него да, да не заборавам: ГОЛОВИТЕ ги постигнаа Луис Енрике [екс мадридистата во нашата екипа - иако не баш, бидејќи е од Хихон оригинално, а во Мандрил не се изнаигра] и Симао Саброса, тогаш младото Португалче донесено како „замена“ за Ф**о  :) Sweet...

Kвалитетот на видеото е слаб, ама интересните моменти ќе се видат, плус...



...има уште едно видео, чисто посветено на дочекот на предавникот, од истиот натпревар, ама далеку поквалитетно и „позвучно“.

3 коментари:

  1. Луис Енрике 150 утакмици во реал али битно не се изнаигра :)

    ОдговориИзбриши
  2. http://www.youtube.com/watch?v=YlPJAmIv7Ig . . . еве го вистинскиот пекол, кога Камп Ноу личеше на некој стадион од Сицилија или Србија (-: . . провокација +, друг играч незнае да изведува корнер, мора тоа да биде предавникот. Па како да го жалиш телефонот, и да не удриш по него . . PUTA Figo

    ОдговориИзбриши
  3. Анонимен, исто е како животот на луѓето: не секој кој е жив живее, не секој кој е мртов умрел :) Но те охрабрувам и понатаму да продолжиш со статистиката, ако ти е хоби :)

    Ел Нињо... пекол, по дефиниција :)

    ОдговориИзбриши