сабота, 27 ноември 2010

El Clásico историја: ОДТ - Барселона 1-2 | 2004

Ова „Ел Класико“ не е од оние играни на „Камп Ноу“, но Ве потсетуваме на него од неколку причини: Прва и најглавна – со него на некој начин почнуваат златните години на Барселона од првата деценија на овој век; Второ на овој натпревар Чави го постигна својот најдрагоцен погодок во кариерата [како што и самиот ќе изјави во едно свое интервју].

Барселона се наоѓаше во катастрофални години. Неколку сезони без трофеј. Таа сезона се случи големата пресвртница во Шпанскиот фудбал. Големиот потег на Жоан Лапорта и донесувањето на Дињо на „Камп Ноу“. Започна градењето на нов тим со младиот холандски стратег Франк Рајкард на чело. Таа сезона Реал славеше на првото дерби со 1-2, но Барселона возврати со истиот резултат на Бернабе, со брилијантна игра и заслужена победа.

Иако на крајот на сезоната Барса не славеше титула сепак тоа беше навестување на големата експанзија на тимот. Следуваа години исполнети со титули во сите конкуренции. Слободно ова Ел Класико можам да го прогласам за доста важно за поновата историја на Барселона.

Головите за Барса ги постигнаа Патрик Клајверт за израмнување на 1-1 и голот за победа дело на Чави – по прекрасно лоб проигрување на Роналдињо преку целата одбрана на противникот.

Нема коментари:

Објави коментар