среда, 24 ноември 2010

Vox Populi пред Ел Класико: Пујол и Маскерано

И покрај одлуката „да се држат устите затворени“ пред дербито во понеделник, се очекува Маскерано и Пујол да се појават на редовните прес конференции во сабота и недела, соодветно.

Гвардиола исто така се очекува да се појави на редовната прес конференција пред натпреварот со ОДТ. Сепак, никој не очекува многу зборување за нив. Одлуката на клубот е да не се влегува во војна со зборови за да не се деконцентрираат играчите пред натпреварот, односно да не се одговара на провокациите кои доаѓаат од главниот град на Шпанија.

Ова значи дека изјавите на Кики од минатата недела нема да одекнат меѓу играчите на Барса. Тие се одлучни за се што ги интересира МуМу, Кики и дружината да им одговорат на теренот на Камп Ноу.

2 коментари:

  1. кучињата си лаат караванот си врви...
    така и оној "специјалниот" и лажниот роналдо можат само да јадат... на теренот ке се види кој колку вреди

    ОдговориИзбриши