вторник, 30 ноември 2010

Големите постигнувања на играчите на Реал против Барса на Камп Ноу

Лос Бланкос беа апсолутно брилијантни против Барселона. Се е прашање на перспектива, вели Мајкл Јокин од goal.com.

EX, ДА МИ Е САРА ТУКА...
И вие мислите дека Реал Мадрид беше збришан од големата Барселона синоќа? Подобро да го преиспитате овој ваш став. Сите стартери на Жозе Мурињо оставија свој печат на натпреварот, и нивниот придонес не смее да се потценува. Само прочитајте што направија... Беа едноставно сензационални! 


Икер Касиљас - Беше исклучително фотогеничен со рацете прекрстени на неговите гради, гледајќи ги своите соиграчи со восхит. Нема сомнение дека Сара Карбонеро побарала од него да позира за фотографите токму на овој начин, пред да замине дома и да навива за Барселона со нејзината фамилија полна со фанатици на Атлетико Мадрид.

Серхио Рамос - Тој е првиот играч во историјата кој успеа да биде исклучен во судиското продолжение двапати во иста недела. Јержи Дудек немаше потреба да му дава инструкции овој пат. Храбриот десен бек самиот знаеше што треба да направи за да влезе во аналите.

Рикардо Карваљо - Успеа да изнуди жолт картон од Меси на апсолутно брилијантен начин. Неговото лакто беше толку чисто, совршено прецизно подигнато што не предизвика неволја за него самиот, а сепак успеа да го натера Аргентинецот да падне на земја. Мора да се забележи дека висината на Рикардо е перфектна за една ваква мајсторија.

Пепе - Далеку најдобриот Португалец на натпреварот, дури ако ја земеме во предвид и клупата. Минатата година негова беше грешката после која Златан Ибрахимович го постигна победоносниот гол за Барса, но тој ја научи својата лекција. Швеѓанецот едноставно не се виде на целиот синоќешен меч.

Марсело - Единствениот играч на Реал кој имаше асистенција за гол на натпреварот, одлично местејќи ја топката на ногата на Чави. Беше блиску и до постигнување на гол, но Педро го претрка и ги превзеде ловориките за 2-0.

ПОПУСТО СЕ РАДУВАТЕ-ТЕ-ТЕ-ТЕ-ТЕ...
Сами Кедира - Издејствува фантастично мултиколоритно средување на дресот во второто полувреме. Половина од задната страна на дресот беше обоена во силна жолта. Сигурно дизајнерите на Адидас го забележаа ова и Кедира е на пат да добие голем бонус од нив.

Чаби Алонсо - Далеку најдобрата 14-ка на теренот, потполно надигрувајќи го поранешниот соиграч од Ливерпул Хавиер Маскерано. А плус и сите ние знаеме што значи да носиш таков магичен број на грбот на Камп Ноу.

Месут Озил - Дојде за да научи нешто од Чави и Иниеста, и беше толку студиозен, упорен и вреден што Мурињо беше импресиониран и му дозволи да има подобар преглед на играта во второто полувреме. Го стави на клупата, позајмувајќи му ги нему омилениот нотес и неколку пенкала.

Анхел Ди Мариа - Колку фино момче! Неговата екс-екипа Бенфика беше прегазена од Порто во португалското Класико, и емпатичен каков што е, Ди Мариа едноставно имаше потреба дека мора да го направи истото, за неговите стари соиграчи да не страдаат сами.

Кристијано Роналдо - Туркајќи го Пеп Гвардиола покажа дека е вистински гениј! Потегот на ЦР7 потполно го промени текот на натпреварот во период од неколку минути. Со сите тупаници кои летаа наоколу, Барселона не можеше да направи ниту едно додавање некое време. Исто така експертски избегна еден опасен старт на залетаниот Виктор Валдес.

Карим Бензема - Тој одигра толку добар натпревар што Мурињо му дозволи да ги изигра целите 90 минути за прв пат во Ла Лига сезонава. Дури успеа да биде во кадарот на режисерот барем по еднаш во секое полувреме. Нема сомнение дека репрезентацијата на Франција имаше потреба од него во Јужна Африка, откако му покажа на целиот свет како треба да се игра кога е најважно.

ИЗВОР: GOAL.COM

Нема коментари:

Објави коментар