понеделник, 8 ноември 2010

Месилување [Хетафе 1-3 Барселона]

Како и по обичај, овие „анализи“ ги правиме кратки и слатки [забелешка до себе: престани со обидите за хуморима - хумористична рима; и за кованици создадени од два збора! Океј...] и кога е во прашање синоќешниот меч версус Хетафе, може да се кажат неколку работи. Прво, одлична игра особено во првото полувреме, и покрај обидот на Хетафе да ни направат „копенхаген сценарио“ играјќи блиску до нас со обид за притисок.

Финтата е што за разлика од мечот во Данска, ние изигравме дааалеку подобри 90 минути, во кои трите бода во ниту еден момент не беа доведени под знак прашалник. Виља некако [сериозно, не ми е јасно како] успеа да промаши шанса која не беше колосална, бидејќи за неа колосалната е мало дете. Сепак, ја отворивме нивната одбрана уште на самиот почеток што требаше да нагласи дека Барса со своите розе дресови (прв пат сезонава чинам дека биднаа носени) е дојдена во престолнината со цел на публиката мечот да им го направи се само розев не. И голот дојде... Вистински убавец, резултат на многу додавања меѓу Чави, Меси, Алвеш, Виља и повторно - Меси.


Лео се реваншираше за асистенцијата, откако го намести Маравиља во прилика која не се промашува [хмм...] и Астуријанецот го постигна својот петти гол во Примера сезонава, бројка која ќе беше најмалку двојна ако Давид имаше повеќе среќа и концентрација при финиширањето на акциите во овие први 10 кола. Истото важи и за целата екипа на мечот со Хетафе: резултатот лесно можеше да биде 1-6 или 1-7, меѓутоа тимот запре на бројката од три гола [иако на двапати знаменцето на судијата го спречи Педро од радување на својот прв гол во примера сезонава, досудувајќи офсајд ситуации во 2 прилики во кои Педрито ја тресеше мрежата на домаќините].

Сепак, ако два пати судиите не го уважија голот на Педро, за прекин на неговата суша во Ла Лига се погрижи глупоста на домашната одбрана и сеприсутниот Лео Меси кој по втор пат асистираше [и си ја заслужи титулата Играч на натпреварот] а Педро непогрешно реализира за 0-3.

До крајот на мечот покрај многуте шанси за гол, чие пропуштање за среќа не беше по наша штета синоќа, треба да се спомне и црвениот картон на Пике [два жолти] кој значи две работи: Ќе пропушти еден натпревар, против Виљареал во наредното коло, и второ, и по враќањето повторно ќе има 4 жолти односно ќе е на 1 жолт картон од автоматска суспензија на еден меч. Идеално би било да одмори против Алмерија, за да биде сигурно во комбинација за Ел Класико [кое патем, се' уште нема дефинитивен термин на одигрување].

Eве ги и головите...

Нема коментари:

Објави коментар