понеделник, 1 ноември 2010

МуМу, биди човек... [Стрип на денот, 01.11.2010]


СЕГА, КОГА ВИЉА ПРОФУНКЦИОНИРА...

Пеп: „Мурињо, ајде сега речи дека Бојан е скап и дека не дава голови...“ *

*Пред неколку дена тренерот на онаа другата екипа бранејќи го својот напаѓач Карим Бензема во негов стил искоментира дека „и други играчи кои се платени по 40 милиони eвра не се во форма, па новинарите не ги критикуваат толку многу - јасно реферирајќи на Давид Виља, кој ете, случајно после ваквата „посвета“ на „специјалниот“ шибна пар голови против Севиља.

Малиот Бојан, од друга страна, се' уште гори во желбата да го постигне првиот гол сезонава. Можеби една критика од МуМу ќе биде талична и за него?

фото извор | elmundodeportivo.es

Нема коментари:

Објави коментар