среда, 24 ноември 2010

Revista de la Liga | Sky Sports [12. коло + се' за Ел Класико ]

Овонеделната Revista de la Liga [на нашиот блог] доаѓа веднаш по првата објавена од овој серијал и е посветена најмногу на она што целиот свет го очекува со нетрпение во понеделник [доколку имаат сателитски на Марс, Нептун или во ближните галаксии, и таму се грицкаат нокти, сосема сигурно].


Во неа, шпанскиот спортски новинар Гуијем Балахуе инсинуира дека слабиот старт на сезоната за Барселона е планиран и дека е дел од еден поголем план - врвот да се достигне во ноември, кога тимот го очекуваа/т клучни натпревари, вклучувајќи го и понеделничкото Ел Класико.


Зборувајќи за последната Revista de la Liga, Балахуе забележа дека „идејата беше да се кулминира во ноември - тимот има шест последователни победи во Примера и изгледа опасно, во смисол притисокот кој го прави на половината на противникот, како на пример против Бијареал (Виљареал). Интензитетот на играта, дистрибуирањето на топката - сето тоа покажува дека тимот е во самиот врв на својата моќ“.

Овој план наводно е подготвен од техничкиот тим на Барселона за да се справи со исцрпеноста на играчите која редовно следи секоја година во оној пост фестум на Светското Првенство, односно недостатокот на солидна предсезона. Балахуе тврди дека натпреварот против Херкулес е де-факто меч од пред сезоната за Барса, и дека тимот започна да фаќа темпо точно на време за дуелот против ОДТ.

Еве го најновиот преглед на Ла Лига, во продукција на Sky Sports, а пренесен тука благодарение на Aндрес [човекот кој ги постира видеата на YouTube] и пријателчето ни Рамзи, дечкото кој ни посочи за активностите на Андрес.







Нема коментари:

Објави коментар