среда, 24 ноември 2010

El Clásico историја: Барса 3-0 О.Д.Т. | 1997

Време е да ја пополека да ја подигаме атмосферата пред Ел Класико. Од денес, па се до понеделник секој ден ќе објавуваме по минимум едно клипче од дербијата одиграни на Камп Ноу последните 15-тина години [а мооожеби ќе најдеме место и за некое гостување на Бернабеу :D].

За почеток, ве враќаме во 1997. година кога наједноставно опишано уште носевме Kappa дресови, Френк Синатра беше жив, Хонг Конг беше уште под власт на Елизабета II, а вашиот уредник го гледаше едно од своите први дербија, на кое живо се сеќава. За фризурата на Пеџа Мијатович нема да коментираме, бидејќи и ден денес е - истата.


За Барса која тогаш ја водеше Луј ван Гал настапија: Хесп, Ферер, Надал, Богард, Серхи, Луис Енрике, Селадес, Џовани [Оскар Гарсија 88'], Ривалдо, Ф**о, Сони Андерсон [Амор 83'].

1 коментар: