недела, 14 ноември 2010

Курск потона во Каталонија [Барса 3-1 Виљареал]

Tрет натпревар по ред Виља + Меси ефективно ја предводат Барселона до нови 3 бода на контото во обидот за одбрана на титулата во Примера. Овој пат „жртва“ беше високорангираниот Виљареал, „жолтата подморница“ која може буквално да се нарече - нуклеарна: станува збор за една од екипите кои публиката на Камп Ноу баш и не обожава да ги гледа, бидејќи се традиционално „изгор“ тешки за средување на нашето домашно буниште.

Меѓутоа, синоќа одигравме сосема солидно во поголемиот дел од натпреварот во кој сосема непотребно се истакна главниот судија т.е. неговиот асистент најпрво досудувајќи апсолутно непостоечки офсајд кој на Барса и го скрати вториот гол со кој ќе го убиеше мечот, моменти пред Нилмар во една одлична соло акција да го матира ВВ, а подоцна уште во 2 прилики, една кога Максвел не заработи црвен картон за старт од позади [компензација е права ствар].

Третиот гол на Меси послужи само уште како еден куршум во арсеналот на јадачите на слатки кои и после овој меч ќе спорат за некакви осфајди, шмофсајди. Ако, треба да има и такви :) Ние, иако оштетени, се буниме многу малку.

Еве ги головите, особено вториот :) :


1 коментар:

  1. Одличен натпревар во кој целосно доминиравме, секако со многу грешки на судите но сепак не дозволивме да паднеме на нивните грешки, па си го решивме натпреварот сами . Одличен натпревар на Меси и Виља. Сега со помислата кон Алмериа и со надеж дека ке нема жут ко прво за Пике, и пу скраја да е некоја повреда , па да им покажеме место на Реал. :) Visca el Barca Visca El Catalunya !

    ОдговориИзбриши