вторник, 9 ноември 2010

Kaко да си создадете паралелен универзум

СВЕ МИ БОЈЕ ЛЕПО СТОЈЕ

28. август
МУМУ
„Барселона игра со 11 и многу често против 10 играчи.“

29. август
ПЕП
Смирени сме и работиме напорно, бидејќи „рандом“ муабетите не не интересираат.



29. октомври
МУМУ
Многу се зборува за Бензема, но има и други тимови кои имаат играчи кои чинат многу пари и не успеале да дадат гол, па не се зборува многу за нив.

ПЕП
Дали рече дека зборува за Виља? Па ако не го рекол тоа... Кога ќе го рече, ќе одговорам.

6. ноември
МУМУ
Против Реал Мадрид сите играат со полна сила, со една мала разлика, ние играме 11 против 11, додека има други екипи кои имаат повеќе среќа и речиси секогаш мечот го завршуваат со играч повеќе од противникот.

ПЕП
Дали го спомна името Барселона во таа реченица? Ако не, немам што да искоментирам.

7. ноември
ПЕП
Немам што да полемизирам. Не сум заинтересиран. Знам само дека ние се жалиме многу малку.
~~~
Специјалниот тренер може и понатаму да си го везе небосклонот на сопствениот паралелен универзум кој нема врска со Оној другиот тим чив тренер е и наводните изјави од овој тип со кој имал за цел „да го оттргне притисокот од фудбалерите“. Станува збор за еден егоманијак кој веројатно се' уште не може да му прости на клубот кон кој според зборовите кои ги кажал [„Денес, утре и засекогаш со Барса во моето срце“ - освен ако не биле наменети да го оттргнат притисокот од... некого, или нешто, сеедно] имал „специјални“ чувства за одбивањето да му го дадат диригентското стапче во периодот кога Рајкард го напушташе тимот.
БРАДАТА НЕ ТИ Е СЕКСИ, ХИПИКУ!

Едноставно, бордот на директори не бил задоволен од презентацијата на МуМу па наместо со договор со кој ќе се врати во Блауграна, МуМу заминал од канцелариите на Камп Ноу со прожекторот за Power Point, лаптопот со неговата визија за иднината на тимот и новостекнатата желба да го види на колена клубот кој „го отфрли“ по втор пат [првиот пат во 2000. кога замина да си ја бара среќата, не гледајќи иднина како асистент на Луј ван Гал]

И во тој паралелен универзум Барса секогаш ќе игра со 11 против 10, Меси секогаш ќе постигнува лесни голови наспроти неговиот пулен Кики, судиите секогаш ќе се за во затвор кога тенденциозно судат против него, секогаш ќе е силно вљубен во тимот во кој се наоѓа [без оглед на клаузулите кои ги бара да може да си замине кога сака, после секоја сезона] во конкретниов случај хранејќи го повреденото его на луѓето кои вистински го сакаат тимот кој го води, неспорно заедно со него на чело, дека и тој ја чувствува истата љубов кон нив, истата страст, пасија за меренге...се до моментот кога ќе почувствува дека е време да му ја кидне во освојување на нови хоризонти со кои по крајот на кариерата ќе пишува колумни во некој топ светски медиум не заборавајќи во секој пасус да наведе дека Тој е Специјалниот Најдобар Господар На Фудбалскиот Универзум и Се Што Постои Во Него, односно дека ако би играл сериозно фудбал некогаш во животот, за него и Пеле и Марадона би биле мали деца. За Кики да не правиме муабет, особено кога Меси е вон конкуренција.

ПЕП, 26. октомври
„Веројатно Мурињо е најдобриот тренер во светот“.
„ЈАС ЗНАЕВ, АМА УЧИТЕЛКАТА МЕ МРАЗИ И ЗАТОА МИ ПИША КЕЦ“

Неспорен е неговиот фудбалско техничко тактичко психолошки гениј, и јас лично му посакувам многу среќа на патот да го оствари замисленото, или барем да остане онаму каде што е: на позицијата најдобар тренер во светот, во било кој универзум кој му одговара.

Првиот чекор кон уживањето од тронот во вечните ведри утра во земјата Глорија ќе го има многу бргу. Поточно, веќе во среда, на Бернабеу, против силната Мурсија.

Нема коментари:

Објави коментар