понеделник, 1 ноември 2010

Ода за Нашата седумка [или, „Зошто Давид Виља е повеќе од играч“]

Нашата седумка Давид Виља немаше постигнато гол од 29. септември и мечот против Рубин Казан на гостински терен во ЛШ, кога изедначи на 1-1 со гол постигнат од пенал.
Нашата седумка пред тоа, во Ла Лига, мрежата на противниците ја имаше затресено на два пати, во првото коло на гости во Сантандер и во четвртото, дома против Хихон.


Нашата седумка беше мета на критичарите кои ја признаваа неговата ангажираност, вклопувањето во системот на Барса, добрата соработка со соиграчите, но истите му забележуваа за неуспехот да го направи она што најмногу се бара од него - да дава голови.

Нашата седумка од натпревар во натпревар се трудеше се повеќе, и никогаш не се исфрустрира премногу на пропуштените шанси, иако причини за тоа имаше. Нашата седумка знае дека иако е важно да дава голови, уште поважно е Барса да игра добро и да победува.

Нашата седумка во четвртата минута од мечот против Севиља имаше прилика од гол линијата само да ја допре топката и да влезе во гол, после шутот на Лео Меси, со што официјално ќе ја прекине „сушата“. Но...



...нашата седумка е класа играч и класа човек.

Нашата седумка кога го постигна третиот гол во мечот против Русија на Европското првенство во 2008. истрча до клупата за резерви за да го прослави со Фернандо Торес, 9-ката на Ла Роха кој беше критикуван за неговата слаба ефективност на турнирот. Виља подоцна ќе рече дека тоа го направи за да му оддаде почит на Торес бидејќи „тој секогаш имал бенефит од играта на Фернандо, како што и Фернандо има од неговата“. Нашата седумка е најдобриот стрелец од тој турнир на кој Шпанија после 44 години повторно го освои европскиот трон.



Нашата седумка растури на светското првенство оваа година на кое „црвените“ го освоија својот прв мундијалски трофеј. Нашата седумка e најдобриот, најефективниот стрелец во историјата на Шпанската фудбалска репрезентација.

Нашата седумка има постигнато 144 гола во 247 натпревари во Примера. И снимките од головите ги има на интернет, за „секој“ кој сака да ги погледне.

Нашата седумка се вика - Давид Виља. И вреди за секој цент потрошен за него. Бидејќи Давид Виља е повеќе од играч!

------
За крај, малку Футболитис :)


ВИ ЈА ПРИКАЖУВАМЕ ЕКСКЛУЗИВНО ТРАЕКТОРИЈАТА НА ДВИЖЕЊЕ НА ТОПКАТА ПРИ ПРВИОТ ГОЛ НА ВИЉА

ИЗВОР: SPORT.ES

5 коментари:

  1. Ме Густа .. комплет (-:

    барам дозвола за "лепење" на ФБ . . за нашата седумка (-:

    ОдговориИзбриши
  2. Се што ќе е објавено тука може слободно да го превземате и да го ставате каде сакате, со молба изворот да биде испочитуван (односно, да кажете од каде го линкувате) :)

    ОдговориИзбриши
  3. не мислев на копирање, туку на споделување (директан линк) . . Без-Платно (-:

    ОдговориИзбриши
  4. Знам ти на што мислеше, само одговорот го проширив за пошироката публика :)

    ОдговориИзбриши
  5. Знам дека знаеше (-: . . . http://www.facebook.com/pages/David-Villa/122581187763308 . . еве го резултатот (не е ова реклама) (-:

    ОдговориИзбриши