понеделник, 20 септември 2010

Андрес Иниеста ќе стане татко!

Андрес Иниеста ќе стане татко наредната година. Играчот на Барселона и неговата партнерка, Ана, го зачнаа нивното прво дете ова лето и очекуваат фамилијарна на пролет, идната 2011. година.


Според пишувањето на Diari de Girona, дедото [по мајка] на Андрес, Ендрју Лухан [Andrew Lujan] денеска од домот во Фуентеалбија потврди дека целата фамилија „е пресреќна поради прекрасните вести“. Поради раната фаза на бременоста, не се знае дали детето е машко или женско.


Андрес и Ана одлучија да формираат фамилија после Светското Првенство, на кое неуморниот Иниеста имаше клучна улога постигнувајќи го единствениот гол во финалето против Холандија, со што Шпанија ја освои првата титула на Мундијалите. Почитта на цела Шпанија за голот во финалето [со кој и ја доби титулата MVP на мундијалскиот финален натпревар] беше покажана на двата натпревари кои сезонава Барса ги одигра на гостински терен, во Сантандер и Мадрид кога при излегувањето до терен Андрес доби громогласен аплауз од домашните навивачи. Веруваме дека овој тренд ќе продолжи на сите стадиони во Шпанија, без оглед на ривалитетот на Барса со останатите клубови.

А, кога сме кај Иниеста и бебињата, вреди да се спомене и дека 9 месеци после полуфиналниот натпревар во ЛШ во 2009. во Лондон против Челзи на кој Иниеста го постигна израмнувачкиот гол кој ја одведе Барса во финалето во Рим, вредните статистичари во Каталонија забележале значителен раст на новороденчиња за кои се претпоставува дека биле зачнати токму на денот на мечот на Стемфорд Бриџ.


Оваа „појава“ тогаш му беше припишана токму на Андрес. Којзнае колку нови деца на цел Пиринејски полуостров ќе бидат родени во април идната година, повторно по негова „вина“, кога ќе се одбележат 9 месеци од освојувањето на светскиот куп? :)

Нема коментари:

Објави коментар