четврток, 30 септември 2010

Доаѓаме со хеликоптер, за да заминеме на коњ

Клубот ги испитува сите можни варијанти за транспорт на екипата до Сеута, за првиот натпревар од двомечот во Кралскиот куп кој ќе се одигра на 27. октомври во Сеута.

ГВАРДИОЛА СО ОФАНЗИВНА ФОРМАЦИЈА ОД СТАРТОТ

И бидејќи од ова градче Господ на времето изведувал корнер, има мааал проблем како да стигнете до него, а да не ви помине половина недела во патување или да не закачите морска болест. Океј, како и обично претеруваме... Планот е ваков:


Варијанта 1: Ќе се лета до Малага, па од Малага се патува со бус до Алгесирас и од таму се фаќа фери до Сеута. Варијанта која не одговара, поради гњаважите кои се во најава, во време кога се игра на три фронта и секоја минута одмор за фудбалерите е особено значајна.

Варијанта 2: Лет до Тетуан, а од таму пат со бус до Сеута.

ВИДЕТЕ, И ОВА Е ХЕЛИХОПТЕР...ТЕХНИЧКИ ГЛЕДАНО...
Варијанта 3: БЦН-Малага [авион], Малага-Алгесирас [бус], Алгесирас-Сеута со ХЕЛИКОПТЕР! Јее, бејбе! Проблемот е што двата модели кои моментално летаат на оваа релација можат да примат само 12 до 15 патници. Сепак, оваа опција се гледа како поприфатлива имајќи во предвид дека со хеликоптер се лета за 10 минути, а со фери ќе се плови повеќе од 30 минути, плус Пеп се грижи некој од екипата да не закачи морска болест и да си постигне, на пример, 3 автогола на мечот.

Имаме и предлог варијанта бр. 4: Со падобран. Само, проблем е Лео да не нагази лошо на десната нога, па пак да се мота по болници уште цели 10 дена...

Нема коментари:

Објави коментар