среда, 22 септември 2010

Сеута, првиот противник во Копа дел Реј

Во 16-финалето на шпанскиот куп Барселона ќе се сретне со АД Сеута, клуб кој игра во втората шпанска Б лига[трет ранг на натпреварување]. Првиот натпревар се игра на гостински терен на 27. октомври, додека реваншот на Камп Ноу е на 10. ноември, беше објавено на официјалниот веб сајт на клубот.

Ова нема да биде прва средба на двата клуба. Пред 10 години Барса налета на Сеута во третата рунда, кога се играше по еден натпревар, обично на гостински терен на послабата екипа. Со головите на Патрик Клајверт и Алфонсо Перез Каталонците триумфираа 0-3.


Речиси 60 години порано, во сезоната 1942-43, Барса ја победи Сеута во четврт-финалето победувајќи 5-2 на Лес Кортс и 2-4 на гостински терен.

Покрај овој дуел, за влез во најдобрите 16 ќе се борат и:

Реал Мурсиа - Реал Мадрид
Реал Унион - Севиља
Логроњес - Валенсија
Поли Ехидо - Виљареал
Лас Палмас - Атлетико Мадрид
Португалете - Хетафе
Реал Бетис - Реал Зарагоса
Херез - Леванте
Кордоба - Расинг
Алкоркон - Атлетик Билбао
Ваљадолид - Еспањол
Реал Сосиедад - Алмериа
Осасуна - Депортиво
Херкулес - Малага
Мајорка - Спортинг Хихон

Нема коментари:

Објави коментар