понеделник, 27 септември 2010

Лео доби „руска виза“

Добри, одлични вести за Лео Меси и Барселона: Аргентинецот утрово тренираше со првиот тим и по се изгледа во среда ќе биде во комбинација за настап против Рубин Казан во натпреварот од второто коло во Лигата на Шампиони.

После стравичниот изглед на неговиот десен скочен зглоб предизвикан од стартот на Улафлуши, сите стравуваа за најлошото: долга пауза за Меси. Меѓутоа, докторите после прегледот на 20. септември му предвидоа пауза од 10-15 дена. Лео во манир на вистински супермен влезе во тренажен процес после само 8 дена и е подготвен да му се стави на располагање на Пеп за мечот во среда.


Интересно, Меси се' уште нема официјално одобрение од докторите за да патува за Русија, но се очекува дека ќе го добие во наредните часови.

Со враќањето на Абидал, за Казан не замина само Адријано, кој се повреди на мечот во Билбао. Во тимот повторно е повикан и Тиаго Алкантара.

Истовремено, техничкиот директор Зубизарета најави дека Пеп нема да форсира со играње на Меси бидејќи сите сакаат да заздрави „потполно и што побргу“.

Авинот замина од Ел Прат денес во 13:00, а се очекува да пристигне во Казан во 18:30, мамутски 5 и пол часовен лет, стои на официјалниот сајт на клубот.

Нема коментари:

Објави коментар