понеделник, 27 септември 2010

Барса Б 1-0 Нумансија: Како првите, така и вторите

Барселона Б додаде нови 3 поени на својот биланс во Лига Аделанте. Во петтиот меч на Барса Б четвртата жртва беше Нумансија која на Мини Естади падна со 1-0, гол во продукција на Нолито.

Скорот на вториот тим е идентичен како и на поквалитетните колеги кои се натпреваруваат во Примера: 5 одиграни, 4 победи и 1 пораз.


За Барса настапија Мињо, Монтоја, Бартра, Муниеса, Минеро, Фонтас, Серџи Роберто, Дос Сантос (Виктор Васкез), Еду Ориол (Карлос Кармона), Нолито, Џонатан Сориано (Саул Берхон).

Ова беше враќање во Барселона за Хуан Карлос Унзуе, човекот кој од 2003. до минатото лето беше тренер на голманите на Барса.

Тимот на Луис Енрике од трибините го „снимаа“ Пеп Гвардиола и Тито Виланова.

4 коментари:

  1. Плус у Хаџи и Стоичков беа на трибините

    ОдговориИзбриши
  2. Прво едно големо Браво за Блогот и второ Браво за младинциве :D
    Искрено силно очекував Македонски Блог со вака богати секојдневни ажурирања на најдобриот клуб на планетава за кого навивам со сето срце и душа.
    Visca Barca !!!

    ОдговориИзбриши
  3. Благодариме. You make it all worth :) И само ќе биде подобро и подобро, кога правиме вака добра екипа... Visca el Barca!

    ОдговориИзбриши