вторник, 28 септември 2010

Виланова не би брзал со Меси

Тито Виланова го познава лео Меси многу добро, и знае дека напаѓачот би играл доколку би можел. Но асистентот на Гвардиола предупредува дека треба да се биде внимателен, бидејќи ако работите се избрзаат, постои ризик од поопасна повреда.

Меси е дел од 19-мината кои допатуваа во Казан вчера [понеделник] иако во Русија пристигна без зелено светло од докторите. Виланова ја искоментира ситуацијата од градот во Татарстан, велејќи: „Лео секогаш сака да игра и неговото заздравување е поочигледно секој ден“.


100% подготвеност

Пред заминувањето за Казан, Меси тренираше со првиот тим за прв пат по повредата.

„Внимаваме да забележиме како се чувствува... за него е многу важно да закрепне добро, со повреди како овие некогаш ако не се опоравиш добро може да имаш долгорочни проблеми“.

Па, според Виланова, подготвеноста на Меси е многу поважно прашање од резултатот во среда против Рубин Казан.

„Резултатот е важен, но не толку многу. Сепак, станува збор само за вториот натпревар во групата“.

Ги знаеме добро

Кога сме кај Рубин Казан, Виланова изјави дека подготвувајќи го натпреварот „ги погледнавме мечевите кои ги изиграа против нас... го имаат истиот менаџер од минатата година“. Рубин ја шокираше Барса минатата сезона победувајќи на Камп Ноу играјќи на начин кој не му одговараше на тимот, вели Виланова. Но според него, во среда, предноста е на страната на Барселона, барем кога е во прашање познавањето на противникот.

ИЗВОР: FCBARCELONA.CAT
АВТОРИ: МАРК ГУЛИЕН | АНА СЕГУРА

Нема коментари:

Објави коментар