недела, 26 септември 2010

Супер Купот за супер Барса

Регал Барса уште еднаш покажа зошто е најдобрата екипа во Европа, освојувајќи го Шпанскиот Супер Куп. Хуан Карлос Наваро е избран за МВП на натпреварувањето.

Ова е само трет ваков трофеј за Регал ФК Барселона што само покажува дека тимот е во еден од најуспешните и најзначајните периоди во својата историја. Финалето се одигра во Виториа против Пауар Електроникс Валенсија, екипа која пружа достоен отпор, сепак недоволен за позначаен резултат против Каталонците кои ја покорија Европа.


Конечниот резултат од финалето е 83-63.

Во полуфиналето Барса демонстрираше немилосрдност кон вечниот ривал Реал Мадрид бришејќи го подот со играчите на Месина за конечен резултат од 89-55. Еве ги најинтересните моменти од победата во вечното дерби:

Нема коментари:

Објави коментар