вторник, 21 септември 2010

Барселона без Меси: Двете солуции на Гвардиола

Барселона ќе игра без Меси два натпревари [Спортинг Хихон и Атлетик Билбао], но Пеп Гвардиола ќе има тешка задача да ја закрпи „дупката“ која ја отвори ступидноста на Улафлуши, без тимот да изгуби на креација и ефективност. Кој ќе го завземе местото на Лео?

Гвардиола има опции, но изборот не е лесен бидејќи во ваква ситуација Барса не била одамна: Меси играше на последните 36 натпревари, стартуваше на 33 од нив и постигна 37 голови. Да, да се замени најдобриот во светот е голем проблем.

Па, со какви опции располага Пеп?


Секоја солуција во себе содржи барем едно од овие две имиња: Бојан и Виља. Крилните позиции може да се покријат со Педро и Виља, нешто што се покажа како солидна опција во минатите два натпревари во кои Лео играше како „лажна деветка“. Во овој случај деветката на тимот ќе ја завземе природната позиција [откако едвај дочека да се дограби до бројот на грбот по заминувањето на Ибра] со надеж дека ќе започне да „стрела“ како што доликува на некој со токму таа бројка на грбот. Минатата година Бојан постигна 8 гола во Примера, полош скор од дебитантската сезона 2007/08 кога беше прецизен 10 пати. Ако оваа година не се подобри, реално е за очекување наредната да биде вклучен како колатерална штета во некој трансфер.

Втората опција е Виља да се пресели од левата крилна на централната напаѓачка позиција, на која е и повеќе навикнат. Во тој случај лево би можел да игра Бојан [каде што движеше и во Супер Куп мечот против Севиља, 4-0], или таму ќе видиме уште еден играч кој особено минатата година често ја предводеше напаѓачката оска на Барса по левата страна - Андрес Иниеста. Во вториот случај, партнер на Чави и Бускетс во средината ќе им биде Сејду Кеита.

Има и трета опција која е можеби најмалку веројатна, но Пеп веќе ја има тестирано на првиот меч од Супер Купот во Севиља: Максвел како лево крило.

Дефинитивната одлука на Гвардиола за тоа како ќе изгледа Барса без Меси, ќе ја дознаеме утре на Камп Ноу, во натпреварот против Спортинг Хихон.

Нема коментари:

Објави коментар