вторник, 28 септември 2010

„Деветката“ на Пеп

Пеп Гвардиола има причина за задоволство. Во досегашнтие 8 официјални натпревари тимот постигна 21 гол, и тоа голови распоредени зад имињата на дури деветмина играчи. Меси со 7 гола е водечки стрелец.

На официјалниот сајт на клубот стои задоволството од податокот дека Барса може да смета на играчите од сите свои линии како на потенцијални голеадори. И оние од средината, и оние од одбраната досега се запишуваа во листата на стрелци.


Меси, Виља и Педро - 50%

Најефективното напаѓачко трио го сочинуваат добитникот на Златната копачка, најдобриот стрелец на СП во Јужна Африка и човекот кој е единствениот во историјата што во една година постигнал барем по еден гол на секое од шесте клубски натпреварувања на кои настапил. Сепак, овие бројки на атакот ќе вредеа многу помалку доколку не пристигнеше поддршката од позади. Конкретно, на Билбао сите три гола ги постигнаа играчи од средината на теренот. Еден гол, кога сме кај средината, има постигнато и Андрес Иниеста, на мечот против Расинг Сантандер.

Алвеш и Пике во голеадорска форма

Бразилецот беше пресреќен што успеа да постигне гол против Панатинаикос во ЛШ. Жерар Пике го паметите по смирувањето на топката во манир на расен напаѓач и немилосрдната  егзекуцијата кон голот на ДеГеа на Висенте Калдерон.

Од летото 2008. Гвардиола тренирал вкупно 30. играчи на Барселона, а барем 19 од нив постигнале по еден гол. Меси е на првото место со 92, го следи Ето со 36 гола а Анри има 30.

Редот за сефте гол сега паѓа на Абидал, Адријано и Маскерано, луѓе кои никогаш не ги затресиле мрежите на противниците во дресот на Барса.

Нема коментари:

Објави коментар